Светло за тротоари
Ги осветлува потенцијалните опасности со поширок опсег на светлата (дополнителни 8° налево и надесно).
Градско светло
Го пушта светлото пошироко и подолго. Се активира од страна на брзината на возилото и осветлувањето на улицата.
Осветлување за земјен пат
Поширок и посветол од вообичаено, за зрак без одблесок од 70 метри.
Светло за автопат
Го подига, засилува и продолжува зракот до 140 метри, без да ги заслепи другите возачи.
Светло за неповолни временски услови
Се активира преку бришачите или сензорите за дожд, а ја подобрува видливоста во влажни услови.
Помош со долги светла (HBA)
HBA автоматски ги наведнува вашите предни светла кога ќе детектира други светла напред и потоа ги враќа во првобитната положба кога патот ќе биде чист.
Динамично светло за свиоци
Предните светла се вртат во насоката на свиокот до 15°. Се активира преку аголот на вртење и брзината.
Статично светло на свиоци
Свети под агол од 90° налево или надесно за да можете да видите подобро што има зад аголот.
Opel секогаш поставувал стандарди за сигурност, а Opel Zafira Tourer не е исклучок. Од масата за цртање до улицата, секој детал на активна и пасивна безбедност е оптимизиран.
Како и секое друго возило Opel, Zafira Tourer се зансова на софистицирана рамковна структура која прави апсорпција и дифузија на удари како заштита од деформации на безбедносната ќелија на патникот. Така се формира совршена база на сите пасивни системи, како предните, страничните воздушни перничиња и воздушни завеси, плус системи на активна безбедност кои ја ставаат Opel Zafira Tourer во прв ред кога станува збор за вашата заштита, онаа на патниците и на предметите во автомобилот.
Долгото светло со асистенција за стандардните би-халогени светла на Opel Zafira Tourer значително ги зголемуваат удобноста и безбедноста на ноќното возење. Системот може да користи своја камера, или Opel Eye доколку се вклопува, за автоматски да се смени од придушено во долго светло како одговор на сообраќајот пред и зад возилото.
Покрај 9 функции на светлото на докажаниот систем Opel AFL, the AFL во Zafira Tourer исто така поседува и Интелигентен систем на опсег на светло (ILR). Тој ги користи карактеристиките на би-ксенонски светла за да го прошири оспегот на краток сноп од веќе извонредните 100 метри до приближно 350 метри, без да пречи на сообраќајот пред и зад возилото.
ILR исто така поседува и Евалуација на Топографијата како функција која ги гегистрира нагорнините и надолнините преку препознавање на движењето на задното светло на возилата напред и опсегот на светло го подесува соодветно за да овозможи оптимална илуминација на патот. Бидејќи колку полесно се гледа потенцијалната опасност, толку е полесно да се избегне, AFL со Опсегот за распон на светло ја зголемува и безбедноста и удобноста на возачот.
Системот Opel Eye во Opel Insignia е систем на камера со четири функции: тој ги чита и помни ограничувањата на брзината, поврзаните помошни симболи, знаците “забрането претекнување”, границите на градот и сл.. и ги покажува. Системот исто так ана возачот му дава напреднато предупредување при ненамерно поаѓање од сообраќајните ленти, со константно покажување на растојанието од возилотонапред и го предупредува возачот доколку се појави ризик од извесен судир.
Opel Insignia – Системот за асистенција за сообраќајни знаци (TSA) прави возачот да биде информиран тековно за сообраќајните ограничувања – и го информира дали тие се се уште важечки. Камерата ги препознава ограничувањата на брзина или знаците за “забрането претекнување”, и веднаш сигнализира, при што сигнализира и кога рестрикциите завршуваат.
Камерата исто така ги набљудува линиите за означување на лентите заради поаѓањето по дадена лента (LDW), што се активира веднаш штом автомобилот ќе ја премине линијата без да сигнализира. Звучното предупредување и визуелен знак во инструментот го предупредуваат возачот непосредно по воочената ситуација.
Индикаторот за растојанието напред (FDI) постојано го покажува растојанието до водечкото возило на панелот на инструменти, со цел да се избегнат удари. Предупредувањето за можен судир напред (FCA) е активно над брзината на движењето и дава визуелно и звучно предупредување кога имам веројатност од судир.
Особено корисен на патишта со повеќе ленти, Предупредување за странична слепа користи странични подигнати сензори да проверат дали постои возило кое попречува во внатрешната или надворешната лента кога сакате да излезете од својата лента. Постојано се следат слепите точки на двете страни и се пали LED светлото во внатрешниот и надворешниот ретровизор кога во неговата близина има возило. Ако се користи индикаторот кога возилото е во проблематичната зона LED светлото се пали и се слуша звучно предупредување. Активен е до брзина од 140 km/h.
Адаптирачкиот темпомат (ACC) на Opel Zafira Tourer користи радарски сензор за да се следи растојанието до возилото напред и да се одржи избраното растојание преку автоматско подесување на брзината. Предупредувањето за судир напред (FCA) се активира над пешачка брзина и дава визуелно и звучно предупредување кога се приближува многу блиску.
ACC исто така опфаќа и Брзо сопирање при судир (CIB) за ограничено автоматско сопирање за да се ублажи последицата од потенцијален судир и да се подготви системот за сопирање за побрзо и поефикасно сопирање од страна на возачот.
Додека Темпоматот е практичен при сообраќај во движење н апат и сл.., предноста на функцијата за ограничување на брзината е дека може да се користи во возење низ град и густ сообраќај, кога овозможува возилото да се движи во рамките на подесената брзина. Функцијата ограничувач на брзина овозможува возачот да одреди максимална брзина над 25 km/h.
Функцијата на ограничување може да биде многу корисна да се испочитува ограничувањето на брзината на зона од 30 km/h во урбани услови.
Возачот може да го пречекори ограничувањето. Во овој случај предупредувањето се покажува на екранот DIC. Функцијата на ограничување на брзината автоматски се реактивира по секое успорување или закочување, со што возилото се доведувапод ограничената брзина со редуцирање на торкот.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Opel ќе направи разумни напори да овозможи содржините на оваа веб страница да бидат прецизни и современи, но не презема одговорност за било какви барања или загуби кои произлегуваат од потпирање на содржините на оваа веб страница. Некои од информациите може да не се точни како резултат на промени на производот кои се појавиле по неговото лансирање. Дел од опишаната или прикажаната опрема може да биде достапна само во некои земји или пак по повисока цена. Opel го задржува правото за промена на спецификациите за производот во било кое време. За прецизните спецификации за производот во вашата земја, консултирајте се со локалниот овластен дилер за Opel.
Технологијата на колачиња ни помага да ви овозможиме најдобро можно искуство кога ќе ја посетите оваа веб страница. Ве молиме кажете ни дали се согласувате да прифатите колачиња. Дознајте повеќе