• GT CONCEPT
    ДИЗАЈНИРАН ЗА ЕМОЦИИ.

    Чиста форма која храбро покажува кон иднината. Сведена на суштественото. Без рачки на вратите, без надворешни ретровизори, без бришачи на предното стакло. Opel GT Concept: нов израз на чиста страст во возењето.

  • ГИ ПОМИНУВА ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ.

  • НАЗАД КОН ИДНИНАТА.

    Долгата хауба, отсуството на капак на багажникот, двојната централна издувна цевка и името - сите се однесуваат на оригиналниот експериментален GT од 1965 год. Освен тоа, Opel GT Concept нема знаци на ретро-дизајн.

  • ВИСТИНСКИ СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ.

    Мотор напред во средина, турбополнач и погон на задните тркала. Низок и средишен гравитациски центар за спортско ракување и одлично вртење на свиоци.

  • ВНАТРЕ ВО GT CONCEPT.

    Електричните врати широко се отвораат кога ќе ја притиснете подлогата на допир на покривот. А внатре ќе најдете уште многу други изненадувања, како монитори со камера кои ги заменуваат огледалата. Првото откривање на изгледот на внатрешноста доаѓа брзо. Сѐ ќе биде прикажано на 86. Саем на автомобили во Женева (3-13 март, 2016 год.).

Претходно
Следно

Добијте го следното видео по е-пошта.

Претходно
  • GT EXPERIMENTAL

    Визија
    GT Experimental, претставен на IAA во 1965 год., беше толку успешен, што 3 години подоцна концептот се претвори во реалност. Тој беше првиот европски концепт за автомобил што премина во сериско производство, со што стана репер за другите европски автомобилски производители да го следат Opel и да ги развијат и презентираат своите сопствени концепти за автомобили.

  • GT EXPERIMENTAL

    Технологија
    Opel беше првиот производител на автомобили кој ја покажува неговата иновативне моќ со концептуален автомобил, целосно направен во сопствените капацитети за дизајн. „Покрај одличниот изглед, спортскиот автомобил на Opel беше првенствено направен да импресионира со софистицираната аеродинамика“, објаснува Ерхард Шнел, дизајнер на GT во тоа време. Дури и предните светла се намалени за да се намали отпорот на воздухот.

  • GT EXPERIMENTAL

    Надворешност
    Стилот на надворешниот дизајн често се нарекува „Форма на шише од Кока Кола“, отсликувајќи го дизајнот на Корветите од тоа време. Тенкиот преден дел со предните светла на вовлекување, заострените страници во областа на вратата, испакнатите задни браници кои се слеваат кон задниот дел - тоа беа кличните одлики на дизајнот на GT Experimental, кои го претворија автомобилот во дизајнерска икона во тоа време.

  • GT EXPERIMENTAL

    Внатрешност
    Кабината беше функционална и невообичаено пространа, со инструментите поставени на импресивна предна табла со прекинувачи и спортски управувач. Полицата во задниот дел на кабината можеше да се достигне преку вратите, резервната гума и дигалката беа поставени зад неа, под панелот на превиткување.

Следно
Претходно
  • ВИЗИЈА

  • ТЕХНОЛОГИЈА

  • НАДВОРЕШНОСТ

  • ВНАТРЕШНОСТ

Следно
Претходно
  • OPEL GT2

    Визија
    Opel GT2 ја воодушеви публиката на IAA 1975 со неговиот футуристички клинест облик и лизгачки врати. Тој беше најава за новата, рационална ера на концепт на автомобили со огромна ефикасност - во потрошувачката на гориво и аеродинамиката. Истовремено, барањата за безбедност и удобност на корисницете растеа. Убедливиот одговор на Opel на ваквите трендови беше GT2.

  • OPEL GT2

    Технологија
    Дизајнот со аеродинамичка оптимизација на Opel GT2 гарантира ниска потрошувачка, најдобри перформанси и удобност. Неговиот коефициент на аеродинамички отпор беше 0,326, дури 16,6 % подобар од исто така аеродинамички брилијантниот Experimental GT.

  • OPEL GT2

    Надворешност
    GT2 оставаше многу футуристички впечаток со неговиот клинест облик и вдлабнати предни светла. Највпечатливата одлика беа лизгачките врати без видливи шини. Механизмот на отворање беше лоциран во куќиштето на ретровизорот.

  • OPEL GT2

    Внатрешност
    Внатрешноста беше исто така пред своето време: вентилирани седишта и, за првпат, дигитални мерачи наместо конвенционални инструменти како и патен компјутер. Со GT2, дизајнот на Opel ја претскажа автомобилската иднина што ја живееме денес.

Следно
Претходно
  • ВИЗИЈА

  • ТЕХНОЛОГИЈА

  • НАДВОРЕШНОСТ

  • ВНАТРЕШНОСТ

Следно