Contents inside this Slide Collection are only authorable inside of this page.

You must add a Slide component for each slide that you want within a Multimedia Scroller on this template first.

After adding a Slide component, you can then add additional components to the parsys of the Slide component.


ЕДИЦИЈА 120 ГОДИНИ.

Едицијата Corsa X 120 години веќе доаѓа со импресивна понуда на стандардни карактеристики. Надградете ја дополнително со нашите роденденски пакети за технологија, удобност или дизајн!

 

Стандардната опрема на едицијата Corsa 120 години:

 

  • Ограничена понуда на беџ 120 години 
  • Ограничена понуда на 15-инчни тркала од легура, техничко сиво 120 години
  • Ограничена понуда на ткаенина 120 години 
  • Ограничена понуда на патосници 120 години
  • Рамка на групата инструменти во црна боја со висок сјај
  • Седиште на возач прилагодливо во 4 насоки, со заден дел на навалување
  • Плочки на праговите

 

Откријте ги моделите 120 години. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

ИЗВОНРЕДЕН СТИЛ.

Уникатно извајана и атрактивна, Corsa ве вовлекува во својот свет. Спортска решетка, прецизни предни светла, изгладена линија на покривот, моќни задни пропорции. Внатре изработена со висококвалитетни матријали и сребрени детали. Брилијантна од секој агол.

СТИЛ, БОЈА И УДОБНОСТ.

Чистите, извајани форми на кабината нудат висококвалитетни материјали, премиум ткаенини и тактилни рамни површини. Долгите хоризонтални линии го зголемуваат просторот.

ТЕХНОЛОГИЈА НА СВЕТЛАТА.

Вклучете ги биксенонските предни светла за извонредна ноќна видливост. Интегрираните аголни светла ви помагаат во маневрирањето. Со препознатливите дневни светла LED на Opel дефинитивно ќе бидете видени.

ВООДУШЕВУВАЧКИ ТРКАЛА.

Тркалата кажуваат многу за вас. Брилијантните дизајни на 15 до 17-инчните тркала ги отсликуваат вашите индивидуални моменти и ја намалуваат тежината при отскокнувањето за подобро чувство при возењето.

МЕШАЈТЕ И КОМБИНИРАЈТЕ!

Надградете ја со спортски седишта, кожен управувач и специјалните 16-инчни или 17-инчни алу тркала. Изберете ги вашите комбинации на бои и одвнатре и однадвор. За уште поголема персонализација, проверете ги специјалните пакети.

ВИЗУЕЛНА И СПОРТСКА ВОЗБУДА.

Опремете ја вашата Corsa со шизичка експлозија на секојдневната возбуда. Пакетот Турбо Плус додава визуелна и спортска возбуда, и одвнатре и однадвор.

 

Пакетот Turbo Plus ги додава следниве карактеристики:

  • Пакет Carbon со решетка и ретровизори во дизајн Carbon
  • Копче за менување на менувачот OPC линија
  • Кожен управувач со рамно дно
  • Кожна рачна сопирачка
  • Спортски педали
  • Специјални 17-инчни тркала од легура
  • Предни и задни спојлери
  • Странични спуштени спојлери
  • Хромиран издувен врв
  • Затемнети задни прозорци
  • Опционални спортски седишта Recaro со кожа
  • Шлагот на тортата: основен мотор 1.4 Turbo ECOTEC® со 110 kW (150 КС).

 

Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 8,0 - 7,7, на отворено 5,5 - 5,1 , комбинирано 6,4 - 6,1; издувување CO2 во g/km: комбинирано 147-139.

 

Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ