Илустрацијата покажува посебна боја. Достапност во зависност од верзијата, опремата и обемот на нарачката.
Новиот Opel Movano
Запознајте го вашиот Movano
Со новиот Movano ја комплетиравме обновата и електрификацијата на целата гама на лесни комерцијални возила на Opel. Тој е совршена германска алатка за секоја транспортна задача, со повеќе специјализирани варијанти и робустен, но со современ дизајн. Совршената функционалност на товарниот простор на Opel и напредните функции за помош на возачот, дизајнирани за да ја зголемат продуктивноста и подобрат оперативните трошоци, сега се достапни со 100% електричен мотор со нула емисија на штетни гасови во целата гама.
Капацитет на товарен простор
СЕКОГАШ ОДЛИЧНО ЈА ИЗВРШУВА СВОЈАТА РАБОТА.
Без оглед на потребите на Вашиот бизнис, Opel Movano е подготвен да ги исполни Вашите потреби. Дизајниран за продуктивност и економичност, Movano го има она што Ви е потрбно со капацитет за товар до 17m3. Тежок товар значи дека Movano може да пренесе товар до 2,1 тони и вкупна маса од 4,0 тони и сепак да одржува максимална стабилност и одлични карактеристики при возење. Превезувајте го товарот безбедено со врвната употребливост на товарниот простор за безбедна и практична работна средина.
Разновидност и професионалност
ГАМА СОЗДАДЕНА ЗА БИЗНИС.
Ниту една компанија не е иста, ниту две работни места имаат исти барања. Благодарение на разноврсноста и различните варијанти, Opel Movano е подготвен да се справи со секоја работа. Комерцијалното возило Movano доаѓа во четири должини и три висини. Од фургон до шасија со двојна кабина и основни варијанти кои можат да се модифицираат во кипери, сандучари и кампер/трајлер возила. Без оглед на Вашата деловна активност, новиот Opel Movano е идеално решение за најтешките предизвици.
Прилагодлива внатрешност
РАБОТИ БЕЗ ДА ЗАСТАНЕ.
Современ, функционален нов изглед кој одговара за Вашата компанија. Постраната внатрешност на новиот Movano обезбедува исклучително практична, но во исто време и удобна работна средина. Тој е разноврсна мобилна канцеларија, со напредно поврзување како OpelConnect. Има простор за три лица во предниот дел и уште за четворица колеги во задниот дел во верзијата со двојна кабина. Каде и да Ве однесе работата, патувајте спокојно со системите за помош при возење и безбедност кај Opel Movano, вклучувајќи и Automatic Safety Brake, предупредување за слепи точки, Hill Descent Control и предупредување за ненамерно напуштање на лентата.
Ефикасност спремна за во иднина
ПАМЕТЕН ПОТЕГ.
Конкурентската ефикасност кај новиот Movano сега се искачува на едно сосема повисоко ниво, благодарение на изборот на дизел и/или нов 100% електричен погон. Робустниот 2.0l дизелски мотор е дизајниран да ги намали оперативните трошоци, притоа обезбедувајќи врвна моќност и ефикасно искористување на горивото со ниска емисија на СО2. Сега, само со еден паметен потег на преминување на 100% електричен погонски агрегат, Вие ќе ги искусите сите придобивки. Со моќен погон од 100 kW, нема потреба од компромис кога станува збор за практични можности и употребливост на товарниот простор. Oд друга страна, ниските трошоци за одржување заедно со нула (0) потрошувачка на гориво и емисија на СО2, ја комплетираат приказната на новиот Movano.