Претходно
  • Opel, Movano, Design, Exterior

    MOVANO COMBI. НИЕДНА РАБОТА НЕ Е ПРЕГОЛЕМА.

    Запознајте се со Opel Movano. Големо комбе што е дизајнирано, конструирано и направено за вас и вашите деловни потреби. Изберете Combi со 6 или 9 седишта со врвни нивоа на безбедност и удобност.

  • Opel, Movano, Design, Interior

    КОМБИНАЦИЈА НА УДОБНОСТ ЗА ПАТНИЦИТЕ И ФЛЕКСИБИЛЕН ТОВАРЕН ПРОСТОР.

    Movano ги крена границите на внатрешниот дизајн на комбиња и нуди практична, доброопремена кабина и удобност како во автомобил за сите патници. Отстранете ги двата задни реда за да направите повеќе простор.

  • Opel, Movano, Design, Colours

    ПАМЕТНА ПОНУДА НА БОИ.

    Со максимум 100 специјални бои1 од кои можете да бирате, вашиот Movano може да биде направен по мерка за да биде одраз на вашето деловно брендирање - поефективно од која било деловна картичка или налепница.

     


    1
    Oпционално

Следно
Претходно
  • НАДВОРЕШНОСТ

  • ВНАТРЕШНОСТ

  • БОИ

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Efficiency, Engines, Transmissions

    ПЕТ ЕФИКАСНИ ОПЦИИ НА МОЌ.

    Изберете помеѓу напредните Turbo и BiTurbo дизел мотори со вредниот вртежен момент, економичната потрошувачка и ниските издувувања.

  • Opel, Movano, Efficiency, Consumption, Emissions

    ПРОФИТ ОД НИСКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ.

    Дизајниран да ви овозможи долготрајна стабилна услуга со минимално неопходно одржување, Movano овозможува ниски вкупни трошоци за сопствениците преку комбинација на карактеристики што заштедуваат пари.

  • Opel, Movano, Driving Efficiency, Consumption & Emissions

    ДИГИТАЛЕН ТАХОГРАФ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗЕН ПАРК.

    Прецизно го запишува и пресметува времето за возење и одмор, овозможувајќи податоците за управување со возниот парк да се анализираат. Лесен за ракување од страна на возачот.

Следно
Претходно
  • МОТОРИ И ПРЕНОС

  • ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ

  • УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗЕН ПАРК

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Cargo, Capacity

    УДОБНОСТ ЗА ПАТНИЦИТЕ, ПРОСТОР ЗА ТОВАРОТ.

    Простор за максимум 9 лица и вашиот багаж: За уште поголема удобност на патниците, можете да изберете удобни седишта1 за да го персонализирате вашиот Combi според вашите потреби за патници и товар.

     

    1Oпционално.

  • Opel, Movano, Cargo, Features

    ИЗОБИЛСТВО ОД ПРАКТИЧНО СКЛАДИРАЊЕ ВО КАБИНАТА.

    Movano е полн со практични места за складирање и за возачот и за патниците, вклучувајќи и дарежливи прегради на вратите каде што можат да се постават 2-литарски шишиња со вода.

Следно
Претходно
  • ОПЦИИ ЗА СЕДЕЊЕ

  • СКЛАДИРАЊЕ

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Cargo, Capacity

    АВТОМАТСКИ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ ВИДЛИВОСТА.

    Намалете го одвлекувањето на вниманието на возачот и зголемете ја безбедноста со автоматските предни светла и бришачи1. Системот моментално реагира на промена на светлосните и временските услови.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Cargo, Capacity

    ВО ВАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА ТРКАЛА.

    Ако го користите вашиот Opel Movano и како подвижна канцеларија, дефинитивно ќе ја засакате опцијата за преклопување на централното седиште, каде што има подлога на вртење за лаптоп-компјутерот на возачот.

Следно
Претходно
  • СВЕТЛА И БРИШАЧИ

  • КАНЦЕЛАРИСКО БИРО

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Connectivity, Navi 50 IntelliLink

    ИНТЕЛИГЕНТНА НАВИГАЦИЈА И ИНФОЗАБАВА.

    Navi 50 IntelliLink1 ви дава прецизна и достапна навигација заедно со радио систем со модерни решенија за конективност.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Connectivity, Navi 80 IntelliLink

    ОНЛАЈН НАВИГАЦИЈАТА ВИ ПОМАГА ДА СТЕ НА ВРЕМЕ.

    Премиум системот Navi 80 IntelliLink1 има 8-инчен екран на допир во боја, напредно гласовно управување и бесплатни услуги во живо преку TomTom за сообраќајни информации во реално време и многу повеќе.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Connectivity, Aux-In, USB

    ВКЛУЧЕТЕ, НАПОЛНЕТЕ И ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ.

    Вклучете и пуштете. Сите системи за инфозабава на Movano се опремени со поврзување преку Aux-in и USB како стандардна опрема.

  • Opel, Movano, USB Bluetooth Radio

    ЛЕСНО ПОВРЗЕТЕ СЕ ПРЕКУ ХЕНДЗФРИ.

    Мобилната комуникација преку телефон е побезбедна без употреба на рацете. Bluetooth® е стандардна опрема со секој инфозабавен систем на Movano.

Следно
Претходно
  • NAVI 50 INTELLILINK

  • NAVI 80 INTELLILINK

  • AUX-IN И USB

  • BLUETOOTH®

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Safety, Lane Departure Warning

    ОСТАНЕТЕ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ.

    Системот за предупредување при напуштање на лента1 ги детектира промените на лента и ве предупредува доколку ненамерно застраните од лентата преку визуелни и акустични сигнали.

    1Достапен е само со пакетот за напредна помош за безбедност.

  • Opel, Movano, Safety, High and Low Beam Assist

    ПОДОБРЕН ВИДИК.

    Системот за помош со долги светла1 автоматски се префрлува на кратки светла кога ќе детектира возила што се пред вас или доаѓаат од спротивна насока, или при посебни временски услови.

     

    1Достапен е само со пакетот за напредна помош за безбедност.

  • Opel, Movano, Safety, Security

    ЗАКЛУЧЕТЕ НЕПРОБОЈНО И ОСИГУРИТЕ СЕ СО АЛАРМИ.

    Movano може да биде опремен со фабрички инсталирани непробојни брави1 за дополнителна сигурност.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Safety, ESP

    ЕЛЕКТРОНСКА ПРОГРАМА ЗА СТАБИЛНОСТ (ESP®).

    ESP® масивно ја зголемува стабилноста и безбедноста. Стандардна опрема на секој Movano вклучува систем за помош при тргнување на нагорнина, програма за стабилност на приколка и режим на подобрено триење.

  • Opel, Movano, Safety, Airbag

    БЕЗБЕДНОСТА Е ПРИМАРНА НА РАБОТА И НА ПАТ.

    Безбедноста е секогаш наш приоритет. Затоа стандардната и опционалната безбедносна опрема на Movano е значителна.

  • Opel, Movano, Safety, Parking Sensors

    ПАРКИРАЊЕТО Е СЕГА ПОЛЕСНО.

    Сензорите за паркирање1 активираат звучно предупредување за да се избегне случајна штета при враќање наназад.

     

    1Oпционално

Следно
Претходно
  • БЕЗБЕДНОСТ ВО КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

  • ПОМОШ СО ДОЛГИ СВЕТЛА

  • СИГУРНОСТ

  • ESP®

  • БЕЗБЕДНОСТ И ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

  • СЕНЗОРИ ЗА ПАРКИРАЊЕ

Следно

ДОДАТНА ОПРЕМА - НАПРАВЕНА ПО ВАША МЕРКА

Со оригиналната додатна опрема на Opel, изразете се себе си и целосно искористете ги придобивките од вашето возило. Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.

Close

IntelliLink1 ги интегрира функциите и поставките на вашиот паметен телефон во вашиот Movano.

  • CD-плеер
  • Bluetooth® за аудио стриминг и хендзфри управување со телефонот
  • Aux-in и USB за универзални уреди
  • 8-инчен екран на допир во боја, поставување на максимум 60 фаворити како телефонски контакти, плејлисти, радио станици, адреси, итн.
  • Гласовно управување за телефон, аудио и навигација
  • Гласно читање на СМС пораки
  • Разгледување на слики/видеа преку USB

 

1Oпционално

Close

Клучните карактеристики вклучуваат:

 

  • 7-инчен екран на допир во боја
  • Поврзување преку Bluetooth®
  • Контроли вградени во управувачот
  • Поврзување преку USB
  • Аудио стриминг преку Bluetooth®
  • Дигитално радио1
  • Мапи за Европа
  • Бесплатна апликација ‘aha’ за радио стриминг преку Интернет и пристап до социјални медиуми
  • Предупредувања за ограничување на брзината преку навигацискиот систем

 

1Oпционално

Close

Чувањето сѐ на своето место одеднаш стана многу лесно.

 

  • Екстра-голема 11-литарска фиока за ракавици во која собира шише од 1,5 l
  • Функција на ладење за фиоката за ракавици ако е вклучена автоматска климатизација
  • Складирање над главата за возачот и совозачот
  • Дарежливи прегради на вратите
  • Два приклучоци од 12-V во кабината
Close

Combi  е совршена комбинација на можност за превоз на патници и потенцијал за носење товар. Безбедноста е очигледен приоритет, со дијагонални безбедносни појаси со точка на врзување на скутот и меки наслони за главата за секое седиште.

 

  • Двојна клупа за седење на патниците напред
  • Клупа за седење за патниците од вториот и третиот ред, по тројца во ред
  • Единечна лизгачка врата од страната
  • Целосна флексибилност: Отстранливи двете задни клупи за седење1

 

1За Movano Combi со 9 седишта

Close

Movano ви нуди многу опционални карактеристики што ќе ви помогнат да се организирате.

 

  • Седиште за возачот со потпирач за раката и поддршка за 'рбетот
  • Двојно седиште за совозачите со простор за складирање и преклопување на централното седиште
  • Подлога на вртење за лаптоп-компјутерот
  • Интегриран држач за документи што се извлекува од контролната табла
Close

Изберете го пакетот за осветлување1 за следнава помошна опрема за видливост:


• Автоматски предни светла и бришачи на ветробранското стакло
• Предни светла за магла
• Осветленост од врата до врата
• Статично аголно светло

 

1Oпционално

Close

Приклучоците за aux-in и USB дозволуваат поврзување на мобилни дигитални уреди со звучниците во возилото. Поврзаните уреди можат да се контролираат далечински. Системот CD 16 BT USB нуди два USB-приклучоци за поврзување и пренос на дигитално радио (DAB)1.

 

1Oпционално

Close

Movano е опремен со системот старт/стоп, што ги намалува издувувањата и потрошувачката на гориво на нула кога и да застанете. Зо разновидноста од три мотори со моќност од 110 КС па сѐ до 170 КС, Movano ги намалува трошоците за гориво и издувувањата. Автоматскиот пренос Easytronic® е исто така достапен.

 

Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 8,1-7,1, на отворено 6,3-5,8, комбинирано 6,9-6,3; издувување CO2 во g/km: комбинирано 179-163.
Според регулативата R (EC) No. 715/2007 (во соодветната верзија).

Close

Како стандардна опрема во Movano се вклучени ESP®, ABS, воздушно перниче на возачот и безбедносни појаси со три точки на врзување за сите патници. Одличната стабилност на силен ветер и погледот со оптимизиран видик на патот го прават бизнисот побезбеден и лесен. Другите карактеристики се:

 

  • Предно воздушно перниче за совозачот1
  • Странични воздушни перничиња1
  • Автоматски предни светла и бришачи за ветробранското стакло1
  • Статични аголни светла1

 

1Oпционално

Close

Combi е совршена комбинација на можност за превоз на патници и потенцијал за носење товар. Безбедноста е очигледен приоритет, со дијагонални безбедносни појаси со точка на врзување на скутот и меки наслони за главата за секое седиште. Со неговата клупа за патниците напред, како и за патниците од вториот и третиот ред, по тројца во ред, и единечна лизгачка врата од страната, Combi со 9 седишта овозможува удобно седење за сите шест патници со лесен пристап.

 

Двете задни клупи можат да се отстранат без употреба на алати, со што, по потреба, се ослободува дополнителен простор за товарење брзо и лесно.

Close

Со 2 должини и 2 висини на покривот, Movano Combi овозможува удобен транспорт за максимум 9 лица плус флексибилен товарен простор за нивната опрема. Откријте ги неговите:

 

  • Широк став
  • Истакнати лакови на тркалата
  • Врати што се отвораат широко
  • Одлична економичност и перформанси
  • Удобност водечка во класата
Close

Непробојните брави1 спречуваат кабинските врати да се отвораат без клуч со механичко заклучување на копчињата на вратите.

 

1Oпционално

Close

Стандардна опрема на сите модели на Movano, ESP-плус ја намалува реакцијата на педалата за гас и ја варира силата на сопирање на секое од тркалата кога ќе детектира нерамномерно возење, со што го држи возилото да се движи во правата насока.
Доколку контролите за триење осетат недостаток на триење за време на забрзувањето, тие реагираат да обезбедат максимален контакт помеѓу површината на патот и гумите. Системот исто така има дополнителни придобивки од функцијата за помош при тргнување на нагорнина и програмата за стабилност на приколка.