Технологија
Напредни системи за помош при возење1

Засилете ги Вашите сетила. Напредните системи за помош на возачот надгледуваат повеќе услови на патот и сообраќајот за радикално да ја подобрат безбедноста и да Ви овозможат едноставно да уживате во возењето со функции како IntelliLux Pixel LED предните светла и Night Vision1.

 

1 Опција или достапно во повисоките нивоа на опременост. Системите за помош при возење на Opel се наменети да го поддржуваат возачот во рамките на ограничувањата поврзани со системот. Возачот останува одговорен за управувањето со возилото.

 
Инфозабавен систем
Дигитално детоксираниот екран Pure Panel® ги интегрира Apple CarPlay™ и Android Auto™ со индивидуално управување на профили и препознавање на возачот. Полните ги Вашите уреди безжично, добијте поврзани услуги како повик при итни случаи и дефект и држете ги рацете на управувачот со гласовна команда. 
Услуги OpelConnect

Паметни технолошки системи и сродни услуги1 кои овозможуваат поврзување и модерни иновации со кои ќе се чувствувате безбедно и ќе обезбедат возбудливо и ефикасно патување.

Спокојство: Повик при итен случај и дефект2, информациите за статусот на возилото Ви даваат километража, ниво на гориво или предупредувања за добро чувство секое време.

Погодност: Услуга за е-контрола од далечина3 за проверка на нивото на батеријата, управување со полнењето и поставување на температурата пред да влезете во возилото преку апликацијата myOpel.

 

1 Достапноста и опсегот на услугата се разликуваат од земја до земја и од возило до возило. Услугите може да бараат претплата/доплата и се предмет на покриеност и достапност на мобилната мрежа.

2 Употребата на повикот при итни случаи и дефекти бара потпишување надоговор за  услови и правила со писмена изјава за согласност за локализацијата на возилото при нарачка на возилото и зависи од покриеноста и достапноста на мрежата. Услугата при дефекти (Opel Mobilservice) е бесплатна првата година по првата регистрација, а потоа се наплаќа. Информации за Opel Connect контактирајте го Вашиот дилер. Важат соодветните општи услови и правила.

3 Само за Grandland Hybrid