SUV МОДЕЛИ И КРОСОВЕРИ ОД OPEL.

Дизајнот, динамиката на возењето и флексибилноста ги направија SUV моделите многу популарни. SUV моделите и кросоверите на Opel се комбинација на храбар дизајн и иновации, паметна безбедност и чувство на авантура. Пронајдете го вашиот.

Opel Grandland X, надворешност, поглед од напред

GRANDLAND X.

Нашиот атлетски SUV модел импресионира со спортскиот став, динамичниот дизајн, ефикасноста и извонредната технологија - за да можете повторно да ја вратите магијата во возењето.

Opel Mokka X, надворешност, поглед од напред

MOKKA X.

Опционалниот погон на сите тркала 4x4 овозможува добра тракција на која било подлога, во влажни или суви услови - па дали сте тргнале на планина или на плажа, овој компактен SUV модел е подготвен за авантура.

Opel Crossland X, надворешност, поглед од напред

CROSSLAND X.

Стилизираниот Crossland X испорачува иновации со опциите како Head-up дисплеј и задна камера со преглед од 180 °, па сѐ до автоматско сопирање во случај на опасност. Така, градското возење ќе ви биде многу едноставно.

Opel Adam Rocks, надворешност, поглед од напред

ADAM ROCKS.

Мал SUV модел, голема забава - ADAM ROCKS со покрив на преклопување е урбаниот истражувач за вас. Персонализирајте го одвнатре и однадвор во огромен број на бои и опрема за совршено да одговара на вашата личност.

Opel Insignia Country Tourer, надворешност, поглед од напред

INSIGNIA COUNTRY TOURER.

Со став за земјен пат и опционален погон за сите четири тркала, Insignia Country Tourer секогаш ја завршува работата. Врвната технологија и голем багажен простор ја прават врвен семеен SUV модел.

КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ФАКТИ ЗА SUV МОДЕЛИТЕ.

SUV МОДЕЛИ: КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ?

SUV моделите ги освоија глобалните пазари. Зошто? Дали поради дизајнот, практичноста или нешто друго? Прочитајте повеќе за уникатната успешна приказна на SUV моделите.

СИТЕ ТИПОВИ: ОД МИНИ SUV МОДЕЛИ ДО SUV МОДЕЛИ СО ЦЕЛОСНА ГОЛЕМИНА.

Дали барате CUV или SUV модел? Оff-road-возило или компактен SUV? Не знаете - нема проблем! Овде ќе најдете сѐ што треба да знаете за SUV моделите.

 

МОДЕРЕН ЖИВОТЕН СТИЛ СО SUV МОДЕЛ.

КАКО SUV МОДЕЛИТЕ СЕ ПРОМЕНИЈА ОД СТАТУСЕН СИМБОЛ ВО СЕМЕЈНИ АВТОМОБИЛИ.

SUV моделите ја променија нивната рана улога на статусен симбол - денес, нивната просторност, стил и флексибилност ги прават совршени автомобили за секое активно семејство.

ЖИВОТЕН СТИЛ СО SUV МОДЕЛИТЕ: НОВА ЖЕЛБА ЗА АВАНТУРА.

Мажите, жените, младите возачи, а и искусните - сите сакаат да возат SUV модел. Зошто? Погонот на сите тркала и атлетскиот дизајн ветуваат возбудлив начин на живот.

 

ЗАБАВА ПРИ ВОЗЕЊЕТО, НА АВТОПАТ И OFFROAD.

  • Opel Mokka X, Side View

    НАЈДОБРИТЕ OFFROAD АВТОМОБИЛИ: SUV МОДЕЛИ СО ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА.

    Дали сакате да возите на нерамни терени? Благодарение на погонот 4x4, моќните мотори и високото растојание од подлогата, можете да го совладате секој терен со автомобилите 4x4. Искусете ги самите.