Дизајн 
Нов додаток на долната решетка
Спортскиот стил на Astra е подигнат на повисоко ниво со GSe. Смелиот и елегантен дизајн на долната решетка овозможува подобрено присуство на патот и уште подинамичен став.  
Наплатки и пневматици
Уникатните и лесни 18˝ двобојни алуминиумски наплатки со дијамантски сјај и со црни додатоци кај Astra GSe гарантираат одличен изглед и перформанси на повисоко ниво. 
Внатрешен дизајн. 
Искусете го смелиот и елегантен дизајн без компромис. Управувачот со рамно дно овозможува одлично држење и управување, додека останувате поврзани преку интуитивниот инфоазабавен систем.  
Седишта со спортски перформанси

Новите GSe спортски предни седишта во Јet црна Alcantara®  со AGR сертификат1 Ви овозможуваат удобност и контрола за време на најдинамичните маневрирања преку ергономска оптимизирана поддршка

 

1Сертификатот е печат за квалитет доделен од Кампањата за здрав грб (AGR), независна комисија за тестирање составена од различни медицински дисциплини.