Безбедност и помош при возење
Автоматско сопирање при итни ситуации
Секое патување да биде безбедно патување: автоматското сопирање при итни случаи1 со детекција на пешаци предупредува за потенцијален судир со пешак или друго возило. Ако не се преземе никакво дејство, возилото автоматски ќе сопира. 
1 Работи автоматски над 5 km/h и под 85 km/час. Од 0 до 30 km/h, метриката на успорувањето за намалување на ударната брзина на судирот е 0,9 g. Од 30 до 85 km/h системот ја намалува брзината до максимум 22 km/h. По овој праг, возачот треба да сопира сам да ја намали брзината уште повеќе. Оперативната брзина на AEBPD зависи од детектираната пречка (мобилна пречка: од 5 до 85 km/h, фиксна пречка: од 5 до 80 km/h, пешак: од 5 до 60 km/h). Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на системските ограничувања. Возачот останува одговорен при возење.
Drive Assist Pack1 

Напредна безбедност за Вас и Вашите сакани: Drive Assist Pack на Opel вклучува Highway Integrated Assist, која се одликува со адаптивен темпомат со stop and go функција, како и помош за позиционирање на лента и проширено препознавање на сообраќајни знаци. 

 

1 Опција

 
Предупредувањето за странични слепи точки

Предупредувањето за странични слепи точки1 кај новиот Combo Electric автоматски ги надгледува и предупредува при приближување на возила во паралелните ленти и во слепите точки, што Ви дава поголема сигурност при менувањето ленти и да бидете поопуштени.  

 

1 Oпција

 
Странична заштита (Flank Guard)

Системот за странична заштита1 користи 12 сензори за предупредување за препреки кои можеби не се видливи при влегување во свиоци со мала брзина преку визуелни и звучни предупредувања на екранот за инфозабава.

 

1 Опција.

 
IntelliGrip

Без разлика на временските услови или условите на патот: со контролата на тракцијата IntelliGrip1, Вие и Вашето семејство секогаш ќе пристигнувате безбедно. Паметниот систем се прилагодува на условите со слабо држење, како што се возење по кал, песок или снег, и е достапен со пет одделни режими на возење.  

 

1 Опција. 

 
Камера за возење наназад

180° широкоаголната панорамска камера1 кај новиот Combo Electric ја прикажува околината околу автомобилот на 10" екран на допир. Виртуелните линии за управување на екранот помагаат да се олесни возењето наназад. 

 

1 Опција кај Combo Electric (основната верзија), стандардно кај Combo Electric (XL)