Претходно
Следно

СПОРТСКИ АВТОМОБИЛИ.

Понуда на спортски автомобили на Opel.

Терминот спортски автомобил кај секого побудува интезивна и лична претстава. За некого тоа ќе значи традиционален роадстер со сета неудобност која доаѓа со надворешниот гламурозен изглед. За нас во Opel, спортски автомобил значи можност за исклучителна прецизност во управувањето, моќ и задоволство од чинот на возење, нешто што прави да сакате да возите, независно каде и кога ќе ве одведе расположението.

 

Всушност, кога и да ја сретнете ознаката OPC може да бидете сигурни дека нашите инженери во Центарот Opel Performance Centre направиле вистинско волшепство за да обмислат единствено и неповторливо искуство со спортски автомобил. Денови за спорт, забава или едноставно задоволство да се биде на пат и да се ужива во управувањето на возилото и понудените перформанси – со OPC одлуката донесете ја сами.

 

А што се однесува до издржливост и перформанси потребни за долги растојанија имаме да понудиме уште многу. Земете ја на пример Astra GTC. Тука е возилото кое со задоволство ќе ве носи на работа секој ден, истовремено оправдувајќи ја својата титула Grand Touring Coupe. Изобилува со квалитет и софистицираност.

 

За оние кои поседуваат страст и несопирлива желба за спортски автомобили, како и семејна историја за оваа пасија, препорачуваме да ги проверат моќните верзии Astra и Инсигниа Insignia Sports Tourer. Практични, високи крузери кои го олеснуваат превозот на семејството, багажот, превозот до работа и извршувањето на напорните деловни агенди, кои сепак секогаш се подготвени да ве однесат и на автопат и да ви го дадат тоа посебно искуство – спортското задоволство.

 

Доколку барате автомобил со исклучителни перформанси и авантуристички дух, можеби ќе ве заинтересира и нашата понуда на спортски возила SUV.