Најзначајни одлики:
- Електричен управувач, осетлив на брзината
- Клима со филтри за частички и мириси, рачно управување
- Систем за следење на притисокот во гумите
- Воздушни перничиња за возач, совозач, предни и странични
Astra Sports Tourer е направена по мерка за да ви олесни. Нејзината голема, премиум внатрешност ефикасно креира нова категорија во компактната класа.
Дарежливиот капацитет на багажниот простор од 1.630 литри и интелигентата, електрична врата со автоматско отворање¹ ја прават Sports Tourer вистински предводник во класата.
Уникатните и препознатливи задни светла LED1 на Opel, во форма на „крила“, и дневните светла add style and give you visibility.
1 Опционално
Контурите на вашиот автомобил го застануваат погледот, а вашите гуми раскажуваат. Изберете помеѓу алуминиумски тркала од 16”, 17˝ или 18˝ за моќен став на Astra Sports Tourer.
Вдишете свеж воздух со едноставен допир на копче. Големиот електричен стаклен сончев покрив¹ со вграден штитник од ветер ве чува од провев, додека истовремено ја држи топлината надвор.
1 Опционално
Спортските пакети на линијата OPC
за внатрешноста и надворешноста
ѝ даваат на Astra динамичен,
премиум изглед кој ги комбинира висококвалитетните материјали
со извонреден дизајн на
внатрешноста и
надворешноста.
Додајте повеќе карактер со избирање црни детали на вашата Astra. Новиот пакет со црн покрив воодушевува со својот стилизиран црн покрив и нејзините истакнати детали во дизајнот.
Со интелигентата, електрична врата со автоматско отворање¹, товарењто и истоварувањето со Sports Tourer ќе ви претставуваат задоволство.
Предните светла IntelliLux LED® Matrix1, први
во класата, ви даваат видливост со долги
светла без да ги вознемирувате другите
возачи.
¹Опционално
Opel Eye1 содржи:
Системот за отворање и стартување¹ го препознава клучот и автоматски го отклучува возилото кога ќе му се приближите. Ви овозможува и стартување и сопирање без
клуч со едноставно притискање на копче.
¹Опционално
Паркирање за професионалци: Совршеното паркирање до милиметар
е побрзо со напредната помош при паркирање и задната камера1.
1 Опционално
Автоматскиот темпомат со целосен опсег на брзината овозможува возачко искуство без стрес.
Подобрете ја вашата добросостојба со мултиприлагодливите ергономски предни седишта AGR¹ и велнес седиште за возач AGR¹ со кожа2 и опција за масажа и вентилација.
¹Oпционално
2 Содржи вметнати делови од PVC
Со загреаните предни, па дури и задни
седишта, плус загреаниот управувач1 брзо
ќе се загреете во ладните утра.
¹Опционално
Иновативната карактеристика AirWellness на
Opel ја освежува внатрешноста со една или две
нежни ароми – енергичното темно дрво или
балансирачкиот зелен чај.
Системот автоматски се отпушта кога се враќате наназад. Исто така ослободува простор за погодната висока средишна конзола и наслонот за раце.
Големиот багажник (540-1630 l) и задните седишта со греење овозможуваат удобност при долгите патувања додека поделбата на задните седишта, со помош на
One Touch Fold со брзо отпуштање, ви нуди повеќе
опции во вашето секојдневие.
Спортски, глатки и реактивни. Изберете од дизел моторите до 118 kW (160 КС) или бензински мотори до 147 kW (200 КС) и најново достапниот CNG со 82 kW (110 КС) што е суперекономичен.
Преносот на Astra Sports Tourer ќе ве возбуди. Изберете помеѓу 5 или 6 – брзинскиот мануелен или автоматски менувач или 5 – брзинскиот Easytronic 3.0®.
Спортскиот прекинувач ја изострува
реакцијата на педалата за гас и управувањето.
ECOTEC® технологиите ја намалуваат потрошувачката на гориво и издувувањето. ECOTEC® помошта при возење ви овозможува да возите со оптимална ефикасност.
Суспензијата со Ватово поврзување на Astra
Sport Tourer овозможува безбедно ракување без
напор. Сѐ на сѐ - супериорно возење.
Лоцирајте ги точните насоки со вградениот инфозабавен систем за навигација Navi 900 IntelliLink®1 што содржи револуционарни карактеристики за конективност.
1 Oпционално
Поврзете се лесно со мултимедијалниот систем сѐ-во едно R 4.0 IntelliLink што е компатибилен со Android Auto™,5 од Google или Apple CarPlay™,5.
1Oпционално
R300 BT е далеку повеќе од радио. Bluetooth® за хендзфри телефон и аудио-стриминг и приклучокот
USB ве поврзуваат со дигиталниот свет.
Вашите патници назад имаат 2 приклучока USB, така што нема да се препираат за еден!
Со оригиналната додатна опрема на Opel, изразете се и извлечете го максимумот од вашето возило.
Дизајнирани и тестирани за вашиот Opel.
Сликите може да се разликуваат од производот што се продава.
Најзначајни одлики:
Најзначајни одлики:
Почастете се со ексклузивниот стилизиран дизајн на Excite.
Најзначајни одлики:
Најзначајни одлики:
Најзначајни одлики:
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Opel ќе вложи разумни напори за точноста и обновеноста на информациите на оваа страница, но не презема одговорност за какви било барања или загуби кои произлегуваат од содржината на оваа страница. Некои од информациите на оваа страница може да не се точни поради промени на производите кои што настанале од времето на објавување на информациите. Некои делови од опремата кои се опишани тука се достапни само во одредени земји или по повисока цена. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во секое време. За спецификациите на производите во вашата земја, ве молиме консултирајте се со вашиот дилер на Opel.
Технологијата на колачиња ни помага да ви овозможиме најдобро можно искуство кога ќе ја посетите оваа веб страница. Ве молиме кажете ни дали се согласувате да прифатите колачиња. Дознајте повеќе
Овој модуларен велнес систем е флексибилен и ви овозможува да прикачите и универзален држач за паметен телефон1 на централната конзола.
¹Опционално
Ергономски предни седишта AGR за возач/совозач со сертификат од германското здружение AGR (Кампања за поздрави грбови), центар за совршенство во ергономијата. Предните седишта AGR, со широк избор на можности за прилагодување, вклучувајќи и лумбална поддршка и продолжеток на перничето на седиштето, ви дозволуваат совршено да ја подесите вашата омилена седечка позиција. Внесете луксуз во вашиот ден со седиштето Wellness AGR со вградени функции за масажа, вентилација и меморија на вашите лични подесувања.
Предните светла IntelliLux LED® Matrix автоматски се прилагодуваат, така што можете да возите со долги светла без можноста да ги вознемирувате другите возачи.
Opel употребува интелигентна технологија онаму каде што треба:
– Вашите предни светла се состојат од 16 одделни LED-елементи
– Тие регираат на други возила со исклучување на единечни LED-светилки
– Вашите долги светла никогаш немаат одблесок
– Аголните светла дополнително ја подобруваат безбедноста
– Вие имате оптимално осветлување во секоја ситуација
– Возењето ноќе е побезбедно и многу порелаксирано
– Исклучителната сигурност овозможува максимална долготрајност
Сѐ што треба да направите е да замавнете со вашето стапало под задниот браник за да го отворите ја отворите или затворите вратата на багажникот. Дополнително, можете и со притискање на едно од копчињата на вратата на багажникот, вратата на возачот или вашиот клуч.
1 Стандардна опрема со Innovation. Опционална со Dynamic. Не е достапно со Selection и Enjoy.
Преку автоматско забрзување или успорување помеѓу брзини од 30 km/час до 180 km/час, aвтоматскиот темпомат помага во одржување безбедно растојание до автомобилот пред вас во секое време.
Aвтоматски темпомат со целосен опсег на брзината.2. Дизајниран за сообраќајни метежи, FSRA овозможува темпоматот да работи дури и кога целосно ќе го запрете возилото.
2 Достапно само со одредени мотори и преноси.
Помош при препознавање сообраќајни знаци: овој напреден систем за детектирање на сообраќајни знаци ги прикажува ограничувањата на брзината и другите сообраќајни знаци, а дури и препознава привремени електронски знаци.
Индикатор за растојание напред: го мери растојанието до автомобилот пред вас и го предупредува возачот доколку растојанието стане критично.
Предупредување за судир напред: автоматското итно сопирање ве предупредува доколку има опасност да настане судир напред, И, до брзина од 60 km на час, се иницира автоматско итно сопирање.
Индикатор за возење во активната лента: предупредува и овозможува нежно враќање во лентата кога возачот ненамерно ќе започне да застранува од лентата.
1 Опционално
Поделбата на задните седишта на 40/20/40 е опциопнална. Ако сакате да ви биде едноставно, поделбата на седишта One Touch 60/40 е стандард. И двете опции се со копчето за брзо отпуштање One Touch Fold.
Со новиот пакет со црн покрив1 ќе се издвоите од толпата. Двобојниот дизајн го запира погледот и ѝ го дава на вашата Astra оној многу посебен изглед.
Пакетот со црн покрив вклучува:
1Не е достапно за индиго сино, магнетно сребрено и смарагдно зелено.
Navi 900 IntelliLink® ги содржи следниве карактеристики:
Navi 900 IntelliLink® ги вклучува следните карактеристики како дополнение на Navi 4.0 IntelliLink:
1Oпционално
2Компатибилноста и функциите може да зависат од вашиот уред и верзијата на ОС.
3Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
4Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
5SHOP е достапна само доколку возилото е опремено со OnStar.
R 4.0 IntelliLink® ги содржи следниве карактеристики:
• 7-ичен екран на допир
• Компатибилен со Apple CarPlay™1,4,5 и Android Auto™2,4,5
• Bluetooth® за хендзфри телефонирање, аудио стрминг и пристап до телефонскиот именик3
• Радио функција AM/FM
• Гледање на фотографии и видео преку USB3
1Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
2Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
3Само со компатибилни уреди
Спортскиот пакет на OPC линијата за внатрешноста е достапен како посебен опционален додаток.
Спортскиот пакет на OPC линијата за внатрешност1 вклучува:
1Не е достапно со CNG, сончев покрив или основен бензински мотор. Достапно само кога има навигациски систем и предна камера.
Греењето на задните седишта и другите иновативни велнес карактеристики ќе ви донесат луксуз во секојдневниот живот.1
1Опционално со Innovation и Dynamic. Не е достапно со Selection и Enjoy.
Потрошувачка на гориво во l/km: во град 8.8-3.8, на отворено 5.4-3.1, комбинирано 6.5-3.3; издувување CO2 во g/km: комбинирано 146-88.
Според регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).
5 или 6-брзинскиот мануелен пренос работи глатко и нуди одлична прецизност. Изберете го нашиот 6-брзински автоматски пренос за удобно, високоефикасно возење, особено во комбинација со системот старт/стоп.