Напредна технологија
IntelliLux® Matrix LED
Новата Opel Corsa е опремена со најдобрите IntelliLux® Matrix LED предни светла во класата кои обезбедуват оптимална видливост и автоматска приспособливост за да се избегне заслепување на возачите од спротивната страна. Со 14 Matrix сегменти и нов дизајн, IntelliLux®  овозможуваат видливост во сите услови!
 
Opel Drive Assist
Функцијата за активно позиционирање во лентата, како дел од системите за помош при возење на Opel, го следи патот и користи суптилен вртежен момент, за автоматски да ја задржи новата Opel Corsa во својата лента, правејќи го возењето по автопат побезбедно, помалку заморно и попријатно. 
 
Адаптивен темпомат
Кога е активиран, адаптивнниот темпомат забрзува и сопира автоматски, одржувајќи ја Вашата Opel Corsa на постојано растојание од автомобилот напред, за побезбедно, поудобно и порелаксирано возење. 
Препознавање на знак за ограничување на брзина
Напредниот систем на камери кај новата Opel Corsa препознава различни сообраќајни знаци и практично ги прикажува пред Вас на дигиталната инструмент табла. Тоа значи, што и да се случува на патот околу Вас, Вие нема да испуштите знак за ограничување на брзина никогаш повеќе!
 
Автоматско сопирање при итни случаи
Системот за автоматско сопирање при итни случаи кај Opel Corsa го следи патот напред, предупредувајќи го возачот во случај на можен судир и ги активира сопирачките кога не се презема никакво дејство од страна на возачот. Системот ги препознава и автомобилите и пешаците и обезбедува дополнителен безбедност при возење во урбаните средини со густ сообраќај. (Системот е активен на брзина помеѓу 5 km/h и 140 km/h) 
Детектирање на агол во кој видливоста е ограничена (слепа точка)
Кај Opel Corsa, системот за следење на т.н. слепи точки е активен помеѓу 12 и 140 km/h. Тој континуирано ги следи аглите во кои видливоста е ограничена. Индикаторите позиционирани во надворешните ретровизори, светнуваат за да сигнализираат кога има возило во агол од кој не можете да го забележите.