Пролетна акција

Пролетна акција.

Студените зимски месеци се веќе зад нас. Со пролетните денови пристигнаа и првите повисоки температури на кои вие и вашиот автомобил ќе треба да се прилагодите. Искористете ја ПРОЛЕТНАТА СЕРВИСНА АКЦИЈА во авторизираните сервиси на Opel – на време подгответе се за топлите денови кои претстојат и за новите услови на патот.

 

Клима уредот функционира беспрекорно само доколку во системот има доволно количество разладна течност. Во текот на зимскиот период, најголем број од возачите не го користат клима уредот, туку само системот за греење и вентилација. Постои можност одредено количество од разладната течност да испари “наоѓајќи” пат низ споевите. За жал, ваквата состојба често се јавува како причина за “неработење” на клима уредот, а надвор веќе владеат тропски температури.

 

Исто така, темните непристапни и топли места лоцирани околу испарувачот на клима уредот се идеално живеалиште за најразлични бактерии, габички и други микро организми, кои се најчестиот извор и причинител на непријатниот мирис кој доаѓа од каналите за вентиалција.

 

Направете бесплатна проверка на функционалноста на клима уредот во вашето Opel возило и искористете ја можноста да добиете 25% попуст за промена на филтер.

 

Акцијата вклучува и комплетна бесплатна проверка на моменталната состојба на возилото:

  • Систем за сопирање
  • Пневматици
  • Акумулатор
  • Ниво на течности
  • Светлосна сигнализација
  • Подвозје, суспензија

 

Дополнително, добивате 15% попуст на работна рака и заменети делови (плочки и течност за сопирачки, течност за ладење, бришачи, течност за ветробранско стакло).

 

Лојалноста на нашите клиенти кои имаат Оpel возила постари од 4 години, ја наградуваме со поволни понуди на сервисни пакети по многу достапни цени