Флексибилност и Пристапност
До 9 седишта
Zafira-е Life поставува водечки стандарди за флексибилност во секојдневната употреба.   
Во зависност од потребите на Вашето семејство или компанија, можете да нарачате Zafira-е Life со најмногу девет места. Затоа, без разлика дали се подготвувате да одите на плажа или да одржите деловна средба, има простор за сите.
Опции за седење
Zafira-е Life е синоним за флексибилност и удобност. Лизгајте ги седиштата во вториот и третиот ред напред или назад за да создадете дополнителен простор за нозете.
 
Преклопете ги или извадете ги седиштата ако Ви е потребен дополнителен капацитет за товар. Или изберете да седите свртени еден наспроти друг за повеќе дружење при патување.
Електрични лизгачки врати

Двојните електрични лизгачки врати1 овозможуваат на патниците безбено и лесно да влезат преку широкиот отвор на двете страни на автомобилот. 

 

1 Опција.

 
Покрај тоа, специјалните сензори Ви овозможуваат hands-free отварање на овие врати - одлично за оние моменти кога Вашите раце се полни. 
Лесно отварање и стартување

Со едноставниот систем за отворање и стартување без клуч1, влезете и тргнете без да мора да ги лоцирате клучевите од Вашиот автомобил - сè додека тие се наоѓаат во Вашиот џеб, торба или некаде близу.

 

1 Опција.

 
Пристап преку прозорот на задната врата
Отворете го задниот прозор на Zafire-е Life независно од задната врата за лесно товарање на помали предмети во багажникот или во ограничени простори. 
Димензии
Zafira-е Life е достапна во три различни должини. Секоја верзија обезбедува совршена баланс помеѓу релативно компактните надворешни димензии и пространоста, екстремно прилагодлив ентериер. Сите три верзии имаат висина под 1,9 m - одлична за подземни паркинзи. 

Малата вeрзија - долга само 4,6 m - е доволно брза и агилна за градските улици и ограничените простори. Средната верзија е долга 4,95 m и голема верзија е 5,3 m.

 

Висините под 1,9 m не се однесуваат на возила за кои максималната специфицирана носивост е 1400 kg.