ЖИВОТЕН СТИЛ СО SUV МОДЕЛИТЕ: НОВА ЖЕЛБА ЗА АВАНТУРА.

Crossland X, Side View

Некаде во сите нас има желба за авантура - но потребата за предвидливост и рационалност често се спротивставува на потрагата по забава и возбуда. Фактот дека SUV моделите го комбинираат начинот на живеење и удобноста толку добро може да биде тајната на нивната масовна популарност. Прочитајте за да дознаете повеќе за тоа како SUV возило може да одговара на вашиот животен стил.

Песни за возење и авантура

Од каде доаѓа возбудата за SUV модел? Се разбира, постојат многу рационални причини за купување на модерно теренско возило. SUV моделите нудат висок степен на безбедност и флексибилност, а честопати и високо ниво на напредна технологија. Но, почесто е одлука управувана од срцето, а не од главата, а тајната на успехот на SUV моделите може да биде тоа што многу луѓе го поврзуваат стилот на каросеријата со посакуваниот животен стил.

Се сеќавате на класичните песни како „Автопат“ од Крафтверк, „Гориво“ од Металика или „Јас сум вљубен со мојот автомобил“ од Квин? Возењето претставувало нешто посебно во популарната музика - и тоа чувство на слобода е она што го чувствувате кога седите во SUV возило денес. Со новиот Grandland X, Opel го има одговорот на вашата желба за авантура. Уживајте во слободата и освојте го патот. Дознајте повеќе за Grandland X.

SUV моделите совршено се вклопуваат во вашиот животен стил.

Значи, која е дестинацијата? Дали сакате да свртите од патот во природата? Можеби имате авантуристичко хоби и треба да пренесете обемна опрема. Со SUV моделите, секогаш сте во добри раце. Со додатната опрема како што шини на покривот, носачи на велосипеди или држачи на iPad, совршено можете да го усогласите вашиот автомобил со вашите индивидуални потреби. Без разлика дали патувате низ градот или надвор од патот, секоја авантура има своја сопствена музика, а на модерниот звучен систем станува уште побомбастична.

Opel Crossland X, Interior, Side View

Удобност и флексибилност за сите возрасти

Но SUV моделите не се само за авантура, забава и спорт. Благодарение на нивната разновидност, тие ги освојуваат сегментите еден по друг, привлекувајќи ги не само семејствата туку и сите возрасни групи. Повозрасните возачи имаат корист од подигнатата позиција на седење и ергономската удобност - а таканаречените „сребрени сурфери“ се новите авантуристи кои ги ценат модерните возила. Семејствата имаат корист од великодушниот простор и уникатната флексибилност на кабината и багажникот на SUV-возилата, дизајнирани и за возрасни и за деца.

Симбол на нов начин на живот

Како што на SUV сегментот продолжува да му расте популарноста, многу од оние кои се префрлија на животниот стил што го нуди, тешко може да замислат да возат друг тип на автомобил. Моќните мотори, погонот на сите тркала 4х4 и возбудливиот изглед се покажаа како победничка комбинација.

На кратко, возењето SUV модел може да значи сосема нов начин на живот - вашиот автомобил е исто така ваш партнер во секоја авантура или активност, од семејно патување до куќа која се движи. Дознајте повеќе за семејството Opel SUV.

Претходно
  • Opel, Crossland X, Exterior, Front View

    CROSSLAND X

    Стилизираниот Crossland X испорачува иновации со опциите како Head-up дисплеј и задна камера со преглед од 180 °, па сѐ до автоматско сопирање во случај на опасност. Така, градското возење ќе ви биде многу едноставно.

  • Opel, Grandland X, Exterior, Front View

    GRANDLAND X

    Нашиот атлетски SUV модел импресионира со спортскиот став, динамичниот дизајн, ефикасноста и извонредната технологија - за да можете повторно да ја вратите магијата во возењето.

  • Opel, Mokka X, Exterior, Front View

    MOKKA X

    Опционалниот погон на сите тркала 4x4 овозможува добра тракција на која било подлога, во влажни или суви услови - па дали сте тргнале планина или на плажа, овој компактен SUV модел е подготвен за авантура.

  • Opel, Insignia Country Tourer, Exterior, Front View

    INSIGNIA COUNTRY TOURER

    Со став за земјен пат и опционален погон за сите четири тркала, Insignia Country Tourer секогаш ја завршува работата. Врвната технологија и голем багажен простор ја прават врвен семеен SUV модел.

  • Opel, Adam Rocks, Exterior, Front View

    ADAM ROCKS

    Мал SUV модел, голема забава - ADAM ROCKS со покрив на преклопување е урбаниот истражувач за вас. Персонализирајте го одвнатре и однадвор во огромен број на бои и опрема за совршено да ви одговара на вашата личност.

Следно