Претходно
  • ЕДИЦИЈА 120 ГОДИНИ.

    Едицијата Corsa X 120 години веќе доаѓа со импресивна понуда на стандардни карактеристики. Надградете ја дополнително со нашите роденденски пакети за технологија, удобност или дизајн!

  • ИЗВОНРЕДЕН СТИЛ.

    Уникатно извајана и атрактивна, Corsa ве вовлекува во својот свет. Спортска решетка, прецизни предни светла, изгладена линија на покривот, моќни задни пропорции. Внатре изработена со висококвалитетни матријали и сребрени детали. Брилијантна од секој агол.

  • СТИЛ, БОЈА И УДОБНОСТ.

    Чистите, извајани форми на кабината нудат висококвалитетни материјали, премиум ткаенини и тактилни рамни површини. Долгите хоризонтални линии го зголемуваат просторот.

  • ТЕХНОЛОГИЈА НА СВЕТЛАТА.

    Вклучете ги биксенонските предни светла за извонредна ноќна видливост. Интегрираните аголни светла ви помагаат во маневрирањето. Со препознатливите дневни светла LED на Opel дефинитивно ќе бидете видени.

  • ВООДУШЕВУВАЧКИ ТРКАЛА.

    Тркалата кажуваат многу за вас. Брилијантните дизајни на 15 до 17-инчните тркала ги отсликуваат вашите индивидуални моменти и ја намалуваат тежината при отскокнувањето за подобро чувство при возењето.

  • МЕШАЈТЕ И КОМБИНИРАЈТЕ!

    Надградете ја со спортски седишта, кожен управувач и специјалните 16-инчни или 17-инчни алу тркала. Изберете ги вашите комбинации на бои и одвнатре и однадвор. За уште поголема персонализација, проверете ги специјалните пакети.

  • ВИЗУЕЛНА И СПОРТСКА ВОЗБУДА.

    Опремете ја вашата Corsa со шизичка експлозија на секојдневната возбуда. Пакетот Турбо Плус додава визуелна и спортска возбуда, и одвнатре и однадвор.

Следно
Претходно
  • ЕДИЦИЈА 120 ГОДИНИ

  • ДИЗАЈН

  • ВНАТРЕШНОСТ

  • ТЕХНОЛОГИЈА НА СВЕТЛАТА.

  • ТРКАЛА

  • БОИ

  • TURBO PLUS PACK

Следно
Претходно
  • ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ.

    Премиум системот Opel Eye е еден од најбезбедните и најнапредните системи за помош што до сега е направен за автомобили. Така што не грижете се за ништо.

  • НАПРЕДНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

    Гледајте подобро, возете посамоуверено: со задната камера паркирањето ќе ви биде мачкина кашлица.

  • САМО ПОЛЕКА.

    Електриката на управувачот во зависност од брзината ја зголемува прецизноста и заштедува гориво. Употребете го копчето City Mode за да ја зголемите помоша при паркирање или маневрирање при мали брзини.

  • ПАКЕТ ЗА ВИДЛИВОСТ И СВЕТЛА.

    За порелаксирано возење, Corsa реагира на времето и условите на осветленост со опционалниот пакет Sight & Light.

Следно
Претходно
  • OPEL EYE

  • ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

  • ГРАДСКИ РЕЖИМ

  • ПАКЕТ ЗА ВИДЛИВОСТ И СВЕТЛА

Следно
Претходно
  • СЕКОГАШ НА ПРАВИОТ ПАТ.

    Означете ја точната и практична маршута со вградениот Navi 4.0 IntelliLink, кој содржи врвни можности за поврзување.

  • ЛЕСНО СЛУШАЊЕ.

    Радиото R 3.0 има 4 x 20 W и опционален DAB+. CD 3.0 BT содржи CD плеер, Bluetooth® аудио стриминг и хендзфри работа со телефонот, USB и DAB+ доаѓаат како опција.

Следно
Претходно
  • НАВИГАЦИЈА

  • INTELLILINK

  • РАДИА

Следно
Претходно
  • ФУНКЦИЈА ГРЕЕЊЕ.

    Угодете си со пријатното чувство на седиштата со греење и управувачот со греење, греење на задниот прозорец и ретровизорите. Заборавете на чистењето на мразот, предното стакло ThermaTec нежно се загрева и го отстранува.

     

    Сликата може да се разликува од производот што е на продажба.

  • ФЛЕКСИБИЛНОСТ НА ПРОСТОРОТ.

    Спорт, пазарување, одмори… Вашата Corsa е флексибилна. Нејзиниот товарен под прилагодлив на висината лесен е за употреба и брзо и лесно се адаптира на товари со нетипични форми.

Следно
Претходно
  • ПРИЈАТНА ТОПЛИНА

  • ПРОСТОР ЗА ТОВАРЕЊЕ

Следно
Претходно
  • МОЌТА НА ИЗБОРОТ.

    Целосна понуда Euro 6 од 51 kW (70 КС) до 110 kW (150 КС). Висока моќ, ниска жед - моторите со 3 цилиндри ги редефинираат перформансите и изгладеноста на градските автомобили.

  • БРЗО МЕНУВАЊЕ.

    Corsa има 6-брзински рачен пренос и 6-брзински автоматски пренос. Заедно со докажаните 5 брзини, тие нудат прецизност, уживање и одлична економичност.

     

    Сликата може да се разликува од производот на продажба.

  • Ефикасност е кога максимален успех се постигнува со минимален напор. Како кај моторите на Corsa - трошат малку, но забавни се многу.

  • ДИНАМИЧНО ВОЗЕЊЕ.

    Искусете извонредна удобност и прецизност при ракување. Суспензијата на Corsa значително ги намалува бучавата, вибрациите и грубоста. Опционалната спортска шасија дополнително ја подобрува динамиката.

Следно
Претходно
  • МОТОРИ

  • ПРЕНОС

  • ECOTEC®

  • ДИНАМИКА ВО ВОЗЕЊЕТО

Следно

Изразете се со оригиналната додатна опрема на Opel и искористете го целосно вашето возило.
Дизајнирано и тестирано за вашиот Opel. Сликите можат да се разликуваат од производот на продажба.

МОДЕЛИ.

Претходно
  • 120-годишнина

     

    Најзначајни одлики:

     

    • Ограничена понуда на беџ 120 години
    • Ограничена понуда на 15-инчни тркала од легура, техничко сиво 120 години
    • Ограничена понуда на ткаенина 120 години
    • Ограничена понуда на патосници 120 години
    • Паркинг сензори напред и назад
    • Задна камера
    • Navi 4.0 IntelliLink
    • Кожен управувач
    • 17-инчни тркала од легура во врна боја

    ENJOY

     

    Најзначајни одлики:

     

    • 14-инчни челични тркала со раткапни
    • B-столбови, црна фолија (во зависност од бојата на каросеријата)
    • Групирани инструменти, околина со висок сјај во црна боја
    • Седиште на возачот, прилагодливо во 4 насоки, со заден дел на навалување

    COLOR EDITION

     

    Најзначајни одлики:

     

    • 16-инчни челични тркала со раткапни
    • Ткаенина Network Moonray Black или Lace
    • Контроли на управувачот за инфозабавниот систем, контрола за темпоматот и ограничувачот на брзина
Следно
Close

Опсегот на моторите ECOTEC® исто така го вклучува 1.3 diesel ECOTEC® 70 kW (95 КС) со 5-брзинскиот пренос Easytronic®.

Close

Потрошувачка на гориво l/100 km: во град 9,8 - 5,7, на отворено 6,6 - 4,4, комбинирано 7,8 - 4,8; издувување CO2 во g/km: комбинирано 149–111 g/km.

Според регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветната верзија).

Close

При слаба осветленост, вашата Corsa ги вклучува предните светла. Кога детектира дожд, ги активира бришачите. Електрохроматскиот ретровизор автоматски го поништува ноќното зашеметување од светла.

Close

  • Системот за препознавање на сообраќајни знаци ги препознава и прикажува ограничувањата на брзините и другите знаци сообраќајни знаци.
  • Системот за предупредување при напуштање на лента звучно ве предупредува при напуштање на лентата без соодветна индикација.
  • Системот за прикажување на растојание нанапред ве информира за растојанието до возилото што е пред вас.
  • Системот за предупредување за судир нанапред ве предупредува звучно при опасност од судир.
Close

Задната камера ви овозможува да имате подобар преглед и го штити грбот од напрегање со постојано вртење наназад. Едноставно поставете го менувачот во рикверц и гледајте во 7-инчниот монитор.

Close

Пакетот Turbo Plus ги додава следниве карактеристики:

  • Пакет Carbon со решетка и ретровизори во дизајн Carbon
  • Копче за менување на менувачот OPC линија
  • Кожен управувач со рамно дно
  • Кожна рачна сопирачка
  • Спортски педали
  • Специјални 17-инчни тркала од легура
  • Предни и задни спојлери
  • Странични спуштени спојлери
  • Хромиран издувен врв
  • Затемнети задни прозорци
  • Опционални спортски седишта Recaro со кожа
  • Шлагот на тортата: основен мотор 1.4 Turbo ECOTEC® со 110 kW (150 КС).



Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 8,0 - 7,7, на отворено 5,5 - 5,1 , комбинирано 6,4 - 6,1; издувување CO2 во g/km: комбинирано 147-139.

Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).

Close

R 4.0 IntelliLink нуди хендзфри телефонирање и аудио стриминг преку Bluetooth.
Исто така е компатибилен со Apple CarPlay1,3 и Android Auto2,3, овозможувајќи лесен пристап до карактеристиките на паметен телефон и функциите на 7-инчниот екран на допир во боја за да можете да уживате во Maps, TuneIn или Spotify преку екранот на допир или гласовната контрола.

 

1 Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји.
2 Android е трговска марка на Google Inc.

3Apple CarPlay™ и Android Auto™ можеби не се достапни во сите земји и можат да зависат од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ги www.apple.com или www.android.com

Close

Стандардната опрема на едицијата Corsa 120 години:

  • Ограничена понуда на беџ 120 години
  • Ограничена понуда на 15-инчни тркала од легура, техничко сиво 120 години
  • Ограничена понуда на ткаенина 120 години
  • Ограничена понуда на патосници 120 години
  • Рамка на групата инструменти во црна боја со висок сјај
  • Седиште на возач прилагодливо во 4 насоки, со заден дел на навалување
  • Плочки на праговите


> Откријте ги моделите 120 години.

Close

Navi 4.0 IntelliLink ги вклучува следниве карактеристики:

  • Вградена сателитска навигација
  • Структуриран внес на дестинација во еден ред
  • 7-инчен екран во боја на допир
  • Компатибилен со Apple CarPlay™1 и Android Auto™2
  • Поврзување преку Bluetooth® за хендзфри разговори, аудио стриминг и пристап до телефонскиот именик3
  • Радио функција AM/FM
  • Репродукција на фотографии и видео преку USB3
  1Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и во други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативниот систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
2Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативниот систем. Ве молиме посетете ја www.android.com
³ Само со компатибилни уреди

Вредностите не ги земаат предвид специјалното користење, условите за возење, опремата или опциите, и може да варираат во зависност од формата на гумите. За повеќе информации за вредностите на официјалната потрошувачка на гориво и вредностите на издувување CO2, ве молиме прочитајте ги насоките „Насоки за потрошувачка на гориво, издувување CO2 на новите патнички автомобили“, бесплатно достапни во сите продажни места или кај назначениот државен орган.