НАДГРАДЕТЕ ЈА ВАШАТА ТЕХНОЛОГИЈА BLUEINJECTION СЕГА. БЕСПЛАТНО Е!

Вие сте сопственик на возило Opel со технологијата BlueInjection. Ние сакаме да го направиме вашето возило почисто и поеколошко и на тој начин да ја оптимизираме контролата на моторот на соодветните модели на Opel со технологијата BlueInjection. Со ова значително ќе се подобри ефикасноста на издувните гасови NOx во реалните ситуации при возењето, имајќи го во предвид и стандардот за издувување што ќе стапи на сила во септември 2017 год.

Со ова дејство што можете да го преземете сега, вашето возило ќе ја добие нашата најнова врвна технологија на Opel кон задоволување на прописите за издувување во иднина.

Со оптимизација на софтверот на моторот, вашите придобивки се:

 

Никакви трошоци за вас

 

Надградбата ќе трае помалку од 1 час

 

Никакво влијание на потрошувачката на гориво и перформансите

Најдете го вашиот Opel дилер

Пополнете едно од полињата подолу:

ЛИНИЈА ЗА ИНФОРМАЦИИ

0800 627 1016

Дали вашиот автомобил се квалификува за надградбата на AdBlue? Јавете ни се!

ШТО ПРЕТСТАВУВА ТЕХНОЛОГИЈАТА BLUEINJECTION НА OPEL?

BlueInjection е најнова дизел технологија за СКР од Opel, која користи AdBlue®* за дополнително да го намали нивото на азотни оксиди за почисти издувувања.

 

*AdBlue® е регистрирана трговска марка на Verband der Automobilindustrie e.V.

Претходно
  • КОГА СЕ ДОПОЛНУВА?

    Кај автомобилите опремени со системот BlueInjection треба редовно да се врши дополнување на AdBlue® и помеѓу препорачаните сервисни интервали. Но не грижете се - индикаторот на контролната табла ќе ве извести кога критично ќе се намали нивото.

  • КАКО СЕ ДОПОЛНУВА ADBLUE®?

    Дополнете самите благодарение на широката понуда на шишиња за дополнување. Или едноставно посетете го вашиот локален дилер на Opel за да дополните.

Следно
Претходно
  • КОГА СЕ ДОПОЛНУВА?

  • КАКО СЕ ДОПОЛНУВА?

Следно

Технологија BlueInjection

Видеa

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА BLUEINJECTION И ADBLUE®.

Што е AdBlue®?

AdBlue® (исто така наречена и течност за издувните гасови од дизел мотори) е чиста, безбојна, нетоксична течност без мирис, што се состои единствено од 32,5 % уреа и 67,5 % вода
Бидејќи поголемиот дел од составот е вода, AdBlue® замрзнува на -11 °C (концентрацијата од 32,5 % на растворот уреа-вода има најниска точка на замрзнување), сите резервоари за AdBlue® се опремени со грејач што ќе одмрзне доволно течност за да го намали издувувањето и да им овозможи на возилата да функционираат во секакви услови.

Што претставува технологијата СКР?

СКР значи Селективна Каталитичка Редукција и претставува технологија што се користи за намалување на азотните оксиди (NOx) од издувните гасови на дизел моторите. Таа е базирана на AdBlue® (исто така наречена и течност за издувните гасови од дизел мотори), раствор од 32,5 % уреа во прочистена вода, кој се вбризгува во издувната цевка. Уреата во AdBlue® ослободува амонијак (NH3) под влијание на високата температура во издувната цевка, кој реагира со азотните оксиди (NO и NO2) во каталитичкиот конвертор и се ослободуваат безопасен азот (N2) и водена пареа (H2O).

Дали постојат алтернативи за технологиите СКР?

Технологиите СКР се најновите врвни технологии за барањата за издувување кои ќе почнат да се применуваат во блиска иднина. Поради ова, Opel одлучи да го имплементира системот BlueInjection (технологија СКР на Opel) во целата понуда на дизел мотори започнувајќи од 2018 година.

Што ќе се случи ако не дополнам?

Ако резервоарот за AdBlue® е празен, автомобилот нема да може да се стартува кога ќе се обидете да го стартувате! Ова не е дефект, туку законска карактеристика на системот. Доколку стигнете до оваа фаза, на системот ќе му биде потребно целосно дополнување пред да можете повторно да го стартувате автомобилот.

На што треба да внимавам кога купувам AdBlue®?

● Прво треба да внимавате на трговската марка AdBlue® и стандардот ISO 22241-1, како и DIN 70070.
● Исто така, ве советуваме да користите строго шишиња или канистри со запечатен отвор на цевката за полнење (вообичаено со затворач со завртка). На тој начин се минимизира ризикот од истурање.
● Последно, бидејќи AdBlue® има ограничен рок на траење, секогаш проверувајте го рокот на траење пред да дополнувате.

Бидејќи AdBlue® веќе се користи за комерцијални возила, дали може AdBlue® да се дополнува во станица за дополнување за камиони?

Не препорачуваме да дополнувате на пумпите за AdBlue® за комерцијални возила (камиони и автобуси), кои веќе постојат на многу бензиски станици – нивната стапка на проток е премнуго голема за патнички автомобили. Дополнително, повеќето млазници за камиони треба да се отворат со магнетниот дел во главата за полнење на возилото, кој не постои во патничките автомобили на Opel.

Добрата вест е дека сѐ повеќе расте бројот на бензиски станици низ Европа што нудат пумпи за AdBlue® со ниска стапка на проток за патнички автомобили. Дополнувањето на таква станица е едноставо како дополнување дизел гориво.

Што треба да правам ако ми се истури AdBlue® на автомобилот и/или облеката?

Ако малку од течноста AdBlue® капне на каросеријата на возилото, на пример, избришете ја и по потреба исплакнете ја областа со вода.
Ако некогаш ви се истури AdBlue® на облеката и/или рацете, само темелно исплакнете ги со вода.

Дали постои опција за поголем резервоар за AdBlue®?

Возилата на Opel ја немаат оваа опција. За секое возило постои само една големина на резервоарот, што е дизајнирана да се оптимизираат ограничувањата на пакувањата и тежината.

Кој го произведува AdBlue®?

AdBlue® е регистрирана трговска марка на VDA, за која Opel Automobile GmbH (матична компанија за Opel) поседува лиценца за целиот свет, што ги покрива сите брендови. Се произведува во хемиски компании, а името „AdBlue®“ смеат да го користат само лиценцирани производители и дистрибутери.

Информации за нашите патнички автомобили

Информации за нашите лесни товарни возила

Close

Секој резервоар AdBlue® е опремен со сензори кои активираат серија од пораки кога нивото на течноста ќе се намали.

 

Тука има три интервали:
• Кога преостанатиот опсег = 2,400 km (или помал во зависност од потрошувачката) - светло за предупредување на кратко ќе се прикаже на вашиот патен компјутер.
• Кога преостанатиот опсег < 1,750 km - светлото за предупредување ќе се прикаже и ќе се повторува секојпат кога ќе го запалите автомобилот.
• Кога преостанатиот опсег = 900 km – светлото за предупредување ќе трепка додека не дополните.

 

Внимание! Ако резервоарот за AdBlue® е испразнет, на системот ќе му треба целосно полнење пред автомобилот да може да се рестартува.&nbsp;&nbsp;

Close

Отворот за дополнување се наоѓа веднаш до отворот за полнење дизел гориво (или зад отворот на задниот браник во случајот со Antara).
Капачето на резервоарот е обоено и може да се отвори со рака.
Дополнување може да се направи со амбалажи - шишиња и млазници компатибилни со сите патнички автомобили, достапни на многу бензиски станици или продавници. Или користете една од пумпите за дополнување на AdBlue® достапни на некои бензиски станици, кои се специјално наменети за патнички возила. Не користете пумпи за AdBlue® за камиони/комерцијални возила.
• Дополнете сами благодарејќи на широката понуда на достапни амбалажи. Или едноставно посетете го вашиот локален дилер на Opel за да дополните.
• Доколку мали количини на AdBlue® дојдат во допир со бојата на возилото, избришете ги со крпа и, по потреба, исплакнете ја површината со вода.

Close

• Иновативна технологија SCR (селективна каталитичка редукција): BlueInjection е дел од системот за третман на издувните гасови на Opel.
• Технологијата BlueInjection директно го вбризгува AdBlue® во издувната цевка и предизвикува хемиска реакција која го намалува издувувањето на штетни азотни оксиди преку нивно разградуцање на азот и водена пареа, кои се безопасни за околината.
AdBlue® е чиста, нетоксична, незапалива течност без мирис, која се состои од 32,5 % уреа и 67,5 % вода.

Close

Ние се погриживме вашето возило да е ефикасно за возење дури и пред надградбата во однос на економичноста на горивото, перформансите и нивото на бучава. Како последица на надградбата на единицата за контрола на моторот, просечната потрошувачка на AdBlue® ќе се зголеми. Подолу ви се дадени клучните податоци:

Од 900 km пред да се испразни вашиот резервоар** за AdBlue®, постојано ќе ја добивате следнава порака:
Engine Restart Prevented in 900 km. (Повторното стартување на моторот ќе биде спречено за 900 km)
Во случај да сте го добиле ова предупредување, ве молиме дополнете најмалку 5 литри AdBlue®.
Кога резервоарот целосно ќе се испразни, моторот нема да може да се стартува повторно.

 

*Потрошувачката ќе варира во зависност од, на пр., вашето однесување при возењето и товареноста на возилото.
**Доколку е празен, резервоарот треба целосно да се надополни.

 

Потрошувачка на гориво:

 

Insignia 2.0 CDTI
Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 5,8 - 5,5, на отворено 4,0 - 3,6, комбинирано 4,7 - 4,3; издувување CO2 во g/km: комбинирано 124 - 114.
Според регулативата R (EC) бр. 715/2007 (во соодветната верзија).