Редовно одржување

Најдете го вашиот Opel дилер

Пополнете едно од полињата подолу:

Редовно одржување.

Во случај применлив за возилото, во согласност со Opel FlexCare Сертификатот.

 

Opel FlexCare Редовното одржување ги покрива редовните одржувања (во услови на „нормално користење“), во согласност со Сервисниот план на Opel, во број на случаи како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, за важноста на пакетот во согласност со Opel FlexCare Сертификатот или до километража која е назначена таму, што и да се случи прво. Редовните одржувања во број на случаи наведен во FlexCare Сертификатот мора да бидат извршени во рамките на периодот на важноста на FlexCare, назначен во FlexCare Сертификатот.

Услугите ги вклучуваат сите опфатени делови (вклучително и течности, моторно масло, течност за сопирачки, разладна течност, средство за ветробранско стакло, масло за менувач - под услов и до ниво според кое таквите течности е неопходно да бидат заменети, повторно наполнети или надополнети за време на редовно одржување – додека во случај кога повторното полнење или надополнувањето е неопходно помеѓу две редовни одржувања, таквото повторно полнење или надополнување не е вклучено во Opel FlexCare пакетот) и работна рака, како што е наведено во сервисниот план и задолжителните дополнителни ставки за сервисирање. Вклучени се и проверките за заштита од корозија. Opel FlexCare пакетот опфаќа и одредени сервисни делови и работна рака за LPG и CNG возила.

Тука не се вклучени делови подложни на абење (трошење), за кои ќе се утврди дека треба да бидат заменети при Редовното одржување.

Редовното одржување може да го врши само авторизиран Opel сервисер.