Opel Zafira Tourer – Преглед

Преземања

Bluetooth® компатибилност

Сакате да го користите вашиот мобилен уред безбедно и удобно во вашиот автомобил? Тука ќе најдете повеќе информации за hands-free повикuvање, стриминг на музика и многу повеќе.

Компатибилни мобилни телефони

OPEL ZAFIRA.

Луксузен семеен автомобил.

Инспирирано од високиот луксуз на елитен погон со висока брзина, Opel Zafira Tourer го редефинира ставот кон моторизирана флексибилност. Раскошна удобност до седум патника со квалитет на возење од прва класа, опкружено со стил.

 

Барате практичен автомобил којшто се издвојува со своите врвни својства? Проверете ја уникатната нова Opel Zafira Tourer.

 

  • Импресивен врвен дизајн
  • Сестран стил на живеење без напор
  • Луксуз од врвната класа
  • Напредни системи на безбедност
  • Динамика на возење
  • Чист и ефикасен

Enlarge

Софистициран простор

Уморни од вообичаените семејни автомобили? Opel Zafira е добредојдена промена. Со нејзините елегантни линии и атрактивна приспособлива внатрешност таа се издвојува. Семејното патување никогаш не било толку безгрижно.


Enlarge

Личен креативен простор

Конфигурирајте го просторот да одговара на вашиот стил на живот. Со квалитет во секој детал, паметен складишен простор и врвна флексибилност за седење, Opel Zafira Tourer ја редефинира флексибилноста на стилот на живот.


Enlarge

Чувство на успешност

Некои автомобили само прават да се чувствувате добро. Opel Zafira Tourer ве опкружува со повеќе од доволно удобност што ќе ве разгали, но додава импресивна практичност и приспособливост. Ситуација на обострана корист.


Enlarge

Технологија која се грижи за вас

Најнова пасивна безбедност која ве опкружува заедно со технологијата која размислува и гледа подалеку. Opel Zafira Tourer воведува прогресивни нови системи на асистенција до врвен практичен сегмент.


Enlarge

Динамична исклучителност

Независно дали сте сам или со целосно искористен товарен простор, шасијата на Opel Zafira Tourer е комбинација од прецизност, безбедно однесување и вградена технолошка иновација. Како и по избор шасија FlexRide со можност за избор на 3 начини на возење.

Enlarge

Моќ која ветува

Opel Zafira Tourer е елегантен доказ за тоа дека луксузот, перформансите и сатисфакцијата во возењето истовремено можат да бидат и штедливи и со свест за животната средина. Убедлив доказ се бензискиот мотор 1.6 Turbo ECOTEC® со директно вбризгување и моторите ТНГ, како и дизел моторот со технологијата  BlueInjection.


Opel Zafira Tourer лимузина – Следни чекори
Следни чекори

Повеќе информации за Opel Zafira Tourer лимузина