Претходно
  • Opel, Cascada, Exterior, Side

    КЛАСИЧНА ЕЛЕГАНЦИЈА ПО ДВА.

    Отворена или затворена, Opel Cascada сјае. Чистите линии ја отсликуваат целосната посветеност на елеганција и стил. Од напред, непогрешливо е Opel, префинета во секој детаљ.

  • Opel,Cascada,Interior

    ЧУВСТВОТО НА СОВРШЕНСТВО.

    Cascada е направена од висококвалитетни материјали, како премиум-кожата Морокана и површините што се прелеваат.

Следно
Претходно
  • НАДВОРЕШНОСТ

  • ВНАТРЕШНОСТ

Следно
Претходно
  • Opel, Cascada, Convertible, Soft Top

    СОНЦЕ ЗА МОМЕНТ.

    Отворањето на покривот трае 17 секунди и тоа може да се прави при возење до 50 km/час. Направена од врвен квалитетен материјал, содржи загреано стакло во задниот дел и се складира кога ќе се спушти.

  • Opel, Cascada, Safety Cage

    ДЛАБИНСКА СИЛА.

    Opel Cascada ве обвива со цврста безбедносна структура, зајакната со дополнителни напречни делови на каросеријата плус други мерки за апсорбирање на удар и распределба на товар.

  • Opel, Cascada, Passive Safety

    ПРЕФИНЕТИ МЕРКИ.

    Предните воздушни перничиња во целосна големина, комбинирани со страничните перничиња во прекумерна големина делуваат во целосна усогласеност со сите други безбедносни мерки за да обезбедат максимална безбедносна ефикасност.

Следно
Претходно
  • МЕК ПОКРИВ

  • БЕЗБЕДНОСЕН КАФЕЗ

  • ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ

Следно
Претходно
  • Opel, Cascada, Supreme, Appearance

    БИДЕТЕ СУПЕРИОРНИ НАМЕСТО ОБИЧНИ.

    Со нејзината ексклузивна црвена боја „Pull Me Over Red“, the Cascada Supreme јасно се издвојува од толпата, и одозгора на тоа, црниот акустичен покрив додава уште повеќе драма за комплетен изглед.

  • Opel, Cascada, Supreme, Styling

    СУПЕРИОРНА ЕЛЕГАНЦИЈА.

    Деталите се тие што го запираат погледот. Во случајот на Cascada Supreme, тоа е нејзиниот воодушевувачки надворешен црн сјај што совршено се вклопува со црната внатрешност.

  • Opel, Cascada, Supreme, Alloys

    СУПЕРИОРНА ГОЛЕМИНА И ИЗГЛЕД.

    За супериорен автомобил потребни се супериорни тркала. Па затоа избравме црни 20-инчни тркала од лесна легура со висок сјај за вашата Cascada. Нема на што!

  • Opel, Cascada, Supreme, Seats

    СУПЕРИОРНО СЕДЕЊЕ.

    Угодете си себе си со супериорни седишта! Во Cascada Supreme, вие и вашите патници можете целосно да уживате во ергономските седишта AGR со црна кожа.

  • Opel, Cascada, Supreme, Details

    СУПЕРИОРНА ПО ШЕВОВИТЕ.

    Ексклузивните црвени шевови се пример на нивото на детали што е постигнато за Cascada Supreme да претставува вистинско инспиративно искуство.

Следно
Претходно
  • ИЗГЛЕД

  • СТИЛИЗИРАЊЕ

  • ТРКАЛА ОД ЛЕСНА ЛЕГУРА

  • СЕДИШТА

  • ДЕТАЛИ

Следно
Претходно
  • Opel, Cascada, Adaptive Forward Lighting Plus

    ИНТЕЛИГЕНТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

    Јасниот видик е најважен за вашата безбедност на патот. Прилагодливото предно осветлување плус (AFL+)1 се смета за еден од најнапредните системи за осветлување.


    1Достапно само со пакетот Sight & Light.

  • Opel, Cascada, Opel Eye

    ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ БАЗИРАНА НА КАМЕРА.

    Камерата Opel Eye1 на Opel Cascada е направена за вашето возење да ви биде што порелаксирано.


    1Дел од пакетот за помош на возачот.

  • Opel, Cascada, Rear View Camera

    БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

    При потешки ситуации на паркирање, задната камера1 и напредната помош при паркирање2 се тука за поддршка.


    1Не е достапно со CD 300.
    2Достапно само со пакетот за заштита на периметарот.

Следно
Претходно
  • ПРИЛАГОДЛИВО ПРЕДНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ПЛУС

  • OPEL EYE

  • ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Следно
Претходно
  • Opel, Cascada, Chassis, Suspention

    ИЗВОНРЕДНА ДИНАМИКА.

    Cascada ги содржи предната суспензија HiPerStrut и задната суспензија WattsLink на Opel. Високо-торзионата шасија и цврстината на каросеријата го максимизираат потенцијалот на напредната суспензија.

  • Opel, Cascada, Engines

    ГЛАТКА МОЌ, БЕСКРАЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ.

    Со извонредниот изглед на Opel Cascada се совпаѓаат глатките, задоволувачки перформанси. Еден дизел и четири бензиски мотори ја обезбедуваат моќта.

Следно
Претходно
  • ШАСИЈА И СУСПЕНЗИЈА

  • МОТОРИ

Следно
Претходно
  • Opel, Cascada, Premium Ergonomic Seats

    ВЕНТИЛАЦИЈА И ЕЛЕКТРИКА НА ЕРГОНОМСКИ СЕДИШТА

    Сертифицираните мулти-прилагодливи ергономски седишта што нудат прилагодена комбинација на спорт и поддршка совршено одговараат на природата на Opel Cascada.

  • Opel, Cascada, Electric Assistance

    ПОСТАВУВАЧ НА ПОЈАС.

    Широките врати го олеснуваат влегувањето и излегувањето од автомобилот за сите патници. За предните седишта, Cascada нуди електричен поставувач на безбедносниот појас1 за удобно прицврстување.


    1Стандарна опрема со Innovation.

  • Opel, Cascada, Rear Seat Access

    ЛЕСЕН ПРИСТАП.

    Нема скриени прекинувачи - Едноставно повлечете ги наслоните на седиштата нанапред и седиштата автоматски ќе се лизнат1 нанапред за да им дозволат на патниците да влезат или да излезат.


    1Oпционално

  • Opel, Cascada, Climatization

    СЀ Е ПОВРЗАНО СО ТЕМПЕРАТУРАТА.

    Висококвалитетните карактеристики ги подобруваат импресивните квалификации на Cascada за сите временски услови: кожа што ја одбива топлината1, електронска контрола на климата1 и греење на управувачот1.


    1Oпционално.

  • Opel, Cascada, Storage Space

    СОВРШЕН ПРВ АВТОМОБИЛ.

    Складирањето знае да биде предизвик за кабриолетите, но не и за Opel Cascada. Тринаесет практично лоцирани можности за складирање овозможуваат ред во автомобилот.

Следно
Претходно
  • ПРЕМИУМ ЕРГОНОМСКИ СЕДИШТА

  • ЕЛЕКТРИЧНА ПОМОШ

  • ПРИСТАП ДО ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

  • КЛИМАТИЗАЦИЈА

  • ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Следно
Претходно
  • Opel, Cascada, Navigation, Navi 950 IntelliLink, Navi 650

    ИЗБОР НА СИСТЕМИ.

    Секогаш наоѓајте го најкраткиот пат до вашата дестинација со еден од навигациските системи на Cascada.

  • Opel, Cascada, Infotainment, CD 600 IntelliLink,

    НАЈДОБРИ КОНЕКЦИИ.

    CD 600 IntelliLink1 со радио функција го интегрира вашиот паметен телефон во автомобилот и го прикажува на 7-инчниот екран во боја.

     

    1 Стандардно за Innovation.

  • Opel, Cascada, Radio CD 600

    ЗВУЧИ ДОБРО.

    CD 300 содржи претходно избрани 3 x 6 радио станици, 4 x 20 W, 6 персонализирани звучници, MP3, aux-in и контроли на управувачот.

Следно
Претходно
  • НАВИГАЦИЈА

  • ИНФОЗАБАВА

  • РАДИА

Следно

ДОДАТНА ОПРЕМА - НАПРАВЕНА ПО МЕРКА ЗА ВАС

Со оригиналната дополнителна опрема на Opel, изразете се себе си и искористете го потенцијалот на вашето возило.
Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.

Close

• Помош за сообраќајни знаци1: Прикажува ограничување на брзината и други сообраќајни знаци.
• Предупредување при напуштање лента1: Алармира кога ќе забегаме од лентата.
• Индикатор за растојание нанапред1: Го мери растојанието до автомобилот пред вас и предупредува доколку тоа растојание стане критично.
• Предупредување за судир нанапред1: Активира аларм и црвено предупредувачко светло во полето на видикот кога некоја пречка премногу ќе се приближи од напред.
• Предупредување за слепа странична точка: Проверува дали има возило во внатрешната страна на надворешната лента.


1Дел од пакетот за помош на возачот. Достапно само во комбинација со пакетот Sight & Light.

Close

AFL+1 ви овозможува оптимален видик во секое време. Системот постојано ги повлекува сите податоци за брзината и управувањето преку електрониката и сензорите на возилото. Други сензори вршат проценка на светлинските и временските услови и го надгледуваат сообраќајот пред вас и од спротивната насока.

 

Една од многуте напредни функции на AFL+ е помош за долги светла2, со која халогенските светла автоматски се менуваат од долги на кратки и обратно.


1Достапно само со премиум пакетот за осветлување.
2Достапно само со пакетот Sight & Light.

Close

Прекрасните црни детали за комплетен изглед се:
• црни капаци на ретровизорите
• црна решетка
• црни додадени делови во светлата за магла
• црни тркала

Close

Новата Cascada Supreme е достапна во следниве бои:
• "Pull Me Over Red"
• "Summit White"
• "Mineral Black"

Close

Ексклузивни црвени шевови испреплетени во внатрешноста на Cascada Supreme, вклучително и на:


• вметнатите делови на вратите
• контролната табла
• седиштата

Close

Предните ергономски седишта AGR за возачот/совозачот се ексклузивно препорачани од страна на германската кампања за здрави грбови, центар за совршенство во ергономијата. Седиштата содржат:


• широк опсег на можности за прилагодување
• поддршка на 'рбетот
• продолжеток-перниче

Close

Задната камера1 ви овозможува јасен видик од 130 степени околу задниот дел на автомобилот. Ставањето на менувачот во рикверц ја активира камерата и сликата се прикажува на информативниот екран во боја.

 

Напредната помош за паркирање2 ви ја олеснува маката при паркирањето. Едноставно ги пресметува сите маневри што треба да ги направите и ги прикажува графички на централниот екран.


1Не е достапно со CD 300.
2Достапно само со пакетот за заштита на периметарот.

Close

Други мерки што ве чуваат безбедни во оптимална заштитена позиција и ве заштитуваат од повреди се:


• Двојни затегнувачи на појасите
• Рамки на седиштата за монтирање
• Активни потпирачи за главата
• Систем за ослободување на педалите

Close

Ергономски сертифицираните седишта1 со електричен продолжеток за потпора на бедрата и прилагодливата лумбална област2 од кожа едноставно треба да ја искусите за да ја цените. Избирањето на 3-брзинската вентилација на седиштето3 е патот кон исклучителниот луксуз.


1Oпционално.
2Достапно само со спортскиот ергономски пакет за седиштата за возач/совозач.
3Достапно само со пакетот за електрика на седишта 2.

Close

Делот за багажот има капацитет од 280 до 380 литри со отворен или затворен покрив. За само неколку секунди ќе можете да го користите системот FlexFold за да преклопите едно или двете задни седишта и да ослободите простор до 750 литри. Прекинувачите се практично поставени на страните на задниот дел на просторот за багаж.

Close

Грациозните столбови на ветробранското стакло се зајакнати под притисок и во нив содржат челични шипки за зајакнување што се протегаат надолу дури под вратите.

 

Во задниот дел шипките се прицврстени во најцврстиот дел на задната структура. Ако некогаш ви затребаат, подготвени се да ве заштитат дури да трепнете.

Close

Ракувањето е инстинктивно едноставно. Внатрешниот прекинувач за ракување е поставен на пониската централна конзола. Далечинскиот управувач со копчиња е стандардна опрема на сите модели на Cascada.

 

Безбедносниот систем на возилото го чува целото возило и работите во него. Секој обид за обивање на возилото ќе резултира со трепкање на светлата и свирење на алармот.

Close

Задната суспензија WattsLink овозможува прецизно ракување, глатко возење и извонредно ракување.
Заедно со предната суспензија HiPerStrut, вкупната цврстина придонесува до удобноста при возењето и ниското ниво на бучава и вибрации.
Додадете ги трите индивидуални поставки на суспензијата на Opel FlexRide®1 и можете да избирате како сакате да возите, секогаш и секаде.


1Oпционално.

Close

• 1.4 Turbo ECOTEC® со 88 kW (120 КС) или 103 kW (140 КС) вклучувајќи систем старт/стоп
• 1.6 Turbo ECOTEC® со директно вбризгување и 125 kW (170 КС) или 147 kW (200 КС)
• 2.0 CDTI ECOTEC® со систем старт/стоп и 125 kW (170 КС)
• 1.6 Turbo ECOTEC® со директно вбризгување со 125 kW (170 КС) и 6-брзински автоматски пренос

 

Сите мотори се во сообразност со стандардот Euro 6.

 

Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 9,5–6,0, на отворено 6,1–4,2, комбинирано 7,3–4,9; издувување CO2 во g/km: комбинирано 172–129.

 

Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).

Close

Navi 950 IntelliLink е врвен навигациски систем за сеопфатна интеграција на паметен телефон вклучувајќи и аудио стриминг преку Bluetooth®, радио функција плус навигација со следење од птичја перспектива во 3Д.