Без оглед на тоа што вашиот нов Opel Vivaro носи, без разлика кој седи во него, сѐ што е можно е направено за да се подобри и подигне нивото на безбедност без да се загрозат економичноста, ефикасноста или удобноста.
Карактеристиките на активна безбедност вклучуваат:
Програма за електронска стабилност (ESP®Plus)
Анти-блокирачки систем за сопирање (ABS)
Електронска сопирачка – дистрибуција на сила (EBD)
Систем за помош при качување по нагорнина (HSA)
Контрола на тракцијата (ТК)
Програма за стабилност на приколка (TSP) (со дополнителна кука за приколка)
Тоа е многу за кое било комби - но новиот Opel Vivaro нуди дури и повеќе. На пример нејзината ESP®Plus исто така вклучува:
Адаптивна контрола на товарот. Контролата на товарот се прилагодува на ESP®Plus системот според тоа дали возилото е целосно натоварено, половина натоварено или празно (стандардна опрема).
Ублажување при превртување. Системот за ублажување при превртување постојано го надгледува однесувањето на возилото со помош на сензорите на системот ESP®Plus и интервенира кога има опасност возилото да се преврти.
Хидраулична помош при сопирање. Во критична ситуации хидрауличната помош при сопирање ја зголемува силата на сопирачката до максимум, намалувајќи го растојанието на сопирање.
Безбедноста на децата е секогаш приоритет во Opel. ISOFIX детските седишта можат да бидат монтирани на страничните седишта во вториот ред на Vivaro Combi, кој е опремен и со дополнителната безбедност на TopTether за заштита на вратот.
Надворешните ретровизори со двојни леќи ги минимизираат опасностите од слепата точка додека возите, со посебно пониско огледало, кое овозможува дополнителен преглед додека претекнувате, а има и асферичен надворешен дел за подобра долг дострел на видливост. Уникатниот широк ретровизор, кој се наоѓа на совозачкото ролетна, нуди екстра видливост на сложени сообраќајони крстосници.
Систем за следење на притисокот на гумите (TPMS)
TPMS ја зголемува безбедноста преку откривање на недостаток на притисокот во гумите, додека сте на пат. Сензорот е активиран, а светлината во групата инструменти јавува предупредување против целосно истушување.
Новиот Opel Vivaro ги исполнува регулативите за заштита на нозете на пешаците со оптимизирана област на браникот. Со хауба што може да се деформира, како и елементите под неа, плус простор за судар кој овозможува непречена деформација за овозможување на ефикасна заштита на главата.
Алармен систем
Алармниот систем на за новиот Vivaro е дизајниран во согласност со Истражувачкиот центар за осигурување и поправање на моторни возила, Татчам, ОК. Тој доби натпросечно рангирање Е. Се активира кога некој сака насилно да влезе во возилото, свири сирената и трепкаат светлата. Како заштита против дисконекција на батеријата, си содржи сопствен избор на енергија.
Заклучување со блокирање
Предните врати можат да се заклучат со блокирање преку фабрички монтиран систем за блокирање на Opel. Ова ја зголемува безбедноста на возилото и ја отежнува кражбата.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Описите и илустрациите на карактеристиките може да се однесуваат или да покажуваат опционална опрема што не е вклучена во стандардната испорака. Содржаните информации беа точни за време на објавувањето. Го задржуваме правото да вршиме промени во дизајнот и опремата. Прикажаните бои се приближни на вистинските бои. Илустрираната дополнителна опрема е достапна со дополнителна наплата. Достапноста, техничките карактеристики и опремата што се обезбедуваат на нашите возила може да се разликуваат или можат да бидат достапни само во одредени земји или може да бидат достапни само со дополнителна наплата. За прецизни информации за опремата што се нуди на нашите возила , контактирајте вашиот локален партнер на Opel.
+) WLTP
+) Податоците за потрошувачката на гориво и податоците за емисијата на CO2 се одредуваат со користење на Процедурата за тестирање лесни возила, усогласена низ целиот свет (WLTP), во согласност со регулативите R (EК) бр. 715/2007 и R (ЕУ) бр. 2017/1151 (во соодветните верзии). Вредностите не ги земаат предвид возењето и условите при возење. За повеќе информации за официјалните вредности на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, ве молиме прочитајте го упатството „Упатство за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 на новите патнички автомобили“, достапно во сите продажни места или во назначениот државен орган.
++) NEDC
++) Податоците за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 се одредуваат со користење на Процедурата за тестирање лесни возила, усогласена низ целиот свет (WLTP), а релевантните вредности се претворени за да овозможат споредливост со NEDC, согласно регулативите R (EК) бр. 715/2007, R (ЕУ) бр. 2017/1153 и Р (ЕУ) бр. 2017/1151.
Вредностите не ги земаат предвид возењето и условите при возење, опремата или опциите и можат да се разликуваат поради форматот на гумите. За повеќе информации за официјалните вредности на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, ве молиме прочитајте го упатството „Упатство за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 на новите патнички автомобили“, достапно во сите продажни места или во назначениот државен орган.
+++) Застарени модели на возила / лесни комерцијални возила
+++) Сите наведени бројки се однесуваат на основниот модел на ЕУ со стандардната опрема. Податоците за потрошувачката на гориво и емисијата на СО2 се утврдуваат според регулативите R (ЕК) бр. 715/2007 и R (ЕК) бр. 692/2008 (во соодветните верзии), земајќи ја предвид тежината на возилото во работна состојба, како што е утврдено во регулативите. Дополнителната опрема и фабрички поставените опции можат да придонесат за малку повисоки резултати од наведената потрошувачка и бројките за CO2. Податоците за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 не се однесуваат на одредено возило и не се дел од понуда. Тие се обезбедуваат само со цел да се споредат различни возила, но можат да се разликуваат од реалната потрошувачка на гориво во условите за возење во реалниот свет, кои во голема мера зависат од стилот на возење и условите при управување со возилото. Дополнителната опрема може да ја зголеми тежината на возилото кога е празно, а во некои случаи и дозволената носивост на оските, како и дозволената вкупна тежина на возилото и да ги намали дозволените влечни тежини. Ова може да доведе до намалување на максималната брзина и зголемување на времето за забрзување. Податоците за возењето земаат предвид возач од 75 kg плус товар од 125 kg. 2 H гас во m3/100 km.
Opel ќе вложи разумни напори за точноста и обновеноста на информациите на оваа страница, но не презема одговорност за какви било барања или загуби кои произлегуваат од содржината на оваа страница. Некои од информациите на оваа страница може да не се точни поради промени на производите кои што настанале од времето на објавување на информациите. Некои делови од опремата кои се опишани тука се достапни само во одредени земји или по повисока цена. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во секое време. За спецификациите на производите во вашата земја, ве молиме консултирајте се со вашиот дилер на Opel.
Технологијата на колачиња ни помага да ви овозможиме најдобро можно искуство кога ќе ја посетите оваа веб страница. Ве молиме кажете ни дали се согласувате да прифатите колачиња. Дознајте повеќе