Главни карактеристики 

Целосно електричен погон

Создаден за превоз на патници, багаж или и двете: и покрај големината, новата Zafira Electric е агилна и динамична за возење, обезбедувајќи возачко искуство без напор со значителен опсег до 347 km1. Благодарение на неговиот напреден целосно електричен мотор, возилото е неверојатно тивко и произведува нула емисии, што го прави не само многу одржливо, туку и исклучително економично возило.

 

1Потрошувачка на енергија (комбинирано) 24,6 – 24,8 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, oпсег од 213 до 220 km за батеријата од 50 kWh, а за батеријата од 75 kWh: потрошувачка на енергија 24.6-24.9 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; опсег (комбинирано) од 335 km до 347 km (во зависност од опремата). 

 
Премиум внатрешност

Влегувајќи во внатрешноста, сите веднаш се импресионирани од пространата кабина кај новата Zafira Electric со стандарда удобност од бизнис класа. Седиштата може да се конфигурираат за најмногу девет лица плус багаж, или дури може да се свртат едно седиште спроти друго за подобро дружење на пат. Внатрешноста се одликува со врвен инфозабавен систем и поврзување преку 10“ екран на допир и систем за навигација1, вклучувајќи услуги за навигација во живо2. Возачите и патниците можат лесно да пристапат до целата своја музика и содржина преку нивните паметни телефони. Со безжичните Android Auto™1,3 или Apple CarPlay™1,3, можете да ја обезбедите најдобрата забава за секое патување.

 

1Опција.

2Услугите за навигација во живо вклучуваат информации за сообраќаотј, цените на гориво, паркинг местата, онлајн пребарување на точки од интерес, временските услови и безбедноста на патиштата (не е достапно во Германија или Швајцарија).

3Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од типот на уредот и верзијата на оперативниот систем. Apple CarPlay™ е регистрирана трговска марка на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Android Auto™ е регистрирана трговска марка на Google Inc. 

 
Импресивни перформанси
Новата Zafira Electric поставува водечки стандарди во класата во однос на флексибилноста за секојдневна употреба. Доаѓа со до девет седишта и многу удобна внатрешност со различни опции за седење за Вашите патници. Додека вториот ред седишта се свртени наназад и третиот ред свртен напред им се овозможува на Вашите патници позиција за седење еден спроти друг. Можете и лесно да ги лизгате овие редови напред или назад за да го зголемите просторот за нозете. 
Електрични врати 

Новата Zafira Electric има големи електрични лизгачки странични врати1, овозможувајќи широк и удобен отвор во задниот дел за патниците. На задниот дел од возилото, големата задна врата што се отвора нагоре го олеснува товарењето и растоварувањето на багажот.

 

1Опција