Opel partneri
Zatražite ponudu

Совршено бизнис возило.

Нашите флотни возила овозможуваат фантастични перформанси, како и врвен квалитет. За да останат такви, им препорачуваме на сите возачи повремено да го носат својот Opel на проверка. Opel-овата проверка на исправноста на автомобилот е од посебно значење непосредно пред промената на сезоната или пред подолго патување.

Мала и средна флота / Флота од мала и средна големина

Дали вашата флота има 24 возила или помалку? Искористете ја предноста на возилата на Opel по ниски трошоци за сопствеништво. Тука се и погодностите на комбинациите на лизинг и одржување на возилата по атрактивни месечни рати.

Обратете се до вашиот локален овластен дилер за повеќе информации за нашите поволни и флексибилни решенија за флота од мала и средна големина.

Корпоративна флота

Дали вашата компанија има флота од 25 возила или повеќе? Корпоративните клиенти уживаат во погодностите на долгорочните договори и специјалните услови. Искористете ги предностите на сигурниот план за вашата флота. Научете притоа да ги оптимизирате трошоците за управување со возниот парк, да го ублажите својот отисок на CO2 и да ја намалите потрошувачката на гориво.

Големите флоти на возилата на Opel ги очекуваат бројни предности во однос на трошоците за сопствеништво, сигурен сервис и транспарентно управување.

Возбудливите нови модели на Opel, како Opel Insigniа и новата Opel Astrа, претставуваат одлична мотивација за вашите вработени.

Паневропска флота

Дали имате флота во 6 или повеќе европски земји и сакате да ги искористите специјално прилагодените решенија за паневропска флота?

И покрај тоа што Европа е соединета, законите, регулативите, а посебно даночните системи, сѐ уште се разликуваат од земја до земја. Европскиот тим за продажба на флота на Opel има искуство и знаење (како и одлични возила) за да им помогне на интернационално активните клиенти во воведувањето на ценовно прифатлива флоте.