Opel partneri
Zatražite ponudu

OPEL МОДЕЛИ НА АВТОГАС.

Ниска доплата со целосна фабричка гаранција.

За LPG

LPG е течен нафтен гас познат и како автогас или течен гас. При релативно низок притисок се претвора во течност и како таков може да се чува во течен облик во резервоарот на возилото. На тој начин, во течен облик зазема само 1/260 од својот гасен волумен. Тоа овозможува чување на релативно големи количини енергија на мал простор во возилото. Со согорување на 1 кг LPG се емитува значително помалку CO2 отколку, на пример, со согорување на бензин, кој емитува најмногу CO2. Со пониска емисија на јаглерод диоксид, LPG е, исто така, еколошки прифатлив.

 

Со постојаните промени во цените на горивото и се повисоката општествена свест за животната средина, Opel со своите LPG модели понуди решение за оние кои внимаваат на трошоците и животната средина. Opel нуди 7 LPG модели: Corsa, Астра (5-врати и Sports Tourer), Zafira, Insignia, Meriva, Mokka и Adam.

ПРЕДНОСТИ НА LPG (ТНГ)

 

ЕКОНОМСКИ ПРЕДНОСТИ

 

Со производство на LPG модели, Opel им нуди атрактивна алтернатива на возачите кои внимаваат на трошоците и животната средина. Без оглед на годишната километража, со LPG значително ги намалувате трошоците: преку цената на горивото, што е речиси двојно поголема од цената на LPG , но исто така и преку посебениот данок на моторни возила кој е помал за возилата со помала емисија на CO2. Без зголемено одржување и со двојно побрз повраток на инвестицијата одколку кај дополнителното вградување, лесно е да се пресмета повеќекратната исплатливост на LPG моделите на OPEL.

 

ПРАКТИЧНИ ПРИДОБИВКИ

 

  • Повисок квалитет поради фабричката монтажа/инсталација на LPG за која се добива целосна гаранција од производителот. Моторот е прилагоден на специфичните услови на работата на LPG , а купувањето на возила со фабрички вградени LPG мотори носи бројни предности за корисниците.
  • Дополнителниот резервоар со LPG го зголемува опсегот на возење на повеќе од 1.400 км, кога се комбинираат LPG и бензин, и до 500 км само во режимот на LPG .
  • Автогас или LPG е најшироко достапно алтернативно гориво во светот.

 

БЕЗБЕДНОСТ

 

Благодарение на деталните процедури за испитување и високите стандарди за квалитет кои вклучуваат сеопфатно испитување и тестирање за судари, Opel го нуди концептот на погон на LPG "клуч на рака" и бескомпромисно решение за купувачите.

 

  • Тестирање под полно оптоварување на патеката
  • Тестирање на бучава, вибрации и издржливоста на деловите
  • Тестирање на однесувањето при движење
  • Функционално тестирање на системите за безбедност
  • Исполнување на сите crash-test безбедни заштити

 

Токуму затоа системите за LPG на Opel, фабрички се инсталираат во автомобилските делови кои се заштитени од судири и со тоа оптимално се интегрирани во безбедносната структура на возилото.

 

Еколошките предности

 

  • Емисија на CO2 во LPG  системот на работа е до 15% помал во однос на конвенционалните верзии на бензински мотори.
  • LPG ослободува до 80% помалку азотни оксиди од дизел моторите, и речиси не емитираат честички ни чад.

 

Opel моделите на автогас претставуваат одлична опција за возачите кои сакаат да ги намалат трошоците со еколошки прифатливо возење. Тие се достапни со ниска доплата, фабричка инсталација и со целосна фабричка гаранција.

OPEL FlexCare

 

FlexCare вклучува две годишна фабричка гаранција (без ограничување во километражата) и гаранција за дополнителни две години или до 120.000 километри (зависно кој услов прв ќе се исполни). Услугата Opel помош на пат се состои од една година фабричка помош на пат без органичување во колиметражата и 3 дополнителни години помош на пат или 120.000 помнати километри, зависно кој услов прв ќе се исполни.

 

Посетете ги нашите салони и проверете ги понудите на Opel моделите со автогас. Детали може да побарате и преку веб формуларите. Само кликнете на барање за понуда и пополнете го формуларот и ние ќе ве контактираме.