Contents inside this Slide Collection are only authorable inside of this page.

You must add a Slide component for each slide that you want within a Multimedia Scroller on this template first.

After adding a Slide component, you can then add additional components to the parsys of the Slide component.


ПРЕДНИ СВЕТЛА INTELLILUX LED® MATRIX.

Видете и бидете видени. Предните светла IntelliLux LED® Matrix1, први во класата, ви даваат прегледност со долги светла без да ги вознемирувате другите возачи.

 

Предните светла IntelliLux LED® Matrix автоматски се прилагодуваат, така што можете да возите со долги светла без можноста да ги вознемирувате другите возачи.


Opel употребува интелигентна технологија онаму каде што треба:


– Вашите предни светла се состојат од 16 одделни LED-елементи
– Тие регираат на други возила со исклучување на единечни LED-светилки
– Вашите долги светла никогаш немаат одблесок
– Аголните светла дополнително ја подобруваат безбедноста
– Вие имате оптимално осветлување во секоја ситуација
– Возењето ноќе е побезбедно и многу порелаксирано
– Исклучителната сигурност овозможува максимална долготрајност

 

1Опционално

 

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

МУЛТИТАЛЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.

Opel Eye1 содржи:

  • Помош за препознавање сообраќајни знаци
  • Индикатор за растојание напред
  • Предупредување за судир напред
  • Систем за автоматско, итно сопирање во град
  • Активен индикатор за помош при држење во лента
 

Помош при препознавање сообраќајни знаци: овој напреден систем за детектирање на сообраќајни знаци ги прикажува ограничувањата на брзината и другите сообраќајни знаци, а дури и препознава привремени електронски знаци. 

 

Индикатор за растојание напред: го мери растојанието до автомобилот пред вас и го предупредува возачот доколку растојанието стане критично.


Предупредување за судир напред: автоматското итно сопирање ве предупредува доколку има опасност да настане судир напред, И, до брзина од 60 km на час, се иницира автоматско итно сопирање. 


Индикатор за возење во активната лента: предупредува и овозможува нежно враќање во лентата кога возачот ненамерно ќе започне да застранува од лентата.


1Опционално

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

ОТВОРАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ.

Системот за отворање и стартување¹ го препознава клучот и автоматски го отклучува возилото кога ќе му се приближите. Ви овозможува и стартување и сопирање без клуч со едноставно притискање на копче.


¹Опционално

 

EASY PARKING.

Паркирање за професионалци: Совршеното паркирање до милиметар е побрзо со напредната помош при паркирање и задната камера1.


1Опционално

 

ВИСТИНСКО ДИРЕКТОРСКО ВОЗЕЊЕ.

Aвтоматскиот темпомат со целосен опсег на брзината овозможува возачко искуство без стрес.

 

Преку автоматско забрзување или успорување помеѓу брзини од 30 km/час до 180 km/час,  автоматскиот темпомат помага во одржување безбедно растојание до автомобилот пред вас во секое време.

 

Автоматски темпомат со целосен опсег на брзината.2. Дизајниран за сообраќајни метежи, FSRA овозможува темпоматот да работи дури и кога целосно ќе го запрете возилото.

 

2Достапно само со одредени мотори и преноси.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ