НАЈДОБРИ ТЕРЕНСКИ АВТОМОБИЛИ: SUV МОДЕЛИ СО ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА.

Opel Mokka X, Side View

Со SUV моделите, можете да уживате во целосната удобност на потипичен стил на каросерија во комбинација со робустната моќ што доаѓа со погонот на сите тркала 4х4. Ниту еден друг сегмент од возилата не доживеа таков голем пораст на побарувачката како SUV моделите во изминатата деценија, а ова делумно се должи на посебните карактеристики на ракувањето на автомобилите во овој сегмент.

4х4 и уживање при возењето

Дали некогаш сте почувствувале желба да излезете од означената патека, преку кал, песок или карпест терен? Ако сакате автомобил природен на снег или мраз како на сув пат во лето, SUV е возило за вас.

Без разлика на кој терен мора да се движите, погонските системи на сите тркала 4x4 обезбедуваат стабилност и задоволство при возењето. Зошто? Бидејќи насочувањето на погонот кон сите четири тркала на автомобилот, а не само предните или задните две (како што е почесто), овозможува далеку поголема контрола на речиси секоја површина. Во тешки услови, Opel Mokka X се издига над предизвикот со својот опционален систем за погон на сите тркала 4x4, обезбедувајќи дополнителна тракција, стабилност, заштита од пролигување и контрола.

Моќни и паметни.

За разлика од многу off-road автомобили кои почнаа да се здобиваат со популарност околу крајот на минатиот век, денешните SUV модели доаѓаат вооружени со интелигентни системи за помош на возачот дизајнирани да му помогнат при возењето - да најде вистински режим на возење во секоја дадена ситуација.
На пример, возачот може да се префрли на погон на задните или предните тркала со притискање на копче на мазен, сув пат, на кој не е потребен погон на сите тркала. Чувството на слобода овозможено преку повисоката положба за возење и подобриот поглед на патот исто така придонесува за порелаксирано искуство при возењето.

Adam Rocks, Front View

Никогаш не пролизгувајте.

Во случај на SUV моделите, погонот на сите тркала не е единствениот систем дизајниран за подобрување на искуството при возењето - на пример, Opel Grandland X може да се пофали со системот со прилагодлива тракција IntelliGrip. Пет различни режими на возење му обезбедуваат на вашиот автомобил максимална стабилност: на снег, кал или песок, при искачување или спуштање. Системот за помош при тргнување на нагорнини ве држи стабилни на стрмни наклони.

Искуството води до совршенство.

Можеби секој возач на едно возило потајно се смета себе си за најдобар возач - но често реалноста е сосема поинаква. Со цел правилно да ги процените своите способности, одвреме навреме треба да учествувате во обука за безбедноста за возачот само затоа што секогаш има простор за подобрување.

Зошто да не ја искористите можноста да резервирате термин за обуката за безбедност на Opel Дојдете и проверете ја тековната понудата за модели во различни временски услови и можеби ќе бидете изненадени од тоа колку може ракувањето драматично да се менува во зависност од времето.

Дали ја разбудивме во вас желбата за авантура? Ако е така, уникатниот спортски дух и напредните технологии кои ги нудат SUV моделите ја олеснуваат вашата одлука.

Претходно
  • Opel, Crossland X, Exterior, Front View

    CROSSLAND X

    Стилизираниот Crossland X испорачува иновации со опциите како Head-up дисплеј и задна камера со преглед од 180 °, па сѐ до автоматско сопирање во случај на опасност. Така, градското возење ќе ви биде многу едноставно.

  • Opel, Grandland X, Exterior, Front View

    GRANDLAND X

    Нашиот атлетски SUV модел импресионира со спортскиот став, динамичниот дизајн, ефикасноста и извонредната технологија - за да можете повторно да ја вратите магијата во возењето.

  • Opel, Mokka X, Exterior, Front View

    MOKKA X

    Опционалниот погон на сите тркала 4x4 овозможува добра тракција на која било подлога, во влажни или суви услови - па дали сте тргнале планина или на плажа, овој компактен SUV модел е подготвен за авантура.

  • Opel, Insignia Country Tourer, Exterior, Front View

    INSIGNIA COUNTRY TOURER

    Со став за земјен пат и опционален погон за сите четири тркала, Insignia Country Tourer секогаш ја завршува работата. Врвната технологија и голем багажен простор ја прават врвен семеен SUV модел.

  • Opel, Adam Rocks, Exterior, Front View

    ADAM ROCKS

    Мал SUV, голема забава - ADAM ROCKS со покрив на преклопување е урбаниот истражувач за вас. Персонализирајте го одвнатре и однадвор во огромен број на бои и опрема за совршено да ви одговара на вашата личност.

Следно