Најзначајни одлики:
- Електричен управувач, осетлив на брзината
- Клима со филтри за частички и мириси, рачно управување
- Систем за следење на притисокот во гумите
- Воздушни перничиња за возач, совозач, предни и странични
Astra е наменски направена по мерка за да ви олесни. Нејзината премиум внатрешност ефикасно создава нова категорија во класата на компактните автомобили.
Остри линии, атлетско вајарство и впечатлива
линија на „летечкиот“ покрив – дизајнот на
Astra го отсликува внатрешниот
динамички потенцијал.
Уникатните задни LED светла1 со
препознатливото „крило“ на Opel и
дневните светла влеваат стил и видливост.
¹Опционално
Контурите на вашиот автомобил запираат погледи, а вашите гуми кажуваат сѐ. 17-инчни и 18-инчни тркала за моќен став на Astra.
Вдишете свеж воздух со само еден допир на копче. Големиот електричен, стаклен сончев покрив1, со вграден штитник за ветер, ве штити од провев, а со штитникот за сонце топлината ќе остане надвор.
1 Опционално
Спортските пакети на линијата OPC за
внатрешноста и надворешноста ѝ даваат на
Astra динамичен, премиум изглед кој ги
комбинира висококвалитетните материјали со
извонреден дизајн на внатрешноста и
надворешноста.
Додајте повеќе карактер со избирање црни детали за вашата Astra. Новиот пакет со црн покрив воодушевува со својот стилизиран
црн покрив и неговите истакнати детали во дизајнот.
Видете и бидете видени. Предните светла IntelliLux
LED® Matrix1, први во класата, ви даваат
прегледност со долги светла без да ги
вознемирувате другите возачи.
¹Опционално
Opel Eye1 содржи:
Системот за отворање и стартување¹ го препознава клучот и автоматски го отклучува возилото кога ќе му се приближите. Ви овозможува и стартување и сопирање без клуч со едноставно притискање на копче.
¹Опционално
Паркирање за професионалци: Совршеното
паркирање до милиметар е побрзо со
напредната помош при паркирање и
задната камера1.
1Опционално
Aвтоматскиот темпомат со целосен опсег на брзината овозможува возачко искуство без стрес.
Подобрете ја вашата добросостојба со мултиприлагодливите ергономски активни седишта1 со опција за масажа и вентилација.
Со загреаните предни, па дури и задни
седишта, плус загреаниот управувач1
брзо ќе се загреете во ладните утра.
¹Опционално
Системот автоматски се отпушта кога се враќате наназад. Исто
така ослободува простор за погодната висока средишна конзола
и наслонот за раце.
Со нискиот праг на багажникот, ќе ја товарите Astra за кратко време. И можете целосно да ги искористите нејзиниот великодушен простор за складирање.
Спортски, глатки и реактивни. Изберете од бензиските мотори до 147 kW (200 КС)1 или дизел моторите до 110 kW (150 КС)2 и КПГ со 81 kW (110 КС)3 за максимум ефикасност на горивото.
Astra има понуда на пренос за сечиј вкус. Изберете помеѓу 5 или 6-брзинскиот рачен пренос или глаткиот 6-брзински автоматик.
Спортскиот прекинувач ја изострува реакцијата
на педалата за гас и управувањето.
ECOTEC® технологиите ја намалуваат
потрошувачката на гориво и издувувањето.
ECOTEC® помошта при возење ви
овозможува да возите со оптимална
ефикасност.
Суспензијата со Ватово поврзување на Astra
Sport Tourer овозможува безбедно ракување без
напор. Сѐ на сѐ - супериорно возење.
Означете ги точните насоки со вградениот Navi 4.0 IntelliLink1 или Navi 900 IntelliLink1, навигациски инфозабавни системи кои вклучуваат револуционерни функции за поврзување.
Поврзете се лесно со мултимедијалниот систем сѐ-во едно R 4.0 IntelliLink1 што е компатибилен со Android Auto™2 од Google или Apple CarPlay™3.
R300 BT е далеку повеќе од радио. Bluetooth® за хендзфри телефон и аудио-стриминг, како и приклучокот USB ве поврзуваат со дигиталниот свет.
Вашите патници назад имаат 2 приклучока USB,
така што нема да се препираат за еден!
Изразете се со оригиналната додатна опрема на Opel и искористете го целосно вашето возило.
Дизајнирано и тестирано за вашиот Opel.
Сликите може да се разликуваат од производот што се продава.
Најзначајни одлики:
Најзначајни одлики:
Најзначајни одлики:
Најзначајни одлики:
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Описите и илустрациите на карактеристиките може да се однесуваат или да покажуваат опционална опрема што не е вклучена во стандардната испорака. Содржаните информации беа точни за време на објавувањето. Го задржуваме правото да вршиме промени во дизајнот и опремата. Прикажаните бои се приближни на вистинските бои. Илустрираната дополнителна опрема е достапна со дополнителна наплата. Достапноста, техничките карактеристики и опремата што се обезбедуваат на нашите возила може да се разликуваат или можат да бидат достапни само во одредени земји или може да бидат достапни само со дополнителна наплата. За прецизни информации за опремата што се нуди на нашите возила , контактирајте вашиот локален партнер на Opel.
+) WLTP
+) Податоците за потрошувачката на гориво и податоците за емисијата на CO2 се одредуваат со користење на Процедурата за тестирање лесни возила, усогласена низ целиот свет (WLTP), во согласност со регулативите R (EК) бр. 715/2007 и R (ЕУ) бр. 2017/1151 (во соодветните верзии). Вредностите не ги земаат предвид возењето и условите при возење. За повеќе информации за официјалните вредности на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, ве молиме прочитајте го упатството „Упатство за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 на новите патнички автомобили“, достапно во сите продажни места или во назначениот државен орган.
++) NEDC
++) Податоците за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 се одредуваат со користење на Процедурата за тестирање лесни возила, усогласена низ целиот свет (WLTP), а релевантните вредности се претворени за да овозможат споредливост со NEDC, согласно регулативите R (EК) бр. 715/2007, R (ЕУ) бр. 2017/1153 и Р (ЕУ) бр. 2017/1151.
Вредностите не ги земаат предвид возењето и условите при возење, опремата или опциите и можат да се разликуваат поради форматот на гумите. За повеќе информации за официјалните вредности на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, ве молиме прочитајте го упатството „Упатство за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 на новите патнички автомобили“, достапно во сите продажни места или во назначениот државен орган.
+++) Застарени модели на возила / лесни комерцијални возила
+++) Сите наведени бројки се однесуваат на основниот модел на ЕУ со стандардната опрема. Податоците за потрошувачката на гориво и емисијата на СО2 се утврдуваат според регулативите R (ЕК) бр. 715/2007 и R (ЕК) бр. 692/2008 (во соодветните верзии), земајќи ја предвид тежината на возилото во работна состојба, како што е утврдено во регулативите. Дополнителната опрема и фабрички поставените опции можат да придонесат за малку повисоки резултати од наведената потрошувачка и бројките за CO2. Податоците за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 не се однесуваат на одредено возило и не се дел од понуда. Тие се обезбедуваат само со цел да се споредат различни возила, но можат да се разликуваат од реалната потрошувачка на гориво во условите за возење во реалниот свет, кои во голема мера зависат од стилот на возење и условите при управување со возилото. Дополнителната опрема може да ја зголеми тежината на возилото кога е празно, а во некои случаи и дозволената носивост на оските, како и дозволената вкупна тежина на возилото и да ги намали дозволените влечни тежини. Ова може да доведе до намалување на максималната брзина и зголемување на времето за забрзување. Податоците за возењето земаат предвид возач од 75 kg плус товар од 125 kg. 2 H гас во m3/100 km.
Opel ќе вложи разумни напори за точноста и обновеноста на информациите на оваа страница, но не презема одговорност за какви било барања или загуби кои произлегуваат од содржината на оваа страница. Некои од информациите на оваа страница може да не се точни поради промени на производите кои што настанале од времето на објавување на информациите. Некои делови од опремата кои се опишани тука се достапни само во одредени земји или по повисока цена. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во секое време. За спецификациите на производите во вашата земја, ве молиме консултирајте се со вашиот дилер на Opel.
Технологијата на колачиња ни помага да ви овозможиме најдобро можно искуство кога ќе ја посетите оваа веб страница. Ве молиме кажете ни дали се согласувате да прифатите колачиња. Дознајте повеќе
Navi 900 IntelliLink1 ги содржи следниве карактеристики:
Navi 900 IntelliLink1 ги вклучува следните карактеристики како дополнение на Navi 4.0 IntelliLink:
1Oпционално
2Компатибилноста и функциите може да зависат од вашиот уред и верзијата на ОС.
3Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
4Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
5SHOP е достапна само доколку возилото е опремено со OnStar.
R 4.0 IntelliLink1 ги содржи следниве карактеристики:
• 7-ичен екран на допир
• Компатибилен со Apple CarPlay™1 и Android Auto™2
• Bluetooth® за хендзфри телефонирање, аудио-стрминг и пристап до телефонскиот именик3
• Радио функција AM/FM
• Гледање на фотографии и видео преку USB3
1Опционално
2Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
3Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
4Само со компатибилни уреди
5 или 6-брзинскиот рачен пренос е глаток и нуди одлична прецизност. Изберете го нашиот 6-брзински автоматски пренос за удобно, високоефикасно возење, особено во комбинација со системот старт/стоп.
Преку автоматско забрзување или успорување помеѓу брзини од 30 km/час до 180 km/час, автоматскиот темпомат помага во одржување безбедно растојание до автомобилот пред вас во секое време.
Автоматски темпомат со целосен опсег на брзината.2. Дизајниран за сообраќајни метежи, FSRA овозможува темпоматот да работи дури и кога целосно ќе го запрете возилото.
2 Достапно само со одредени мотори и преноси.
Предните светла IntelliLux LED® Matrix автоматски се прилагодуваат, така што можете да возите со долги светла без можноста да ги вознемирувате другите возачи.
Opel употребува интелигентна технологија онаму каде што треба:
– Вашите предни светла се состојат од 16 одделни LED-елементи
– Тие регираат на други возила со исклучување на единечни LED-светилки
– Вашите долги светла никогаш немаат одблесок
– Аголните светла дополнително ја подобруваат безбедноста
– Вие имате оптимално осветлување во секоја ситуација
– Возењето ноќе е побезбедно и многу порелаксирано
– Исклучителната сигурност овозможува максимална долготрајност
Помош при препознавање сообраќајни знаци: овој напреден систем за детектирање на сообраќајни знаци ги прикажува ограничувањата на брзината и другите сообраќајни знаци, а дури и препознава привремени електронски знаци.
Индикатор за растојание напред: го мери растојанието до автомобилот пред вас и го предупредува возачот доколку растојанието стане критично.
Предупредување за судир напред: автоматското итно сопирање ве предупредува доколку има опасност да настане судир напред, И, до брзина од 60 km на час, се иницира автоматско итно сопирање.
Индикатор за возење во активната лента: предупредува и овозможува нежно враќање во лентата кога возачот ненамерно ќе започне да застранува од лентата.
1 Опционално
Со новиот пакет со црн покрив1 ќе се издвоите од толпата. Двобојниот дизајн го запира погледот и ѝ го дава на вашата Astra оној многу посебен изглед.
Пакетот со црн покрив вклучува:
1Достапно само во одредени бои.
1Потрошувачка на гориво во l/km: во град 5,4-8,5, на отворено 4,1-5,5, комбинирано 4,7-6,6; издувување CO2 во g/km: комбинирано 107-150.
2Потрошувачка на гориво во l/km: во град 5,1-6,5, на отворено 3,5-4,2, комбинирано 4,1-5,0; издувување CO2 во g/km: комбинирано 107-133.
3Потрошувачка на гориво кај ТНГ во kg H-Gas/100 km: во град 8,3, на отворено 5,1, комбинирано 6,3; издувување CO2 во g/km: комбинирано 113.
Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии). 08/2018
Спортските пакети на линијата OPC за надворешност и внатрешност се достапни како посебни опционални пакети:
Спортскот пакет на линијата OPC за надворешност1 вклучува:
Спортскот пакет на линијата OPC за внатрешност1 вклучува:
1Достапно само во одредени бои.
2Не е достапно со КПГ, сончев покрив или основен бензински мотор. Достапно само доколку е опремено со навигациски систем и предна камера.
Ергономски активните седишта1 за возач/совозач нудат широк избор на можности за прилагодување, вклучувајќи и поддршка на 'рбетот и продолжеток на перничето на седиштето за совршено да ја подесите вашата омилена седечка позиција. Внесете луксуз во вашиот ден со седиштето Wellness со вградени функции за масажа, вентилација и меморија за вашите лични подесувања.
1Oпционално со Enjoy, ергономски активното седиште за возачот е стандардно со Dynamic и Innovation.