SUV-ВОЗИЛА: КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ?

Opel Crossland X, Rear View

Причините за континуираниот раст на популарноста на SUV моделите се бројни, од впечатливиот дизајн и робустната динамика до повисоката положба на седењето, нудејќи команден поглед на патот. Севкупно, сегментот има толку широк и фасцинантен потенцијал што е тешко да се сумира сè во една реченица - затоа ние одвоивме време да ги мапираме сите предности на возењето SUV моделите.

Совршеното сенаменско возило за секој ден.

Практично целиот свет ги сака SUV моделите - тоа не може да биде случајно. Значи, зошто родените во новиот милениум и мајките со мали деца се подеднакво подготвени за овој посебен тип на автомобил? Дали е спортскиот дизајн, неговата робустност или просторноста, што толку многу SUV моделите нудат? Всушност, се работи за сето заедно погоре. Фактот дека SUV возилата се подеднакво природни за возење во град, на автопат или на нерамен терен ги прави совршени за секојдневна примена.

Се разбира, тоа не е само за задоволување на потребите на возачите - останува фактот дека SUV возилата, исто така, се и визуелно привлечни. Тие изгледаат добро - а новиот Crossland X од Opel е доказ за тоа, комбинирајќи модерен, впечатлив дизајн со иновации и флексибилност водечка во класата. Овој кросовер е соодветен за вас или за потребите на вашето семејство и вашите желби.

Opel Crossland X, Baggage Compartment, Close-Up

Придобивки од просторот

SUV моделите имаат цела низа интересни или уникатни предности - на пример, подигнатата положба за седење не е само за лесен пристап, туку и им дава на возачите подобар преглед на патот и сообраќајот напред. Ова, за возврат, може да го намали стресот и да го зголеми задоволство при возење.

Друга предност е големото растојание од подлогата што SUV-возилата го имаат, што значи дека погрубите терени може да бидат опфатени без проблем. Opel Mokka X совршено ја демонстрира оваа флексибилност. Благодарение на прилагодливиот погон на сите тркала 4x4 возачот ужива во одличната стабилност дури и во влажни временски услови, со што се зголемува безбедноста и се чувствувате дека имате поголема контрола на патот.

SUV моделите нудат зголемена безбедност во автомобилот и надвор од него

Безбедноста на прво место - тоа подразбира дека ова правило за патување со автомобил исто така важи и за SUV моделите. Овие робустни автомобили се дизајнирани да ги чуваат патниците безбедни во секое време. Во споредба со помалите автомобили или оние со пониска висина на каросеријата, поголемата зона на згмечување при судир игра одлучувачка улога во безбедноста на патниците во случај на несреќа1.

Тоа е добра вест и за пешаците - технолошките иновации како што се автоматската детекција на опасности со детекција на пешаци, исто така, им помага на оние што пешачат да се чувствуваат побезбедни. Многу такви иновации може да се најдат во новиот Opel Grandland X.

Но што се случува со недостатоците?

Се разбира, возењето SUV возила не е без недостатоци. SUV возилата добро ја одржуваат својата вредност и затоа често се мета на крадците на автомобили2. Во 2013 година, 8 од 15-те најчесто крадени модели се припадници на SUV сегментот, тренд што продолжува до денес. Се разбира, зголемената безбедност и технологиите за следење, како што се системите против кражба, можат да помогнат да се компензира овој ризик.

Возачите на Opel не треба да бидат загрижени - ако вашиот SUV модел е украден, сервисот за кражба за итни случаи на Opel OnStar може да го лоцира вашиот автомобил и да го деактивира стартувањето за да може полицијата да ви го врати.

1Извор: http://www.n-tv.de/auto/Studie-zu-Todesrisiko-in-Autos-ueberrascht-article14429561.html

2Извор: http://www.gdv.de/2016/10/autodiebstahl-2015-alle-zahlen-auf-einen-blick-2/

2Извор: http://www.autozeitung.de/auto-geklaut-diebstahlstatistik-136469.html#

Претходно
  • Opel, Crossland X, Exterior, Front View

    CROSSLAND X

    Стилизираниот Crossland X испорачува иновации со опциите како Head-up дисплеј и задна камера со преглед од 180 °, па сѐ до автоматско сопирање во случај на опасност. Така, градското возење ќе ви биде многу едноставно.

  • Opel, Grandland X, Exterior, Front View

    GRANDLAND X

    Нашиот атлетски SUV модел импресионира со спортскиот став, динамичниот дизајн, ефикасноста и извонредната технологија - за да можете повторно да ја вратите магијата во возењето.

  • Opel, Mokka X, Exterior, Front View

    MOKKA X

    Опционалниот погон на сите тркала 4x4 овозможува добра тракција на која било подлога, во влажни или суви услови - па дали сте тргнале планина или на плажа, овој компактен SUV модел е подготвен за авантура.

  • Opel, Insignia Country Tourer, Exterior, Front View

    INSIGNIA COUNTRY TOURER

    Со став за земјен пат и опционален погон за сите четири тркала, Insignia Country Tourer секогаш ја завршува работата. Врвната технологија и голем багажен простор ја прават врвен семеен SUV модел.

  • Opel, ADAM Rocks, Exterior, Front View

    ADAM ROCKS

    Мал SUV модел, голема забава - ADAM ROCKS со покрив на преклопување е урбаниот истражувач за вас. Персонализирајте го одвнатре и однадвор во огромен број на бои и опрема за совршено да ви одговара на вашата личност.

Следно