Skip To Content
Дизел

Opel diesel

Чиста радост. Одлична заштеда.

 

Изберете дизел Opel ако ви се важни:

  • Ниска потрошувачка на гориво, особено при возење надвор од градот
  • Ниско издувување СО2, кое може да се спореди со хибридни мотори
  • Висока издржливост на моторот, која овозможува интензивна употреба
  • Висок вртежен момент: неопходен кога возите со тежок товар
  • Вкупни трошоци за одржување кои можат да се споредат со другите типови мотори

Митови за дизел моторите:

1. емисии

Мит

Дизелите испуштаат многу повеќе загадувачи.

Факт

Современите дизели имаат помало влијание врз животната средина од другите мотори со согорување (видете на следната страница за детали за нашите ефикасни еколошки решенија). Десулфуризирано дизел гориво значи занемарлива количина сулфурни соединенија во споредба со бензинот. Издувувањето на јаглерод диоксид е всушност исто толку мало како она на хибридните моторни возила.

2. банирање (одбивање пристап)

Мит

Дизелите се забранети во многу европски градови.

Факт

Забраната е на сила во неколку европски градови како Штутгарт, Берлин, Мадрид и Барселона и се однесува само на старите автомобили кои не ги исполнуваат современите стандарди за издувување, т.е. најмалку Euro 5. Новите дизели на Opel ги исполнуваат строгите стандарди Euro 6.2 d-temp, па дури и Euro 6.3.

3. бучава

Мит

Дизелите произведуваат повеќе бучава и вибрации.

Факт

Секвенцијалното директно вбризгување на горивото (се одвива во фази) и променливите комори за согорување значително го намалуваат забрзувањето на зголемувањето на притисокот, што придонесува за тивко работење. Замаецот со двојна маса, оските за балансирање и новата технологија на монтирање на моторот дополнително го намалуваат нивото на бучава и вибрации.

4. вбризгување

Мит

Системите со вбризгување гориво се скапи и несигурни.

Факт

Ниту една технологија не е 100 % сигурна. Сепак, во нормални услови современите системи за вбризгување гориво нудат долготрајна издржливост кога се напојуваат со висококвалитетно гориво. Хибридите, од друга страна, се опремени со голем број дополнителни системи и решенија, кои го зголемуваат ризикот од дефект.

5. турбо полнење

Мит

Технологијата на турбополнење не е ниту сигурна ниту издржлива.

Факт

Денес вообичаено нестручното и неправилното користење предизвикува дефект на турбополначот. Исто така, турбината во бензинскиот мотор вообичаено работи во понеповолни услови, т.е. на повисоки температури и брзини.

6. замаец со двојна маса

Мит

Замената на филтерот за дизел честички и замаецот е скапа.

Факт

Електронски контролираниот погон е подложен на помало оптоварување. Современите замајци со двојна маса се изработени од висококвалитетни материјали. Како резултат, проблемот во принцип веќе не се јавува. Покрај тоа, за современите филтри за честички потребно е одржување само во автомобили со многу голема километража и, дури и тогаш, постојано можат да се чистат и регенерираат во професионални работилници.

7. тежина и динамика

Мит

Ниска динамика и голема тежина.

Факт

Погонската моќност на дизелите е многу поголема од онаа на бензинските мотори, но може да се спореди со хибридите. Вредноста на вртежниот момент го демонстрира ова јасно. Дури и тешко натоварен дизел автомобил забрзува непречено и при ниски вртежи на моторот. Точно е дека дизел моторот тежи повеќе од типичен бензински мотор, но сепак значително помалку од хибриден систем.

8. потрошувачка на гориво

Мит

Потрошувачката на дизел во реалниот живот
е на исто ниво со другите мотори.

Факт

Просечен дизел автомобил троши приближно 15-20 % помалку гориво од бензински автомобил. Потешките возила може да прикажат уште поголеми придобивки. Во динамична работа, типичен хибриден систем ги губи повеќето од своите предности бидејќи неговиот мотор со согорување постојано работи под многу поголемо оптоварување. Во овој случај, возило PHEV (хибридно електрично возило со приклучување) се чини поефикасно бидејќи може да се полни од надворешен извор.

9. хибриди

Мит

Дизелите се полоши од хибридите.

Факт

Хибридно возило не само што има ограничен внатрешен простор, туку и неговата масивна тежина и сложеното поставување на батериите значително влијаат на динамиката на возењето. Електричниот режим е достапен само на кратки растојанија при мали урбани брзини. На патувања на долги растојанија, главниот мотор со согорување мора да се справи со оваа дополнителна тежина сам. Како резултат на тоа, ова влијае на забрзувањето, потрошувачката на гориво и издувувањето СО2.

10. загревање

Мит

На дизелите им треба подолго време да се загреат.

Факт

Современите дизел мотори опремени со систем за управување со активно ладење се загреваат исто толку брзо како и повеќето бензинзиски мотори.
Хемиски соединенија кои се испуштаат во процесот на согорување:

Дизел моторите на Opel можат да го намалат издувувањето до четвртина од законски одобрените ограничувања. Екстремно ниското ниво на азотните оксиди (NOx) е особено важно. Современите дизели се почисти од бензинските мотори!

 

(Видете ги бројките за Opel Astra - просечно издувување за дизел и бензински мотори.)

Зошто се дизел моторите толку чисти?

Контактирајте со вашиот Opel партнер