Претходно
  • БИЗНИС ДИЗАЈН.

     

    Извајаните, скуплторски линии на Opel Corsa совршено се прилагодуваат на Corsavan. Складните линии во служба на функцијата создаваат паметна способност.

    Резултатот е импресивен практичен простор за товарење од 0,92 m3 во дизајн кој го запира погледот.

  • ЛЕСНОА ТЕХНОЛОГИЈА.

     

    Интегрираните аголни светла ви помагаат во маневрирањето. Дневните LED светла со потписот на Opel ќе осигураат дека сте видени.

  • ТРКАЛА.

     

    Тркалата го изразуваат вашиот став. Изберете од понудата што расте од 14 инчи до 16инчи. Сите се комбинација на цврста практичност и впечатлив дизајн.

Следно
Претходно
  • НАДВОРЕШНОСТ

  • ЛЕСНОА ТЕХНОЛОГИЈА

  • ТРКАЛА

Следно
Претходно
  • ПРОСТОР ЗА ТОВАРЕЊЕ.

     

    Лесно за товарење преку нискиот и широк праг. Товарен простор до 0,92 m3 и до макс. 496 kg со заштита за кабината со челична преграда и горна челична решетка. Комбинацијата на простор, леснотија и удобност го прави вашиот Corsavan да ви биде најтоплиот пријател во стресните работни денови.

  • ЗАШТИТА НА ТОВАРОТ.

     

    Прицврстете го товарот со алки за врзување и хоризонтална мрежа за задржување на товарот, кои се во согласнот со стандардите DIN. Нарачаната гумена постава и целосниот дел за товар го држат вашиот товар на место и надвор од поглед.

  • ПРОШИРЕН КАПАЦИТЕТ.

     

    Некогаш може да ви притреба и поголем капацитет. Со остранливата кука за приколка Corsavan може да влече до 1250 kg.

    Изберете од целата понуда на носечки кровни системи на Opel за подолги товари, како скали, цевки, итн.

Следно
Претходно
  • ПРОСТОР ЗА ТОВАРЕЊЕ

  • ЗАШТИТА НА ТОВАРОТ

  • ПРОШИРЕН КАПАЦИТЕТ

Следно
Претходно
  • ДИЗАЈН НА КАБИНАТА.

     

    Стилска и изненадувачки просторна кабина го поставува Opel Corsavan далеку пред другите. Седиштата со длабоки контури, чистите инструменти, интиутивните и ергономските екрани и лесната контрола создаваат брилијантен работен простор, којшто исто така е супер и за слободните активности.

  • КЛИМАТИЗАЦИЈА.

     

    Бидете свежи и концентрирани. Изберете помеѓу рачна климатизациј или саморегулирачка Електронска климатизација за постојана температурна удобност. И двете се нудат со ефикасни филтери за полен.

  • ИНСТРУМЕНТИ.

     

    Уживајте во стилот, но ценете ја јасноста. Јасните и точни инструменти што лесно се читаат помагаат во намалување на заморот во текот на денот и ноќта.

  • ДЕКОР И ТКАЕНИНИ.

     

    Цврст, но не и груб. Тешко се оштетува, светол, стилски и удобен. Изберете го вашиот стил од новата висококвалитетна понуда на материјали и ткаенини за декор.

Следно
Претходно
  • ВНАТРЕШНОСТ

  • КЛИМАТИЗАЦИЈА

  • ИНСТРУМЕНТИ

  • ДЕКОР И ТКАЕНИНИ

Следно
Претходно
  • ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

     

    Врвната камера Opel Eye е еден од најбезбедните и најнапредните системи за помош при возењето направени до сега за автомобили.

     

    1. Системот за помош со сообраќајни знаци ги препознава и прикажува ограничувањата на брзината и другите сообраќајни знаци.

    2. Системот за предупредување при напуштање лента звучно ве предупредува при напуштање на лентата без соодветна индикација.

    3. Системот за прикажување на растојание нанапред ве информира за растојанието до возилото што е пред вас.

    4. Системот за предупредување за судар нанапред детектира доколку има опасност од фронтален судар и ве предупредува звучно, со визуелен знак на екранот и предупредување на предното стакло на ниво на вашите очи.

  • ФУНКЦИЈА ГРЕЕЊЕ.

     

    Угодете си со пријатното чувство седиштата со греење и воланот со греење. Заборавете на чистењето на мразот или бришењето на замаглениот ветробран, предното стакло ThermaTec нежно се загрева и ја отстранува. Заедно со загреаниот заден прозорец и ретровизорите, сето тоа креира една цнатрешна и надворешна совршена видливост.

  • РЕЖИМ ВО ГРАД.

     

    Само полека. Електриката на управувачот во зависност од брзината го скратува напорот, зголемува прецизноста и заштедува гориво. Употребете го копчето City Mode за да ја зголемите помоша при паркирање или маневрирање при мали брзини.

  • ЗАДНА КАМЕРА.

     

    Задната камера ви овозможува да не се напрегнувате со постојано врење наназад. Едноставно поставете го менувачот во позиција за возење наназад и гледајте во 7-инчниот монитор. Ознаките ви покажуваат точно каде сте.

  • ESP®Plus.

     

    Бидете сигурни во контролата над автомобилот на лизгави, калливи или валкани патишта со ESP®Plus. Системот за помош при тргнување на нагорнина го спречува вашиот автомобил од лизгање наназад кога ќе ја подигнете ножната сопирачка.

Следно
Претходно
  • ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

  • ФУНКЦИЈА ГРЕЕЊЕ

  • РЕЖИМ ВО ГРАД

  • ЗАДНА КАМЕРА

  • ESP®Plus

Следно
Претходно
  • INTELLILINK.

     

    Првокласна инфозабава: поврзете се лесно, зборувајте слободно. Користете го екранот во боја на допир или контролите на управувачот. Така добивате хендз-фри телефон, аудио стриминг и повеќе преку Bluetooth или USB. Новиот R 4.0 IntelliLink® е компатибилен со Apple CarPlayTM и Android AutoTM, со што одредени функции и апликации од вашиот паметен телефон ви се достапни на 7-инчниот екран во боја. Со помош на Google Maps или Apple maps, секогаш ќе можете да си ја најдете вашата дестинација.

  • ПОВРЗУВАЊЕ НА УРЕДИ.

     

    FlexDock® ви овозможува вашиот мобилен телефон да ви биде токму пред очите, на лесен дофат и константно наполнет. Оддалечениот Bluetooth® и директното поврзување преку USB го олеснува трансферот на податоците или надрадувањето на апликациите.

  • РАДИО.

     

    CD 3.0 BT додава CD плеер, двоен приемник, аудио стриминг преку Bluetooth® и хендзфри управување со телефонот, USB и DAB+ се изборни.

  • КАБЛИТЕ СЕ ОД 90-ТЕ.

    Енергија за вашиот паметен телефон: благодарение на безжичното полнење1, можете да го полните вашиот мобилен телефон без да ви се плеткаат кабли.

    1 Мобилните телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат индуктивно.

    Прочитајте повеќе
Следно
Претходно
  • IntelliLink

  • ПОВРЗУВАЊЕ НА УРЕДИ

  • РАДИО

  • БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Следно
Претходно
  • ПОНУДА НА МОТОРИ.

     

    Моќта на изборот. Целосна понуда на мотори Euro 6 од 51 kW (70 КС) до 70 kW (95 КС). Новите мотори ги редефинираат перформансите и изгладеноста на малите автомобили. Трите верзии ecoFLEX со системот старт/стоп нудат импресивна изгладеност со извонредна економичност.

  • ПРЕНОС.

     

    Лесна контрола. Ќе ви се допадне лесниот пренос до 5-брзинскиот рачен пренос и 6-брзинскиот автоматски пренос, илит 5-брзинскиот пренос Easytronic® 3.0, кој е автоматски пренос што ја задржал економичноста на рачниот пренос.

  • СЕРВИСНИ ИНТЕРВАЛИ.

     

    Реткото расипување значи поголем профит. Вашиот Corsavan може да функционира 2 години или 60.000 km помеѓу главните сервиси, со меѓусервис на секои 30.000 km/1 година.

Следно
Претходно
  • ПОНУДА НА МОТОРИ

  • ПРЕНОС

  • СЕРВИСНИ ИНТЕРВАЛИ

Следно
Претходно
Следно