Карактеристики водечки во класата
Високо-енергетски хибрид
Во срцето на Opel Astra Sports Tourer Plug-in Hybrid е сместена високонапонската батерија со капацитет од 12,4 kW составена од 84 ќелии што се ладат со течност. Лесна и со висока енергетска густина, го придвижува електричниот мотор секогаш кога е вклучен хибриден или чист електричен режим. Компактна и совршено интегрирана во погонската група, батеријата поддржува низок центар на гравитација за извонредна динамика и едноставно електрично возење. 
Перформанси без компромис
Plug-in хибридните мотори имаат две нивоа на моќност: 180 КС и 225 КС и Ви овозможуваат избор на конвенционално и хибридно возење со опег до 60 km во чисто електричен режим.

* Потрошувачка на гориво во комбиниран циклус 1,1 l / 100 km; Емисија на CO2 во комбиниран циклус 25-26 g / km; автономија во чисто електричен режим (комбиниран циклус) 59 - 60 km (во зависност од опремата и опциите) 
Поинаква динамика
Plug-in Hybrid технологијата ги оптимизира перформансите благодарение на ефикасниот 8-степен автоматски менувач [EAT8] и максималниот вртежен момент од 360 Nm. 
Изберете го вашиот режим на возење
Electric, sport или hybrid - има режим на возење за секоја потреба. Новата Opel Astra Sports Tourer Plug-in Hybrid беспрекорно се префрла помеѓу режимите на возење за да обезбеди урбано возење со нула емисија, да се справи со автопатите при голема брзина или да има совршен баланс на моќ и ефикасност. 
Патувајте подалеку
Системот за враќање на енергијата iBooster ја враќа силата што вообичаено се губи при сопирање или забавување и ја користи за полнење на батериите со што дополнително го зголемува опсегот во електричниот режим. 
Паметно возење
Системите за следење на податоците на возилото кај Astra Plug-in Hybrid го информира возачот и командува. Системот обезбедува едноставен и интуитивен преглед на условите за возење и потрошувачката на енергија за да се постигне максимален опсег и ефикасност.