Технологија
Напредна батерија

Дополнителна моќност за исполнување на Вашите секојдневени активности: новиот мотор кај Combo Electric се напојува со сет на робусни литиум-јонски батерии од 50 kWh, што овозможува опсег до 345 km1 и моментален вртежен момент. Благодарение на ќелиите со висока енергетска густина, вклучително и напредно управување со топлина и балансирана интеграција на шасијата, секогаш можете да бидете спокојни и сигурни во предвидувањето на наведената автономија. 

 

1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 18,0 – 18,8.kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; опсег (комбинирано) од 336 km до 345 km (во зависност од опремата). 

 
Режими на возење
Секој ден носи нешто ново: новиот Combo Electric се прилагодува на Вашиот стил на возење и на индивидуалните потреби на секое патување со избирачот на режим на возење. Изберете POWER за максимални перформанси и удобност со или без тежок товар, NORMAL за избалансирано возење помеѓу перформансите и ефикасноста и ECO за максимален опсег и енергетска ефикасност. 
Без стрес
Во урбаниот семеен живот мирот и тишината добиваат посебна вредност. За среќа, новиот Combo Electric го прави секое патување што е можно поспокојно и мирно. Електричните погонски единици на Opel се повеќе од само нула емисии, тие се исто така со нула бучава, нула вибрации, непречено менување степени и 100% неограничен пристап до зоните со ниска емисија. 
Следење на податоците за возилото
Уживајте во ефикасното возење: за системот за следење на податоците за возилото кај Combo Electric се искористени софистицирани сензори за да се овозможи детален преглед и прикажување на статусот на возилото, батеријата и преостанатиот опсег за уште подобро планирање на Вашите семејни патувања.