ШТО ПРЕТСТАВУВА ТЕХНОЛОГИЈАТА BLUEINJECTION НА OPEL?

BlueInjection е најнова дизел технологија за СКР од Opel, која користи AdBlue®* за дополнително да го намали нивото на азотни оксиди за почисти издувувања.

 

*AdBlue® е регистрирана трговска марка на Verband der Automobilindustrie e.V.

ПРИДОБИВКИ ЗА ОКОЛИНАТА, ПРИДОБИВКИ ЗА ВАС.

Со поседување на возило со технологијата BlueInjection вие помагате да се намали издувувањето на штетни азотни оксиди (NOx), со што се намалува вашето штетно влијание на животната средина.

Претходно
  • КОГА СЕ ДОПОЛНУВА?

    Кај автомобилите опремени со системот BlueInjection треба редовно да се врши дополнување на AdBlue® и помеѓу препорачаните сервисни интервали. Но не грижете се - индикаторот на контролната табла ќе ве извести кога ќе нивото ќе стане критично ниско.

  • КАКО СЕ ДОПОЛНУВА ADBLUE®?

    Дополнете самите во многуте пумпи за дополнување на AdBlue® достапни на бензиските станици. Или изберете од широката понуда на шишиња за дополнување.

Следно
Претходно
  • КОГА СЕ ДОПОЛНУВА?

  • КАКО СЕ ДОПОЛНУВА?

Следно

КОМБИЊА СО BLUEINJECTION.

MOVANO

Конфигуратор Van
Конфигуратор Combi

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА BLUEINJECTION И ADBLUE®.

Што е AdBlue®?

AdBlue® (исто така наречена и течност за издувните гасови од дизел мотори) е чиста, безбојна, нетоксична течност без мирис, што се состои единствено од 32,5 % уреа и 67,5 % вода
Бидејќи поголемиот дел од составот е вода, AdBlue® замрзнува на -11 °C (концентрацијата од 32,5 % на растворот уреа-вода има најниска точка на замрзнување), сите резервоари за AdBlue® се опремени со грејач што ќе одмрзне доволно течност за да го намали издувувањето и да им овозможи на возилата да функционираат во секакви услови.

Што претставува технологијата СКР?

СКР значи Селективна Каталитичка Редукција и претставува технологија што се користи за намалување на азотните оксиди (NOx) од издувните гасови на дизел моторите. Таа е базирана на AdBlue® (исто така наречена и течност за издувните гасови од дизел мотори), раствор од 32,5 % уреа во прочистена вода, кој се вбризгува во издувната цевка. Уреата во AdBlue® ослободува амонијак (NH3) под влијание на високата температура во издувната цевка, кој реагира со азотните оксиди (NO и NO2) во каталитичкиот конвертор и се ослободуваат безопасен азот (N2) и водена пареа (H2O).

Дали постојат алтернативи за технологиите СКР?

Технологиите СКР се најновите врвни технологии за барањата за издувување кои ќе почнат да се применуваат во блиска иднина. Поради ова, Opel одлучи да го имплементира системот BlueInjection (технологија СКР на Opel) во целата понуда на дизел мотори започнувајќи од 2018 година.

Што ќе се случи ако не дополнам?

Ако резервоарот за AdBlue® е празен, автомобилот нема да може да се стартува кога ќе се обидете да го стартувате! Ова не е дефект, туку законска карактеристика на системот. Доколку стигнете до оваа фаза, на системот ќе му биде потребно целосно дополнување пред да можете повторно да го стартувате автомобилот.

На што треба да внимавам кога купувам AdBlue®?

Прво треба да внимавате на трговската марка AdBlue® и стандардот ISO 22241-1, како и DIN 70070.
● Исто така, ве советуваме да користите строго шишиња или канистри со запечатен отвор на цевката за полнење (вообичаено со затворач со завртка). На тој начин се минимизира ризикот од истурање.
● Последно, бидејќи AdBlue® има ограничен рок на траење, секогаш проверувајте го рокот на траење пред да дополнувате.

Дали може AdBlue® да се дополни во станици за полнење гориво за камиони?

Да. Можете да дополните на пумпите за AdBlue® што постојат во составот на многу бензиски станици за комерцијални возила (камиони и автобуси).

Што треба да правам ако ми се истури AdBlue® на автомобилот и/или облеката?

Ако малку од течноста AdBlue® капне на каросеријата на возилото, на пример, избришете ја и по потреба исплакнете ја областа со вода.
Ако некогаш ви се истури AdBlue® на облеката и/или рацете, само темелно исплакнете ги со вода.

Дали постои опција за поголем резервоар за AdBlue®?

Возилата на Opel ја немаат оваа опција. За секое возило постои само една големина на резервоарот, што е дизајнирана да се оптимизираат ограничувањата на пакувањата и тежината.

Кој го произведува AdBlue®?

AdBlue® е регистрирана трговска марка на VDA, за која Opel Automobile GmbH (матична компанија за Opel) поседува лиценца за целиот свет, што ги покрива сите брендови. Се произведува во хемиски компании, а името „AdBlue®“ смеат да го користат само лиценцирани производители и дистрибутери.

Информации за нашите патнички автомобили

Веќе имате дизел Opel со BlueInjection?

Close

Отворот за дополнување се наоѓа до отворот за полнење дизел гориво (или зад отворот на задниот браник кај Antara).
Капачето на отворот за дополнување е во боја и може да се отвори со рака.
● Дополнете самите благодарение на широката понуда на шишиња за дополнување. Или едноставно посетете го вашиот локален дилер на Opel за да дополните.
● Исто така можете да користите и шишиња и млазници компатибилни со сите патнички возила достапни на многу бензински станици. Или одете на пумпите за дополнување AdBlue® што се достапни на некои бензиски станици и што се специјално направени за патнички автомобили. Не ги користете пумпите за AdBlue® за камиони/комерцијални возила.
● Доколку малку од течноста AdBlue® капне на каросеријата на автомобилот, избришете ја и по потреба исплакнете ја областа со вода.

Close

Секој резервоар за AdBlue® е опремен со сензори, кои активираат серија на пораки кога нивото на течноста критично ќе се намали.
Ве молиме осврнете се на прирачникот за сопственикот за повеќе детали.

 

Внимание! Доколку резервоарот за AdBlue® е целосно истрошен, на системот ќе му треба целосно дополнување пред автомобилот да може да се стартува повторно.

Close

• Иновативна технологија SCR (селективна каталитичка редукција): BlueInjection е дел од системот за третман на издувните гасови на Opel.
• Технологијата BlueInjection директно го вбризгува AdBlue® во издувната цевка и предизвикува хемиска реакција која го намалува издувувањето на штетни азотни оксиди преку нивно разградуцање на азот и водена пареа, кои се безопасни за околината.
AdBlue® е чиста, нетоксична, незапалива течност без мирис, која се состои од 32,5 % уреа и 67,5 % вода.