НАГРАДУВАНАТА CORSA

Новата Corsa е вистински победник. Само три месеци по нејзиното лансирање, Opel веќе прими повеќе од 55.000 нарачки за петтата генерација на овој мал автомобил. Сега најдобро продаваниот модел повторно се најде во центарот на вниманието на европската сцена: Opel Corsa ја освои наградата AUTOBEST 2015. На големото, крајно тестирање во Белград, новиот модел ја освои победата со вкупно 994 поени, во споредба со, исто така, новите ривали: Hyundai i20 (906 поени), Škoda Fabia (871 поени) и Citroën C4 Cactus (830 поени), со што стана првиот автомобил во историјата на доделувањето на наградите AUTOBEST кој има освоено оваа престижна награда со две последователни генерации.

Стручното жири на наградата AUTOBEST е составено од водечки новинари во областа на автомобилизмот од 15 европски земји од Централна и Источна Европа. На пазарот од околу 300 милиони луѓе, оваа награда е многу популарна и ценета. Само автомобили со неодолива цена и квалитет можат да ја освојат оваа награда, бидејќи освен класичните карактеристики на возилото, жирито, исто така, ги зема во предвид и трошоците за одржување, достапноста на резервните делови и големиот број на услуги што ги нудат дистрибутерите. И на крајот, победува понудата која најдобро одговара на обичниот, просечен купувач, а Opel Corsa покажа дека е непобедлива. Ден Варди, претседателот на жирито на наградата AUTOBEST рече: „Новата Corsa се докажа како одличен, мал автомобил. Сите членови на жирито ги препознаа аргументите поради кои новиот Opel е ‘најдобрата понуда во Европа за 2015 година’. Новата генерација претставува логичен редослед во еволуцијата на моделите на Opel кој пред седум години ја освои наградата AUTOBEST“.

 

„Ние сме убедени дека Corsa е најдобриот нов, мал автомобил, а сега жирито на AUTOBEST ја потврди наградата. Ние сме многу горди на тоа. Новата генерација на Corsa претставува уметност на германското инженерство, емоционален дизајн и извонредна вредност за парите. Безбедноста и системите за помош при возење, како и сосема новите, врвни мотори и системи за пренос, претставуваат вистинска технолошка атракција“, истакна директорот на групата Opel, д-р Карл Томас Нојман.

 

Corsa е еден од најважните модели на Opel, а нејзините примероци сочинуваат околу една четвртина од традиционалната, веќе висока вкупна продажба на брендот. 32 години откако првата генерација на Corsa е воведена на пазарот, продадени се повеќе од 12,4 милиони примероци од овој мал автомобил. Само четвртата генерација, Corsa D, беше продадена во околу три милиони возила во периодот меѓу 2006 и 2014 година, а исто така ја освои наградата AUTOBEST за 2007 година. И новата Corsa претставува основа на тековната офанзива на производите на Opel: до 2018 година, брендот на пазарот ќе воведе 27 нови модели и 17 нови мотори.