Новата Corsa-e
Едноставно електрична
Германскиот градски автомобил подготвен за иднината. 100 % електрична. Подгответе се за електрично искуство со импресивен опсег, брзо полнење и спортски перформанси. Достапна на почетокот на 2020 година. Откријте ја новата Corsa-e и истражете ги нашите услуги на Opel за непречено и безгрижно стартување во е-мобилноста.
Опсег од 352 KM
Опсег
Новата Corsa-e ви дава импресивен опсег од 352 km (WLTP)* без дополнување. Совршена за вашата секојдневна употреба. Едноставно електрична. И едноставно неверојатно. Каде сакате да одите денес?
*Дадените податоци за опсегот се прелиминарни и се утврдени според методологијата на WLTP-тестот (R (EC) бр. 715/2007, R (ЕУ) бр. 2017/1151). Одобрување за ЕК-тип и сертификатот за усогласеност сѐ уште не се достапни. Прелиминарните вредности може да се разликуваат од официјалните податоци за одобрување на тип. Секојдневната употреба може да се разликува и зависи од различни фактори. Особено: личен стил на возење, карактеристики на патот, надворешна температура, греење/климатизација, пред-климатизација.
Се полни до 80% за 30 минути
Полнење
Брзо и лесно: наполнете ја погонската батерија на Corsa-e до 80 % за само 30 минути1. Уживајте во разновидната стратегија за полнење на Opel, која ви овозможува да останете флексибилни, како за дневни растојанија, така и за подолги патувања. Дознајте повеќе овде.
1Теоретска вредност, пресметана врз основа на прелиминарниот опсег WLTP од 330 km. На брз полнач на еднонасочна струја (100 kw). Одразено е полнење од празно. Времето на полнење може да варира во зависност од видот и моќноста на станицата за полнење, надворешната температура на местото на полнење и температурата на погонската батерија.
1Теоретска вредност, пресметана врз основа на прелиминарниот опсег WLTP од 330 km. На брз полнач на еднонасочна струја (100 kw). Одразено е полнење од празно. Времето на полнење може да варира во зависност од видот и моќноста на станицата за полнење, надворешната температура на местото на полнење и температурата на погонската батерија.
Повеќе забава, поголем опсег
Sport & regeneration режими
Кој е вашиот стил на возење? Новата Corsa-e ви овозможува да изберете: спортскиот режим ја зголемува забавата, режимот на регенерација го зголемува опсегот. Изборот е ваш.
Минимален звук, максимална моќ
Бесшумно
Загадувањето е исто така прашање на бучава. Затоа уживаЈте во новата Corsa-e без бучава. Со својот тивок електричен мотор правите активен придонес за намалување на емисиите на бучава и го прави вашето возење порелаксирано.
Едноставно електрична: олеснета e-мобилност
Opel услуги за електрични возила
Од опции за полнење до услуги за мобилност: услугите на Opel за електрични возила нудат глаток и безгрижен почеток во е-мобилност.