Astra

НОВАТА OPEL ASTRA.

Ги менува правилата.

Новата Opel Astra, во секој смисол го претставува одважниот и прецизен германски дизајн. Повелете внатре за  целосно да го искустите дигиталниот „Pure Panel“ од новата генерација. Електрифицирана за прв пат, со ултра ниско ниво на емисија на гасови, енормно ефикасната Astra најавува нова ера на напредни plug-in hybrid мотори, заедно со најсовремена технологија.  Едноставно кажано, Ве привлекува да ја возите.

A NEW BLITZ IS BORN! OPEL ASTRA.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

ДИНАМИЧНА ДОВЕРБА.

Подгответе се смело да гледате и да бидете видени. Oдважен и прецизен германски дизајн, со впечатлив нов Opel визор. Нагласен и различен, се термини кои опишуваат изглед со мускулеста става. Изглед, кој секому привлекува внимание. Нели е време да започнете да возите автомобил кој искрено многу го посакувате? Тоа е новата Opel Astra.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

ВО ВНАТРЕШНОСТА НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА.

Со внатрешниот дизајн од новата генерација и имплементираните иновации, ќе искусите сосема нов свет. Во внатрешноста на новата Astra ќе го осознаете дигитално-детоксифицираниот нов Opel "Pure Panel", кој ги презентира информациите кон возачот како никогаш до сега. Ќе се чувствувате релаксирано во ново дизајнираните ергономски Active front1 седишта, обложени со луксузна Alcantra или Nappa кожа со функции за вентилирање и ладење.

1 Сертифицирано од Campaign for Healthier Backs (AGR). Сертификатот го потврдува квалитетот, награден од независниот одбор за тестирање во кој членуваат експерти од различни медицински области.

ИСКУСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

КОМПАКТНО ВОЗИЛО. СИЛНИ ИМПРЕСИИ.

Ова не е само новата Astra. Тоа е сосема нов начин на возење. Искусете ја најновата напредна plug-in hybrid технологија, каде бензинскиот мотор со директно вбризгување автоматски обезбедува оптимален баланс помеѓу ефикасноста и перформансите. Додека пак, софистицираните безбедносни и напредни технологии за асистенција при возењето, заедно со технологијата за полуавтономно управување, допринесуваат за врвно искуство при возењето на новата Astra.

ИНЖИНЕРСТВО И ИНОВАЦИИ.

НАЈДОБРОТО ОД ГЕРМАНСКОТО ИНЖИНЕРСТВО.

Зад радикално подобрената дизајнерска филозофија кај новата Astra, стои прецизен германски инжинеринг и производствена способност, која обезбедува новата Astra да поседува исто толку брилијантни перформанси како што изгледа. Најсовремените контролни и безбедносни системи ги вклучуваат најновите Intellilux LED Pixel фарови, Intelli-Vision 360° камерата за паркирање без напор и напреднитот Head-Up дисплеј кој во потполност, во нагорна линија, ги поместува границите од аспект на однесувањето и перфомансите достапни во компакт класата.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ДА БИДЕТЕ ЕДЕН ОД ПРВИТЕ.

Пријавете се за да дознаете повеќе. За подетално разгледување на новиот Astra и за да дознаете повеќе за понудите или први да резервирате тест возење, пријавете се за нашиот newsletter. Ќе Ве известуваме.