- Од
- 19 512 €
Отворена или затворена, Opel Cascada сјае. Чистите линии ја отсликуваат целосната посветеност на елеганција и стил. Од напред, непогрешливо е Opel, префинета во секој детаљ.
Cascada е направена од висококвалитетни материјали, како премиум-кожата Морокана и површините што се прелеваат.
Отворањето на покривот трае 17 секунди и тоа може да се прави при возење до 50 km/час. Направена од врвна квалитетна ткаенина, со својство да ја намалува бучавата, содржи загреано стакло во задниот дел и се складира кога ќе се спушти.
Opel Cascada ве обвива со цврста безбедносна структура, зајакната со дополнителни напречни делови на каросеријата плус други мерки за апсорбирање на удар и распределба на товар.
Предните воздушни перничиња во целосна големина, комбинирани со страничните перничиња во прекумерна големина делуваат во целосна усогласеност со сите други безбедносни мерки за да обезбедат максимална безбедносна ефикасност.
Со нејзината ексклузивна црвена боја „Pull Me Over Red“, the Cascada Supreme јасно се издвојува од толпата, и одозгора на тоа, црниот акустичен покрив додава уште повеќе драма за комплетен изглед.
Деталите се тие што го запираат погледот. Во случајот на Cascada Supreme, тоа е нејзиниот воодушевувачки надворешен црн сјај што совршено се вклопува со црната внатрешност.
За супериорен автомобил потребни се супериорни тркала. Па затоа избравме црни 20-инчни тркала од лесна легура со висок сјај за вашата Cascada. Нема на што!
Угодете си себе си со супериорни седишта! Во Cascada Supreme, вие и вашите патници можете целосно да уживате во ергономските седишта Active со црна кожа.
Ексклузивните црвени шевови се пример на нивото на детали што е постигнато за Cascada Supreme да претставува вистинско инспиративно искуство.
Јасниот видик е најважен за вашата безбедност на патот. Прилагодливото предно осветлување плус (AFL+) се смета за еден од најнапредните системи за осветлување.
Камерата Opel Eye1 на Opel Cascada е направена за вашето возење да ви биде што порелаксирано.
1Дел од пакетот за помош на возачот.
При потешки ситуации на паркирање, системот за помош при паркирање напред и назад, задната камера1 и напредната помош при паркирање2 се тука за поддршка.
Cascada ги содржи предната суспензија HiPerStrut и задната суспензија WattsLink на Opel. Високо-торзионата шасија и цврстината на каросеријата го максимизираат потенцијалот на напредната суспензија.
Со извонредниот изглед на Opel Cascada се совпаѓаат глатките, задоволувачки перформанси. Еден дизел и четири бензиски мотори ја обезбедуваат моќта.
Сертифицираните мулти-прилагодливи ергономски активни седишта што нудат прилагодена комбинација на спорт и поддршка совршено одговараат на природата на Opel Cascada.
Широките врати го олеснуваат влегувањето и излегувањето од автомобилот за сите патници. За предните седишта, Cascada нуди електричен поставувач на безбедносниот појас1 за удобно прицврстување.
1Стандарна опрема со Cosmo
Нема скриени прекинувачи - Едноставно повлечете ги наслоните на седиштата нанапред и седиштата автоматски ќе се лизнат1 нанапред за да им дозволат на патниците да влезат или да излезат.
1Oпционално
Висококвалитетните карактеристики ги подобруваат импресивните квалификации на Cascada за сите временски услови: електронска контрола на климата1, кожа што ја одбива топлината1 и греење на управувачот1.
1Oпционално.
Складирањето знае да биде предизвик за кабриолетите, но не и за Opel Cascada. Тринаесет практично лоцирани можности за складирање овозможуваат ред во автомобилот.
Секогаш наоѓајте го најкраткиот пат до вашата дестинација навигациските системи на Cascada.
CD 600 IntelliLink1 со радио функција го интегрира вашиот паметен телефон во автомобилот и го прикажува на 7-инчниот екран во боја.
1Стандардно за Cosmo
Со оригиналната дополнителна опрема на Opel, изразете се себе си и искористете го потенцијалот на вашето возило.
Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.
Сликите може да се разликуваат од производите што се продаваат.
Најзначајни одлики:
Најзначајни одлики:
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Описите и илустрациите на карактеристиките може да се однесуваат или да покажуваат опционална опрема што не е вклучена во стандардната испорака. Содржаните информации беа точни за време на објавувањето. Го задржуваме правото да вршиме промени во дизајнот и опремата. Прикажаните бои се приближни на вистинските бои. Илустрираната дополнителна опрема е достапна со дополнителна наплата. Достапноста, техничките карактеристики и опремата што се обезбедуваат на нашите возила може да се разликуваат или можат да бидат достапни само во одредени земји или може да бидат достапни само со дополнителна наплата. За прецизни информации за опремата што се нуди на нашите возила , контактирајте вашиот локален партнер на Opel.
+) WLTP
+) Податоците за потрошувачката на гориво и податоците за емисијата на CO2 се одредуваат со користење на Процедурата за тестирање лесни возила, усогласена низ целиот свет (WLTP), во согласност со регулативите R (EК) бр. 715/2007 и R (ЕУ) бр. 2017/1151 (во соодветните верзии). Вредностите не ги земаат предвид возењето и условите при возење. За повеќе информации за официјалните вредности на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, ве молиме прочитајте го упатството „Упатство за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 на новите патнички автомобили“, достапно во сите продажни места или во назначениот државен орган.
++) NEDC
++) Податоците за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 се одредуваат со користење на Процедурата за тестирање лесни возила, усогласена низ целиот свет (WLTP), а релевантните вредности се претворени за да овозможат споредливост со NEDC, согласно регулативите R (EК) бр. 715/2007, R (ЕУ) бр. 2017/1153 и Р (ЕУ) бр. 2017/1151.
Вредностите не ги земаат предвид возењето и условите при возење, опремата или опциите и можат да се разликуваат поради форматот на гумите. За повеќе информации за официјалните вредности на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, ве молиме прочитајте го упатството „Упатство за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 на новите патнички автомобили“, достапно во сите продажни места или во назначениот државен орган.
+++) Застарени модели на возила / лесни комерцијални возила
+++) Сите наведени бројки се однесуваат на основниот модел на ЕУ со стандардната опрема. Податоците за потрошувачката на гориво и емисијата на СО2 се утврдуваат според регулативите R (ЕК) бр. 715/2007 и R (ЕК) бр. 692/2008 (во соодветните верзии), земајќи ја предвид тежината на возилото во работна состојба, како што е утврдено во регулативите. Дополнителната опрема и фабрички поставените опции можат да придонесат за малку повисоки резултати од наведената потрошувачка и бројките за CO2. Податоците за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 не се однесуваат на одредено возило и не се дел од понуда. Тие се обезбедуваат само со цел да се споредат различни возила, но можат да се разликуваат од реалната потрошувачка на гориво во условите за возење во реалниот свет, кои во голема мера зависат од стилот на возење и условите при управување со возилото. Дополнителната опрема може да ја зголеми тежината на возилото кога е празно, а во некои случаи и дозволената носивост на оските, како и дозволената вкупна тежина на возилото и да ги намали дозволените влечни тежини. Ова може да доведе до намалување на максималната брзина и зголемување на времето за забрзување. Податоците за возењето земаат предвид возач од 75 kg плус товар од 125 kg. 2 H гас во m3/100 km.
Opel ќе вложи разумни напори да обезбеди потврда дека содржината на оваа Страна е точна и ажурирана, но не превзема одговорност за тврдења или загуби кои ќе произлезат од повикување на содржината на оваа Страна. Некои од информациите на оваа Страна може да не бидат точни како резултат на промени во производите кои може да се направени по лансирање на производот. Некои елементи од опремата опишана или покажана е достапна само во одредени замји или може да е достапна единствено по дополнителни цени. Opel го задржува правото на промени во спецификациите за производи во секое време. За точни спецификации за одреден производ во вашата земја, ве молиме да се обратите кај вашиот Opel дилер.
Технологијата на колачиња ни помага да ви овозможиме најдобро можно искуство кога ќе ја посетите оваа веб страница. Ве молиме кажете ни дали се согласувате да прифатите колачиња. Дознајте повеќе
• Помош за сообраќајни знаци1: Прикажува ограничување на брзината и други сообраќајни знаци.
• Предупредување при напуштање лента1: Алармира кога ќе забегаме од лентата.
• Индикатор за растојание нанапред1: Го мери растојанието до автомобилот пред вас и предупредува доколку тоа растојание стане критично.
• Предупредување за судир нанапред1: Активира аларм и црвено предупредувачко светло во полето на видикот кога некоја пречка премногу ќе се приближи од напред.
• Предупредување за слепа странична точка2: Проверува дали има возило во внатрешната страна на надворешната лента.
1Дел од пакетот за помош на возачот.
2Опционално достапно само со пакетот за заштита на периметарот.
AFL+ ви овозможува оптимален видик во секое време. Системот постојано ги повлекува сите податоци за брзината и управувањето преку електрониката и сензорите на возилото. Други сензори вршат проценка на светлинските и временските услови и го надгледуваат сообраќајот пред вас и од спротивната насока.
Една од многуте напредни функции на AFL+ е помош за долги светла, со која халогенските светла автоматски се менуваат од долги на кратки и обратно.
Прекрасните црни детали за комплетен изглед се:
• црни капаци на ретровизорите
• црна решетка
• црни додадени делови во светлата за магла
• црни тркала
Новата Cascada Supreme е достапна во следниве бои:
• "Pull Me Over Red"
• "Summit White"
• "Mineral Black"
Ексклузивни црвени шевови испреплетени во внатрешноста на Cascada Supreme, вклучително и на:
• вметнатите делови на вратите
• контролната табла
• седиштата
Предните ергономски активни седишта за возачот/совозачот се ексклузивно препорачани од страна на германската кампања за здрав 'рбет, центар за совршенство во ергономијата. Седиштата содржат:
Задната камера1 ви овозможува јасен видик од 130 степени околу задниот дел на автомобилот. Ставањето на менувачот во рикверц ја активира камерата и сликата се прикажува на информативниот екран во боја.
Напредната помош за паркирање2 ви ја олеснува маката при паркирањето. Едноставно ги пресметува сите маневри што треба да ги направите и ги прикажува графички на централниот екран.
1Oпционално.
2Достапно само со пакетот за заштита на периметарот.
Други мерки што ве чуваат безбедни во оптимална заштитена позиција и ве заштитуваат од повреди се:
• Двојни затегнувачи на појасите
• Рамки на седиштата за монтирање
• Активни потпирачи за главата
• Систем за ослободување на педалите
Ергономски активните седишта1 со електричен продолжеток за потпора на бедрата и прилагодливата област за 'рбетот2 од кожа едноставно треба да ги искусите за да ги цените. Избирањето на 3-брзинската вентилација на седиштата3 е патот кон исклучителниот луксуз.
1Oпционално достапни. Стандардна опрема со седиштата од кожа и премиум кожа.
2Достапен само со спортскиот ергономски пакет за седиштата за возач/совозач.
3Достапно само со пакетот за електрика на седишта 2.
Делот за багажот има капацитет од 280 до 380 литри со отворен или затворен покрив. За само неколку секунди ќе можете да го користите системот FlexFold за да преклопите едно или двете задни седишта и да ослободите простор до 750 литри. Прекинувачите се практично поставени на страните на задниот дел на просторот за багаж.
Грациозните столбови на ветробранското стакло се зајакнати под притисок и во нив содржат челични шипки за зајакнување што се протегаат надолу дури под вратите.
Во задниот дел шипките се прицврстени во најцврстиот дел на задната структура. Ако некогаш ви затребаат, подготвени се да ве заштитат дури да трепнете.
Ракувањето е инстинктивно едноставно. Внатрешниот прекинувач за ракување е поставен на пониската централна конзола. Далечинскиот управувач со копчиња е стандардна опрема на сите модели на Cascada.
Задната суспензија WattsLink овозможува прецизно ракување, глатко возење и извонредно ракување.
Заедно со предната суспензија HiPerStrut, вкупната цврстина придонесува до удобноста при возењето и ниското ниво на бучава и вибрации.
Додадете ги трите индивидуални поставки на суспензијата на Opel FlexRide®1 и можете да избирате како сакате да возите, секогаш и секаде.
1Oпционално.
Сите мотори се во сообразност со стандардот Euro 6.
Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 6.0 – 10.1, на отворено 4.2 – 6.2, комбинирано 4.9 – 7.6; издувување CO2 во g/km: комбинирано 129 - 176.
Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).
Navi 950 IntelliLink е врвен навигациски систем за сеопфатна интеграција на паметен телефон вклучувајќи и аудио стриминг преку Bluetooth®, радио функција плус навигација со следење од птичја перспектива во 3Д.