Opel Experience - About Opel

ФИЛОЗОФИЈА НА OPEL.

Корените на Opel се протегаат повеќе од еден век. Повеќе од 110 години веруваме во иднината, ја посветуваме целата наша енергија на создавање возење за вас со поголема вредност. Повеќе од 110 години страствено инженерство сумирано во три зборови на нашиот водечки принцип: “Wir leben Autos”

 

Wir leben Autos: Животен израз на вредностите на Opel


“Wir leben Autos” не се однесува единствено на германските корени и заедничката љубов кон германското инженерство, туку исто така тоа е израз на силните чувства и страст кои влијаат на се што ние правиме.

 

"Wir" ‘Ние‘ го изразува нашиот заеднички ентузијазам и силниот позитивен став дека ‘можеме да направиме‘, кои ни овозможуваат да развиеме паметни, изненадувачки и иновативни производи за нашите корисници.

 

Но ние не конструираме единствено автомобили, ние живееме за автомобилите а зборот “leben” го означува нашиот висок степен на енергија кој може да го почувствува секој оној кој бил во допир со Opel. Ова може да се почувствува преку богатството на корисни карактеристики на Opel, мудри иновации или едноставно преку нашиот привлечен, современ дизајн.

 

Последно, но не најмалку важно, ние веруваме дека во иднина зборот “Autos” ќе означува многу повеќе од транспорт. Кај Opel автомобилите не станува збор единствено за возење, туку тие се и суштински дел од нашето секојдневие.

 

Ние го комбинираме нашето лично искуство со она од нашите корисници со цел да го направиме нивното дневно движење полесно и попријатно. Ние никогаш не престануваме да размислуваме за нови и одржливи начини со кои можеме позитивно да влијаеме - или да им дадеме енергија - на животите на луѓето преку секој нивен контакт со брендот Opel.


“Wir leben Autos” е нашата страст, нашата посветеност, нашето внимание на деталите, нашата одговорност, нашата намера и - да - нашата доверба.


Тоа сме ние.

Opel. Wir leben Autos.

Opel | History and Heritage

Историја и наследство

Дознајте како вашиот автомобил стана она што е. Повеќе од еден век со иновации го поплочија патот.

Откријте ги нашата историја и наследство