Водечки карактеристики во класата
Совршено интегрирана батерија
Батеријата на Corsa-e се наоѓа под предните и задните седишта. Ова обезбедува максимален капацитет на багажникот. Исто така, поддржува низок центар на гравитација за подобра динамика при возење. 
Спортски перформанси
Што се однесува до забавата при возење, новата Corsa-e е помеѓу водечките: 0-100 km/h за 8,1 секунда без да треба да го изберете вистинскиот однос на менувачот и со моментален вртежен момент. Сосема нова форма на уживање при возење. 
Минимална бука, максимална моќ
Со новата Corsa-е уживајте во тивкото возење. Со тивкиот електричен мотор придонесувате за намалување на емисијата од буката и го прави возењето поопуштено. 
Режими на возење

Перформанси, економичност или по малку од двете, Corsa-е има режими на возење за да одговара на секој стил на возење:

  • Режимот Sports овозможува максимално возбудливо и динамично возење со врвен вртежен момент, спортски одговор на забрзување и специјална динамична калибрација на управувачот.
  • Режимот Eco помага да го максимизирате опсегот  со ограничување на одредени аспекти на перформанси на возилото (вртежи, заврзување) додека истовремено ја оптимизира потрошувачката на енергија на возилото (греење, клима уред).
  • Режимот Normal овозможува совршен балас на перформансите и ефикасноста.   
 
Регенеративно сопирање
Corsa-е користи регенеративен систем за сопирање кој ја враќа енергијата која инаку би се изгубила при сопирање и ја претвара таа енергија во уште поголем опсег. Системот почнува да ја полни батеријата штом го тргнете стапалото од педалата за гас. 
Следење на податоците за возилото
Corsa-e Ви овозможува да бидете информирани и да имате контрола. Следењето на податоците за возилото му овозможува на возачот едноставен и интуитивен преглед на условите за возење и потрошувачката на енергија за да се обезбеди максимална ефикасност и опсег.