НОВАТА CORSA-E.  Едноставно електрична.

Германскиот градски автомобил подготвен за иднината. 100 % електрична. Подгответе се за електрично искуство со импресивен опсег, брзо полнење и спортски перформанси. Достапна на почетокот на 2020 година. Откријте ја новата Corsa-e и истражете ги нашите услуги на Opel за непречено и безгрижно стартување во е-мобилноста.

ОПСЕГ ОД 340 KM.

Новата Corsa-e ви дава импресивен опсег од 330 km (WLTP)* без дополнување. Совршена за вашата секојдневна употреба. Едноставно електрична. И едноставно неверојатно. Каде сакате да одите денес?


*Дадените податоци за опсегот се прелиминарни и се утврдени според методологијата на WLTP-тестот (R (EC) бр. 715/2007, R (ЕУ) бр. 2017/1151). Одобрување за ЕК-тип и сертификатот за усогласеност сѐ уште не се достапни. Прелиминарните вредности може да се разликуваат од официјалните податоци за одобрување на тип. Секојдневната употреба може да се разликува и зависи од различни фактори. Особено: личен стил на возење, карактеристики на патот, надворешна температура, греење/климатизација, пред-климатизација.

Се полни до 80% за 30 минути.

Брзо и лесно: наполнете ја погонската батерија на Corsa-e до 80 % за само 30 минути1. Уживајте во разновидната стратегија за полнење на Opel, која ви овозможува да останете флексибилни, како за дневни растојанија, така и за подолги патувања. Дознајте повеќе овде.

1Теоретска вредност, пресметана врз основа на прелиминарниот опсег WLTP од 330 km. На брз полнач на еднонасочна струја (100 kw). Одразено е полнење од празно. Времето на полнење може да варира во зависност од видот и моќноста на станицата за полнење, надворешната температура на местото на полнење и температурата на погонската батерија.

Повеќе забава, поголем опсег.

Кој е вашиот стил на возење? Новата Corsa-e ви овозможува да изберете: спортскиот режим ја зголемува забавата, режимот на регенерација го зголемува опсегот. Изборот е ваш.

Минимален звук, максимална моќ.

Загадувањето е исто така прашање на бучава. Затоа уживаЈте во новата Corsa-e без бучава. Со својот тивок електричен мотор правите активен придонес за намалување на емисиите на бучава и го прави вашето возење порелаксирано.

ЕДНОСТАВНО ЕЛЕКТРИЧНА: ОЛЕСНЕТА E-МОБИЛНОСТ.

Од опции за полнење до услуги за мобилност: услугите на Opel за електрични возила нудат глаток и безгрижен почеток во е-мобилност.

Close

*Range data given is preliminary and has been determined according to WLTP test procedure methodology (R (EC) No. 715/2007, R (EU) No. 2017/1151). EG type approval and Certificate of Conformity are not yet available. The preliminary values might differ from official final type approval data. EG type approval and Certificate of Conformity are not yet available. The preliminary values might differ from official final type approval data. Everyday use may differ and is dependent on various factors. In particular: personal driving style, route characteristics, exterior temperature, heating/air conditioning, pre-conditioning.