Contents inside this Slide Collection are only authorable inside of this page.

You must add a Slide component for each slide that you want within a Multimedia Scroller on this template first.

After adding a Slide component, you can then add additional components to the parsys of the Slide component.


НАПРЕДНИ ПРЕДНИ СВЕТЛА INTELLILUX LED® MATRIX.

Предните светла IntelliLux LED® Matrix1 со долги светла без отсјај автоматски го навалуваат зракот околу други возила, но го одржуваат остатокот од патот осветлен до 400 метри нанапред.

 

  • Нема ризик од зашеметување на другите возачи
  • Ноќното возење е побезбедно и порелаксирано
  • Аголното светло им се спротивставува на „црните дупки“ на тесните свиоци. Активно при брзина помеѓу 40 km/час до 70 km/час1

 

1Кога системот е активиран, долгите светла се вклучуваат при брзина над 50 km/час и автоматски се исклучуваат при брзина под 35 km/час.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

ОДРЖУВАЊЕ БЕЗБЕДНО РАСТОЈАНИЕ.

Автоматскиот темпомат1 помага да се спречат судири со возилото напред - и ви помага да се опуштите - со сопирање и забрзување за да го одржите растојанието до возилото напред.

 

Вашата автоматска помош за брзината1 ви помага да избегнете судири со возилото напред, одржувајќи го посакуваното растојание и сопирајќи го вашето возило до целосно застанување.2 Системот за помош на возачот го скенира патот и го заштитува вашето возило одржувајќи безбедна зона за максимална релаксација и минимален ризик.

 

1Опционално. Системот го поддржува возачот во опасни ситуации. Меѓутоа, самиот возач ја презема одговорноста за возење на возилото.

2Опционално. Активирање помеѓу брзина од 30 km/час и 180 km/час, со опсег до 150 метри. Автоматско деактивирање при брзина од 20 km/час за возила со рачен пренос. Во комбинација со автоматски пренос, системот исто така ја нуди и функцијата Stop & Go: возилото се сопира до целосно застанување и автоматски го следи возило нспред дури и во сообраќајни ситуации.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

СЛЕДНО НИВО НА ПОМОШ ЗА ВОЗАЧОТ.

Екранот Head-up1 ви ги прикажува клучните податоци на ветробранското стакло за да можете да внимавате на патот во секое време. Информациите се состојат од тековната брзина, насоки за навигација или безбедносни предупредувања. 

 

1Oпционално

НАПРЕДНИ БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ.

Безбедносните технологии на Opel1 ви нудат карактеристики како:

 

  • Автоматско сопирање во итни случаи2 со детекција на пешаци
  • Предупредување за странична слепа точка
  • Помош при возење во лента

 

Во последната генерација на системите за помош на возачот1, сензорите, камерите и радарот континуирано работат заедно со една цел: да создадат побезбедно, порелаксирано искуство во возењето и да помогнат да се зголеми будноста на возачот и да се избегнат можните незгоди или непотребните парични казни. Овие системи ве оставаат во контрола на вашата Insignia и интервенираат само во случај на непосредна опасност.

 

1Oпционално. Системите за помош на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на ограничувањата поврзани со системот. Меѓутоа, самиот возач е одговорен за возење на возилото.

2Oпционално. Системот е активен помеѓу 8 km/час и 80 km/час. Со цел да се намали брзината на ударот при можна незгода, системот го сопира возилото помеѓу 8 km/час и 40 km/час со сила на сопирање до 1 g. Системот ја намалува брзината на ударот за максимална брзина од 15 km/час помеѓу 40 km/час и 80 km/час. Над овој праг, возачот мора да сопира независно за да ја намали брзината уште повеќе. Системот може да се активира или деактивира во секое време од страна на возачот.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ПРИКАЖИ ПОМАЛКУ

МАГИЧЕН ДОПИР.

Влезете и тргнете. Со „Отвори и стартувај без клуч“ на Insignia едноставно влегувате во автомобилот и возите со притискање копче, без да имате потреба да го барате клучот.