Удобност во внатрешноста
Функција за масажа
Бидете опуштени после секое возење. Новата Opel Corsa располага со удбни Alcantara® седишта со лумбална поддршка и функција за масажа за возачот, плус функција за греење со три степени на седиштата за возачот и совозачот, што го прави секое патување задоволство.
 
Панорамски стаклен кров
Панорамскиот стаклен кров ја облева кабината на новата Opel Corsa со природна светлина и совршено ги врамува пејзажите околу Вас, од градските хоризонти до ѕвезденото ноќно небо. Секое патување ќе претставува еден вид разгледница. 
Влегување во возилото без активирање на клучот и стартување
Системот за влегување во возилото без активирање на клучот го прави пристапот во Вашата нова Opel Corsa уште поедноставен. Отклучете, стартувајте и повторно заклучете го автомобилот без потреба од физичка интеракција со клучот. Без разлика дали Вашите раце се полни или клучевите се длабоко во Вашата торба, со леснотија ќе пристапите во Вашата нова Corsa. 
Простор за секоја пригода
Добро осмислениот простор кај новата Opel Corsa, се одликува со простори за складирање кај вратите во кои може да одложите шишиња од 1,5 литри, голем багажник и практични задни седишта кои се преклопуваат 60/40. Секогаш ќе бидете подготвени за секојдневието, без разлика дали станува збор за шопинг или патување за викенд.