Системи за безбедност и помош при возење
Intelli-Lux®  pixel светла
168 адаптивни LED сегменти кои се прилагодуваат автоматски, Ви овозможуваат да патувате со постојано вклучено долго светло без да ги заслепувате другите возачи. 
Intelli-HUD

Intelli-HUD (Head up дисплеј)1 проектира важни информации директно на ветробранското стакло во видното поле на возачот, прикажувајќи податоци за возењето, предупредувања, дојдовни повици и медија информации.

 

1 Достапно како стандард само за избрани модели.

 
Intelli-Drive 1.0 
Системот комбинира три од технолошки најнапредните карактеристики кај Astra Sports Tourer за да Ви овозможи незаменлива контрола над возилото додека патувате. Системот Intelli-Drive 1.01 интегрира помош за позиционирање на лента (LPA) што и овозможува на Astra внимателно да го исправи возилото за да вози постабилно меѓу лентите. 

Вклучува и систем за предупредување за ненамерно напуштање лента што Ве известува кога друго возило брзо се приближува кон задниот дел или влегува во слепа точка, и систем за предупредување за возила при возење наназад што Ве предупредува за различни пречки додека возите наназад, вклучувајќи велосипедисти или пешаци, на растојание од дури 40 метри. 

 

1 Достапно како стандард само кај некои модели.

Intelli-Drive 2.0 
Системот Intelli-Drive 2.01 е најнапредната и најинтуитивна технологија за помош на Opel што ја прави новата Astra Sports Tourer најбезбедниот и најрелаксирачкиот автомобил што некогаш сме го направиле. 

Системот вклучува бројни функции, вклучително и напредната интелигентна адаптација на брзина (СЅА) која ги следи сообраќајните знаци и Ви овозможува соодветно да успорите или забрзате, а исто така ги зема во предвид временските услови и полу-автоматската промена на лента (SALC) која детектира кога се движите од една во друга лента и може да го изврши маневрирањето наместо Вас.

 

1 Достапно како стандард само на одредени модели.

Intelli-Vision
Системот Intelli-Vision користи четири камери за да произведе HD слика во реално време од областа околу автомобилот; на тој начин Ви овозможува јасно да ги видите возилата што се приближуваат и го поедноставува паркирањето. 
Влегување и стартување без клуч
Системот за влегување и стартување без клуч, во комбинација со капацитивните и паметни рачки на вратите, Ви овозможува да го започнете секое патување едноставно со седнување, притискање на старт и возење.