ОПСЕГ НАД 500 KM*.

Новата Ampera-e ја револуционизира електричната мобилност:

 

  • Опсег со повеќе од 500 km* со едно полнење
  • Забрзување од 0 - 100 km на час за само 7,3 секунди

НОВАТА AMPERA-E.

ВИЗИОНЕРСКИ ИНОВАЦИИ.

Ampera-e ја претставува електричната револуција во секојдневната употреба. Иновативните системи базирани на безбедност и камера ја зголемуваат безбедноста и задоволството при возење.

Претходно
  • СЕКОГАШ ДОБРО ПОВРЗАНИ.

    Извонредната дигитална конективност е дел од концептот на одржливост. Инфозабавниот систем беспрекорно ги интегрира паметните телефони1 преку поддршката Apple CarPlay™2 или Android Auto™3.

Следно
Претходно
  • ИНФОЗАБАВА

Следно

СЕКОЈДНЕВНА РАЗНОВИДНОСТ.

Со должина од 4,17 метри, Ampera-e нуди простор за 5 лица и волумен на багажник од 381 литри, кој е очигледно над просекот за автомобилите од слична севкупна должина.

Претходно
  • ОД ШТО ЗАВИСИ ЕЛЕКТРИЧНИОТ ОПСЕГ?

    Опсегот на возење со едно целосно полнење главно зависи од капацитетот на акумулаторот и електричната потрошувачка на возилото.

  • КАКО ГО ИЗМЕРИВМЕ ЕЛЕКТРИЧНИОТ ОПСЕГ?

    Прелиминарниот опсег на Ampera-e се мери со стандардизираниот метод на тестирање за Европа, врз основа на Новиот европски циклус на возење (NEDC).

Следно
Претходно
  • ЕЛЕКТРИЧЕН ОПСЕГ

  • МЕРЕЊЕ

Следно

Откријте ја новата Ampera-e.

Од Лондон до Париз со едно полнење.

Close

Капацитетот на акумулаторот и електричната потрошувачка на возилото се зависни од неколку фактори:

 

  • Електричната потрошувачка зависи од, на пример, стилот на возењето и топографилата на одредената рута.
  • Електричната потрошувачка зависи од, на пример, надворешната температура.

 

Детални информации за различните опции на полнење ќе бидат поставени наскоро на оваа веб-страна.

Close

  • Екран на допир со висока резолуција IntelliLink-e од 10,2 инчи
  • Беспрекорна интеграција на дигитални уреди1
  • Надледување на клучните податоци на вашиот паметен телефон1
  • Безжично полнење на вашиот телефон4
  • Лоцирање на автомобилот, заклучување и отклучување на вратите, наоѓање на најблиските станици за полнење преку апликацијата MyOpel

 

1 Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од типот на уредот и од верзијата на оперативниот систем. За да ја проверите компатибилноста на вашиот уред, посетете ја страната www.apple.com или www.android.com или контактирајте со вашиот продавач на Opel.
2 Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји.
3 Android е трговска марка на Google Inc.
4 Само паметни телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат индуктивно.

Close

Оваа дарежлива просторност е овозможена од паметна интеграција на десетте модули на акумулаторот. Целиот пакет се наоѓа во подвожјето и е прилагоден на контурите на возилото. Ова значи дека нема залудно потрошен простор. Батеријата, која се состои од 288 литиум-јонски ќелии и капацитет од 60 kWh, беше развиена во соработка со LG Chem.

Close

  • Автономно сопирање во итни случаи: Системот за итно сопирање детектира возила и пешаци што можеби сте ги пропуштиле и автоматски го запира автомобилот за да ја максимизира безбедноста во градскиот сообраќај.
  • Видик наоколу со камера од 360°: Без разлика дали тргнувате, напуштате место на паркирање или враќате во рикверц, иновативниот систем со 4 камери овозможува поголема видливост на објектите и автомобилите околу возилото и помага во намалување на бројот на слепи точки.
Close

Стравот за опсегот остана зад нас: Според новиот европски циклус на возење (NEDC), новата Ampera-e може да ја исчисти бариерата од 500 километри без полнење. Ова го прави иновативниот електричен модел на Opel’s далеку најдобриот во неговиот сегмент.


* Прелиминарна вредност, мерена според стандардизираниот нов европски циклус на возење (NEDC). Опсегот во вашата секојдневна употреба ќе варира. Прочитајте повеќе за како го измеривме електричниот опсег.

Close

Како дополнување на опсегот NEDC, проценивме дека комбинираниот опсег WLTP е поголем од 380 km, врз основа на развојниот тест прилагоден на брзинскиот профил дефиниран во циклусот на возење WLTP (скратена процедура за тестирање).

 

Циклусот на возење WLTP се базира на реални профили на возење и затоа е поблизок до реалниот живот отколку правно задолжителниот Нов европски циклус на возење (NEDC). Како и да е, опсегот во вашата секојдневна употреба ќе варира. Во пракса, факторите како карактеристиките на патот, временските услови, стилот на возење или дополнителниот товар влијаат на опсегот.