Contents inside this Slide Collection are only authorable inside of this page.

You must add a Slide component for each slide that you want within a Multimedia Scroller on this template first.

After adding a Slide component, you can then add additional components to the parsys of the Slide component.


ГЕРМАНСКО СОВРШЕНСТВО ВО ИНЖЕНЕРСТВОТО.

Инженерството на Insignia GSi е доведено до совршенство од страна на Opel, со што секое патување е максимално пријатно.

 

Комбинирана потрошувачка на гориво 7,1 l/100 km; комбинирано издувување CO2 187-188 g/km (според регулативата (EC) бр. 715/2007).

 

GSi ги надминува очекувањата со:

 

  • Нов мотор за динамично искуство при возењето: уживајте во возбудата со 2,0 L 2,0 литарски би-турбо дизел мотор1 со 154kW/210КС
  • 8-брзински автоматски пренос
  • Прилагодлив погон на сите тркала 4x4
  • Динамиката е искомбинирана со удобноста при возењето со шасијата со перформанси FlexRide и сопирачките BREMBO

 

1Потрошувачка на гориво: во град 11,2 l/100 km, на отворено 7,1 l/100 km, комбинирано 8,6 l/100 km, комбинирано издувување CO2 197 g/km.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

ЦЕЛОСНО ДИНАМИЧНА.

Стандардниот 8-брзински автоматски пренос на GSi е подобрен со менувачот монтиран на управувачот за моментите кога сакате максимална контрола на патот.

ПРИЛАГОДЛИВ ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА 4x4 СО ВЕКТОРИРАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ.

Со погон на сите тркала 4x4 и активно векторирање на вртежниот момент, уживајте во извонредна динамика на возењето и рамнотежа во управувањето, и чувствувајте се безбедни дури и во екстремни услови за возење и на тешки терени.

 

  • Интелигентниот систем со погон на сите тркала Twinster на GSi обезбедува стабилност каде другите не можат
  • Со максимум 60 % пренос на моќност на задните тркала и активно векторирање на вртежниот момент, овој иновативен систем овозможува извонредна влечна сила со распределба на вртежниот момент на поединечните тркала по потреба
  • Наместо отстранување на моќта, системот насочува дополнителен погон на тркалата, обезбедувајќи најефикасна влечна сила и најпрецизна реакција во секоја ситуација во возењето

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

ШАСИЈА СО ПЕРФОРМАНСИ FLEXRIDE® .

Шасијата со перформанси FlexRide®: ги приспособува амортизерите за дел од секундата и го поставува одзивот на управувачот и на педалот за гас според режимот на возење („Standard“, „Tour“ и „Sport“).

 

Со стандардната електро-механичка шасија FlexRide® на Insignia GSi, возачот директно контролира како шасијата реагира. Изберете помеѓу режимите за возење на Standard, Tour и Sport. Дополнително, во режимот Competition, достапен ексклузивно во GSi, со притискање два пати на копчето ESP се деактивира контролата на тракцијата за да се овозможи уште попрецизна динамика на возење. 

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

ЗГАЗНЕТЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.

Сопирачките BREMBO со лакирани шепи овозможуваат брзо и прецизно успорување во највисокото ниво.