СИТЕ ТИПОВИ: ОД МИНИ SUV МОДЕЛИ ДО SUV МОДЕЛИ СО ЦЕЛОСНА ГОЛЕМИНА.
Разлики помеѓу SUV модели, кросовери и теренски возила.
Прво, што всушност значи SUV? Тоа е кратенка од Sports Utility Vehicle (возило за спортска намена), но само за дополнително да ги искомплицираме работите, тука е и CUV - Crossover Utility Vehicle (возило кросовер). Значи, што е разликата?
Како што се подразбира под името, кросоверот е хибрид на стилови - има визуелен изглед на традиционален SUV, но наместо со погон на сите тркала 4х4, вообичаено има погон само на две тркала и затоа повеќе се смета за обичен автомобил. Со други зборови, не очекувајте CUV да се справи со карпестиот терен или суровите временски услови во споредба со SUV модел. Теренските возила, од друга страна, се совршени за патување на нечисти патишта и длабока кал, благодарение на погонот на сите тркала, високото растојание од тлото и другите карактеристики типични за теренот.
Искусете ги SUV моделите на Opel.
Наоѓањето на вистинскиот SUV модел не е секогаш едноставно. Купувачите се разгалени со изборот, со повеќе од 90 различни SUV модели достапни во Европа во моментов. Поделбата во поткласи помага да се поедностави процесот на избор на вистинскиот за вас.
Градските SUV возила се генерално компактни и спаѓаат во категоријата на мали CUV, често со главен фокус на стилот и дизајнот, одвнатре и однадвор.
Понудата на Opel ги вклучува кросоверите ADAM ROCKS, двата совршени за градските улици.