НОВИОТ CROSSLAND X.

Дизајниран за вас! Работа, одмор, време за нас, време за мене … Crossland X е подготвен за сѐ благодарејќи на неговата исклучителна флексибилност, водечки иновации и свеж дизајн на SUV!

ИЗГЛЕДА ДОБРО. ГЛЕДА НАПРЕД.

Иновации од премиум класата1: како дисплеј напред, панорамска задна камера од 180°, осветлување LED и систем за итно сопирање со детекција на пешаци за вашето возење да биде уште побезбедно.

ПОВЕЌЕ ЖИВОТ, ПОМАЛКУ ОГРАНИЧУВАЊА.

Crossland X совршено се вклопува во вашиот животен стил, нудејќи исклучителна разновидност и изобилство од простор за товарење – за сѐ што ќе ви донесе денот.

ОСТАНЕТЕ СО НАС.

Сакате да дознаете повеќе за новиот Crossland X?

Close

• Простор во багажникот од 410 до 1.255 литри
• Задни седишта со преклопување и лизгање 40/60 и наслон за раката на преклопување, што овозможува товарење на долги предмети
• Можности за складирање големи работи внатре
• Двоен под за товар

Close

• Иновативниот дисплеј напред ги прикажува сите информации за возењето во вашето видно поле, помеѓу управувачот и ветробранското стакло.

Прилагодливото предно осветлување LED е 30 % посветло од стандардните халогенки и автоматски се прилагодува на моменталните услови на патот за оптимална видливост и безбедност.

Автоматскиот систем за итно сопирање2 ги детектира не само возилата, туку и пешаците. Системот постојано го мери растојанието до потенцијалните ризици. Ако растојанието стане премало, ве предупредува звучно и визуелно. Ако не реагирате, возилото автоматски ја намалува брзината. При брзина помала од 30 km/час, тоа целосно застанува. Така, системот помага во максимизирање на безбедноста, посебно во градскиот сообраќај.3

• За паркирање прецизно до милиметар, задната панорамска камера од 180° ви ја прикажува околината на автомобилот. Го прикажува задниот напречен сообраќај, со што тргнувањето станува полесно и побезбедно. Паркирањето и тргнувањето се уште побрзи со хендзфри напредната помош за паркирање.

 

1Опремата се разликува во однос на нивото на опременост.
2Достапно од лето 2017
3Автоматски работи над 5 km/час и под 85 km/час. Од 5 до 30 km/час метриката на забавувањето за да се намали влијанието на брзината на судир е 0,9 g. Од 30 до 85 km/час системот ја намалува брзината на максимум 22 km/час. При брзина помала од оваа, возачот треба да сопира сам за уште повеќе да ја намали брзината. Оперативниот опсег на брзината на автоматскиот систем за итно сопирање зависи од детектираната пречка (мобилна пречка: од 5 до 85 km/час; фиксна пречка: од 5 до 80 km/час; пешак: од 5 до 60 km/час).