Карактеристики

ВРЕМЕ Е ДА ГИ ОТКРИЕТЕ КЛУЧНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ.

ТОВАР.

МЕРКИ
Со импресивна максимална должина на товар од 3090 mm2, Cargo е компактен од надвор, но сериозно простран од внатре. 

1Димензиите може да се разликуваат во зависност од конфигурацијата.

2Максимална должина на товар од 3090 mm во стандардниот Combo, 3440 mm во Combo XL со долга оска на тркалата со отворена преграда и преклопени патнички седишта.

ТОВАРЕН ПРОСТОР
Со максимален товарен простор од 3,8 m3(1), Combo има доволно простор за да ги задоволи сите ваши потреби за товар, така што дури и преголемите предмети ќе можат удобно да се пренесат. 

1Товарен простор од 3,8 m3 во стандардниот Combo, 4,4 m3 во Combo XL со долга оска на тркалата со клупа за патници и преграда за товарниот простор.

 

НОСИВОСТ

Високата носивост од 1000 kg1,2 значи дека ниеден товар нема да биде премногу за Combo, со што е совршениот партнер за вашиот бизнис. Индикаторот за преоптоварување го мери товарот во задниот дел и активно го предупредува возачот ако е надминат дозволениот товар.

 

1Oпционално

2Максимална носивост од 1000 kg за Combo и 950 kg за Combo XL.

 
ПРЕГРАДА ЗА ТОВАРЕЊЕ ДОЛГИ ПРЕДМЕТИ

Отстранливиот капак на отвор1 во преградата за товар зад седиштето на совозачот ви овозможува лесно да товарите навистина долги предмети.

 

1Oпционално

 
ОТВОР НА ПОКРИВОТ НАЗАД

Треба да превезете екстремно долг товар како скала? Практичниот капак на покривот назад1 се отвора до 40 °, овозможувајќи безбедно складирање на подолги предмети при транзит.

 

1Oпционално

 
СКЛАДИРАЊЕ ВО ВНАТРЕШНОСТА
Со многу паметни прегради за складирање, Combo Cargo има место за целата ваша опрема. 

РАЗНОВИДНОСТ.

КЛУПА ЗА СОВОЗАЧИ

Сместете три лица на клупата за совозачи1. Целосно преклопете ги седиштата за проширен товарен простор или трансформирајте ги во маса, со што вашиот Combo Cargo може да стане подвижна канцеларија.

 

1Oпционално

 
СОВОЗАЧКО СЕДИШТЕ НА ПРЕКЛОПУВАЊЕ
Кога се возите сами и друштво ви прави само товарот, совозачкото седиште лесно се преклопува во подот за да добиете уште поразновиден товарен простор. 
ПРЕГРАДА ЗА КАБИНАТА

Преградите за товарот1 ве чуваат безбедни вас, вашиот совозач и вашиот товар, спречувајќи навлегување на товарот во предната кабина. Можете да избирате од целосна преграда или преграда со стакло и решетка.

 

1Oпционално

 
ВРАТИ

Еднинечните или двојните лизгачки врати1 овозможуваат лесен пристап до задната страна на Combo и ја елиминираат опасноста од гребнатини додека паркирате во тесни простори.

 

1Двојните лизгачки врати се опционални.

 
ЗАДНИ ВРАТИ

Конфигурирајте ја задната врата на Combo како врата на отворање нагоре1 или асиметрични странични врати со прозорец за зголемена видливост, со што секоја опција е направена совршено да одговара на вашите индивидуални потреби.

 

1Oпционално

 
ВАРИЈАНТИ
Combo Cargo се нуди со две дожини – 4,4 m за стандардната верзија или 4,75 m за Combo Cargo XL со дополнителен товарен простор. Изберетеe Van со продолжена кабина за превоз на 5 лица, вклучувајќи го и возачот. 

ДИЗАЈН.

НАДВОРЕШНОСТ
Вистинско возило Opel според дизајнот, Combo Cargo е совршен претставник на вашиот бизнис. 
ВНАТРЕШНОСТ
Со подигната седечка позиција, безброј опции за складирање, интуитивни контроли и сериозна разновидност, паметната кабина на Combo е вистински мултитаскер. 
ДНЕВНИ СВЕТЛА LED

Дневните светла LED1 се ефикасни и помагаат да бидете безбедни вие, а и другите возачи, на патот дење.

 

1Oпционално

 

ЕФИКАСНОСТ.

МОТОРИ
Конфигурирајте го Combo Cargo со различни моќни и ефикасни бензински и дизел мотори за одлична динамика на возењето. 
ПРЕНОС
Искомбинирајте го вашиот Combo Cargo со глаток 5-степен или 6-степен рачен пренос или софистициран 8-степен автоматски пренос1 – изборот е ваш. 

ИНОВАЦИИ.

ЗАДНА КАМЕРА

Панорамската задна камера1 од 180° ја прикажува околината на возилото на 8-инчен екран на допир. Виртуелните инструкции ви помагаат за безбедно и едноставно возење наназад.

 

1Oпционално.

 
ГРЕЕЊЕ

Со загреаните седишта1 и загреаниот управувач обвиткан со кожа1 за да се стоплите кога е ладно, Combo ви пружа удобност во секоја сезона.

 

1Oпционално

 
ЕКРАН HEAD-UP

Со екранот Head-Up1, клучните информации како што се брзината, навигацијата и предупредувањата за сонливост на возачот се прикажуваат на стаклениот екран зад управувачот за да може очите да ви останат фиксирани на патот.

 

1Oпционално

 
INTELLIGRIP

Паметниот систем IntelliGrip1 се прилагодува на површини со ниска тракција, како кал, песок или снег, и е достапен со пет посебни режими на возење

 

1Oпционално

 

БЕЗБЕДНОСТ.

АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ ВО ИТНИ СЛУЧАИ.
Автоматското сопирање во итни случаи1 со детекција на пешаци предупредува за потенцијален судир со пешак или друго возило2. Ако не се преземе никакво дејство, возилото автоматски ќе сопира. 

1Стандардна опрема со Dynamic, опционална со Selection и Enjoy.

2Работи автоматски над 5 km/час и под 85 km/час. Од 0 до 30 km/час, метриката на успорувањето за намалување на ударната брзина на судирот е 0,9 g. Од 30 до 85 km/час системот ја намалува брзината до максимум 22 km/час. По овој праг, возачот треба да сопира сам да ја намали брзината уште повеќе. Оперативната брзина на AEBPD зависи од откриената пречка (мобилна цел: од 5 до 85 km/час, фиксна цел: од 5 до 80 km/час, пешак: од 5 до 60 km/час). Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на системските ограничувања. Возачот останува одговорен за задачата за возење.

ПОМОШ ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ЛЕНТА

Системот за помош за возење во лента1 го предупредува возачот со предупредување при напуштање на лентата и нежни поправки на курсот ако вашиот Combo неочекувано започне да забегува, држејќи ве во лентата

 

1Стандард на Dynamic, опционално Essentia и Enjoy.

 
ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЗНАЦИ ЗА БРЗИНСКИ ОГРАНИЧУВАЊА.
Системот за препознавање знаци за брзински ограничувања ги чита знаците за да ги препознае промените во ограничувањето на брзината и укажува дека возачот треба соодветно да ја прилагоди брзината. 
АВТОМАТСКИ ТЕМПОМАТ

Автоматскиот темпомат1 ја одржува посакуваната брзина од 30-160 km/час и сопира или забрзува за да одржи фиксна оддалеченост од возилото напред, овозможувајќи безбедно, релаксирано возење.

 

1Oпционално

 
БЕЗБЕДНОСТ И ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
Четирите воздушни перничиња вклучувајќи ги возачкото, совозачкото и страничните нудат високо ниво на безбедност за вас и вашите патници на патот. 
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СОНЛИВОСТ НА ВОЗАЧОТ
Предупредувањето за сонливост на возачот 1 ги анализира шемите на возење за да провери дали има знаци дека возачот подлегнува на замор. Низата предупредувања го советуваат возачот да преземе нешто 
1По 2 часа возење со брзина над 65 km/час, предупредувачки звук го известува возачот. Истовремено, системот пресметува ниво на одвлекување на вниманието врз основа на шемите на возење, како што е способноста на возачот да остане во лента. Во случај да се открие опасно однесување при возењето, серија на повеќе гласни аудиосигнали е дизајнирана за да го извести возачот да реагира. Нивото на одвлекување на вниманието се намалува по десет минути безбедно возење. Пресметувањето ќе прекине кога брзината на возилото ќе падне под 65 km/час.
СЕНЗОРИ ЗА СТРАНИЧНИТЕ ДЕЛОВИ НА ВОЗИЛОТО

Сензорите за страничните делови на возилото1 вклучуваат 12 сензори да предупредат за пречки кои можеби не се видливи при вртење на свиоци со ниски брзини, преку визуелни и аудиосигнали на инфозабавниот екран.

 

1Oпционално

 

ПОВРЗАНОСТ.

ИНФОЗАБАВА
Напредниот систем Multimedia Navi Pro1 е целосно компатибилен со Apple CarPlay2 и Android Auto2, овозможувајќи да поврзете два паметни телефони во исто време со 8-инчниот екран на допир3

Apple CarPlay и Android Auto им овозможуваат на корисниците полесно да пристапат до корисни апликации и функции на паметните телефони додека возат:

 

  • Користење на телефонот како сателитска навигација преку Maps
  • Пуштање на омилените плејлисти со Spotify
  • Испраќање и примање пораки преку WhatsApp и Skype

 

До овие функции лесно може да се пристапи преку гласовната контрола за да се држат на рацете на управувачот и очите на патот.

 

1Опционално

2Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од видот на уредот и верзијата на оперативниот систем. Apple CarPlay е трговска марка на Apple Inc., регистрирана во САД и во други земји. Android е трговска марка на Google Inc.

3Стандардна опрема со Dynamic, опционална со Selection и Enjoy.

НАВИГАЦИЈА

Multimedia Navi Pro1 со напредна гласовна контрола и целосна навигација ве носи каде што одите, без стрес. Едноставно одберете ја вашата дестинација и дозволете мапата за сателитска навигација да ви ја покаже маршрутата.

 

1Oпционално

 
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Системот за безжично полнење1 на Combo Cargo ви овозможува да го полните вашиот мобилен телефон во движење, во секое време, без да имате потреба од кабли.

 

1Oпционално

 
УСЛУГИ OPELCONNECT1
Паметен опсег на услуги кои обезбедуваат нов степен на безбедност и поддршка ви помага да останете поврзани на патот. 
  • Мир на душа: повик во итен случај, повик при дефект и стату и информации за возилото. 
  • Практичност: Далечински функции за заклучување на вратите, сирената и светлата.
  • Паметно возење: Уживајте во опуштено возење благодарение на навигацијата во живо и управувањето со патувањата и возењето. 

 

 

1Достапноста на услугите OpelConnect се разликува од земја до земја и возило до возило. За услугите може да е потребно претплата/надомест и подлежат на покриеноста и достапноста на мобилната мрежа

ЗАБАВНИ ФАКТИ.

ДОДАТНА ОПРЕМА OPEL+

Ги задоволува сите ваши потреби.

Изразете се со оригиналната додатна опрема Opel+ и искористете го максимумот од вашиот Combo Cargo. Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.

 

Сликата може да се разликува од производот на продажба.

Гумени патосници
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Кровна конструкција
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Заштитна решетка на прозорецот
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Квалитетни подови
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ

СЛЕДНИ ЧЕКОРИ.