Претходно
  • Combo Van

    Opel Combo Cargo Сликата може да прикажува додатна опрема.
    Од
    13.213  €

    Со носивост до еден тон, товарен капацитет од 4.6 кубни метри, двојна должина, двојна височина, Opel Combo претставува водечко возило од своите редови како бизнис партнер.

  • VIVARO VAN

    Opel Vivaro Сликата може да прикажува додатна опрема.
    Од
    22.538 €

    Качете се во Vivaro Life или Vivaro Tour и откријте ја флексибилноста пространост, приспособливоста кон потребите на вашиот животен стил и исклучителните опции за комфор.

  • Movano Van

    Opel Movano Сликата може да прикажува додатна опрема.
    Од
    27.112 €

    Opel Movano е вистинска ѕвезда во светот на комби возилата. Импресивниот избор на варијанти, товарни можности и височина го става на водечкото место.

Следно

    КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА.

    Понуда на комерцијални возила на Opel.

    Логистика, транспорт, дистрибуција? Независно кој термин ќе го одберете, сепак бизнисот се сведува на доставување производи. За профит, пак, се потребни максимална ефикасност, сигурност и економичност. Затоа го обезбедивме комерцијалното возило на Opel, што совршено ќе се вклопи во вашиот бизнис. Подеднакво важно, во Opel располагаме со стручност и со избор на додатоци, со кои вашето комби возило да ве опслужи со сѐ што ви е потребно.

    Малите возила се убави за возење во град, па затоа го нудиме Corsavan или поголемиот Astravan за вашиот мал багаж, пакувања, кутии или сервисер со неговата опрема и помошници да се пренесат до потребното место: и тоа брзо. Следно по големина е Opel Combo што може да пренесува и тежина од еден тон, или пак да овозможи разграничување на обемниот товарен простор помеѓу луѓето, пренесуваната стока и алатите на начин што нема да ја наруши удобноста на возењето.

     

    Понудата на возила од редот на Opel Vivaro и Movano навистина овозможуваат значителен физички простор за работа. Елегантни, практични и приспособливи, како комби возила Opel vans, тие истовремено ви служат и како одлични визит карти. Сепак, елеганцијата значи многу за имиџот. Понатаму, ако вашата заработувачка зависи од пренесување лица, во луксузни превозни средства, со целосна опрема за работа, или во мали автобуси, со внатрешност и удобност налик на авион, во понудата на Vivaro и Movano ви го нудиме совршениот производ.

     

    Разноличието што го нудиме се движи од комби возила, возачки кабини, шасии, фабрички адаптации и специјализирани возила од реномирани добавувачи. Важно е да се истакне дека ское комерцијално возило на Opel нуди доволно комфор, одлична опременост со најнова опрема и помагала за навигација и конектирање, но и удобност која прилега на еден вистински автомобил. Всушност, силно веруваме дека покрај безбедноста, клучен приоритет претставува удобноста за возачот и патниците, што пак придонесува за ефикасно управување со возилото. По сè што дознавте за нашите понуди зарем од нас би очекувале нешто помалаку од ова?

    Combo Van

    Сликата може да прикажува додатна опрема.
    Од
    13.213  €

    VIVARO VAN

    Сликата може да прикажува додатна опрема.
    Од
    22.538 €

    Movano Van

    Сликата може да прикажува додатна опрема.
    Од
    27.112 €