Водачки карактеристики во класата
Совршено вградена батерија
Моќноста на електричниот мотор со нула емисија кај новата Zafire-e Life е благодарение на моќната литиум-јонска батерија од 75 kWh која обезбедува опсег од 230 до 330 km. Ќелиите со висока густина на енергија, напредното термичко управување и избалансираната шасија обезбедуваат подолг век на траење и сигурен опсег, но и понизок центар на гравитација за поголема стабилност, а истовремено и поудобно возење. 
Без бука
Целосното електрично напојување на батеријата и без звук кај новата Zafirа-е Life Ви гарантира тивко, релаксирано и исклучително удобно возење. Кабината на новата Zafirа-е Life е мирна оаза на тркала, каде што Вашите патници можат да уживаат во пријатен разговор или сопствените мисли. Совршен за превоз на патници во населени области. 
Регенеративно кочење
Возењето со новата Zafira-e Life е непречено, и ова не е само во корист на патниците, туку и заштедува максимална енергија и трошоци. За време на возењето, веднаш штом ја тргнете ногата од педалата за гас, системот за регенеративно кочење користи кинетичка енергија за сопирање и ја претвора во уште поголем опсег. Највисоката поставка (режим B) Ви овозможува поголем дел од Вашето секојдневно возење без употреба на традиционални сопирачки, намалувајќи ги абењето и придружните трошоци за одржување. 
Брзо и едноставно полнење
Брзото полнење на новиот Zafirа-е Life значи дека Вашите патници никогаш нема да мора да Ве чекаат. Батерија со висока моќност од 75 kWh се полни до 80% од оптималниот опсег за само 30 минути на кој било јавен полнач од 100 kW. Полнењето дома преку ноќ или помеѓу патување обезбедува максимален опсег, што ја прави новата Zafira-e Life идеално чисто, едноставно и економично премиум возило за транспортни услуги. 
Дознајте повеќе Learn more about charging possibilities Learn more about our Free2Move eSolutions
Следење на податоците за возилото
Новиот систем за следење на податоците за возилото кај Zafire-e Life користи софистицирани сензори и вградени системи за да обезбеди детален преглед на секое патување и за да се предвиди опсегот, условите на патот и трошоците за енергија за максимално ефикасно возење.